
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денес во Битола се потврдени 4 нови случаи на COVID-19. Лицата се на возраст од 54 до 65 години; едно од нив дава податок за контакт со позитивно лице);
-Во бројот на пријавени нови случаи во Битола припаѓа и едно лице кое работи како негователка во детска градинка. По спроведеното епидемиолошко истражување, за 5 деца од градинката, 3 воспитувачки и 2 негователки е даден предлог до ДСЗИ за ставање под здравствен надзор и домашна изолација во траење од 14 дена од контактот со позитивното лице, информираат од Центар за јавно здравје- Битола.
Околу 1500 жители или 244 објекти во неурбанизираната ромска населба Горен Баир во Битола се со повремен доток на вода, а 500 жители или 88 објекти без вода, покажа истражувањето спроведено во рамки на прокетот „А бе го сакам Баиро чист“ на Регионалното географско друштво „Геосфера“ од Битола во соработка со Центар за еколошка демократија Флорозон и Националната коалиција за животна средина. Добиените податоци беа презентирани денес на тркалезна маса на која учествуваа невладини организации кои се занимаваат со оваа проблематика и јавни претпријатија од градот со цел изнаоѓање на соодветни решенија.
Патот низ планинскиот превој Плетвар, најпроблематичниот дел од сообраќајната врска меѓу Битола и Скопје, засега нема да биде дел од автопатското решение, туку ќе се прошири со трета лента. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој денес изврши увид врз реконструкцијата на улицата „Партизанска“ во Битола, запрашан кога битолчани ќе добијат автопат за Скопје рече дека се работи проектна задача за автопат од Битола до Прилеп, за двете делници од Прилеп до Градско распишан е тендер и се водат преговори за други фирма оти со претходните изведувачи имаше доста проблеми, а Плетвар останува да се прошири со трета лента.
Четворица новозаболени и тројца оздравени од Ковид-19 денеска во Битола.
Во последните 24 часа се направени 1542 тестирања, а регистрирани се 142 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 37
-Куманово 18
-Дебар 1
-Штип 3
-Прилеп 8
-Тетово 13
-Струга 3
-Битола 4
-Гостивар 9
-Струмица 4
-Крива Паланка 8
-Радовиш 1
-Крушево 1
-Кочани 5
-Пробиштип 3
-Македонски Брод 2
-Пехчево 4
-Берово 2
-Валандово 1
-Виница 3
-Делчево 7
-Кратово 1
-Кичево 2
-Ресен 2
Починати се 5 лица, пациент од Гостивар (69г), од Прилеп (84г), од Охрид (84г), од Македонски Брод (46г) и пациент од Штип (58г).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 98 оздравен пациент од:
-Скопје 20
-Куманово 10
-Штип 10
-Прилеп 4
-Тетово 3
-Струга 11
-Велес 4
-Битола 3
-Охрид 2
-Кавадарци 4
-Гостивар 6
-Гевгелија 1
-Струмица 1
-Кочани 1
-Пехчево 2
-Берово 3
-Виница 1
-Делчево 4
-Свети Николе 3
-Кичево 5
Досега во земјата се направени вкупно 163.132 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15555, бројката на оздравени пациенти е 12994, на починати е 642, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1919.