
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Додека деновиве се појасно станува дека Бугарија ни застана на патот кон евроинтеграциите, пред Бугарскиот конзулат во Битола сликата не се менува. Секое претпладне во работните денови редици млади луѓе чекаат пред конзулатот со документи во рацете, во најголем дел за да извадат бугарски пасоши.
На 82 години денес почина академик Георги Здравев од Битола, долгогодишен професор по музичко образование на Педагошкиот факултет, диригент и автор на многу книги од областа на музиката.Музичка академија заврши во Сараево, Босна и Херцеговина, беше прв магистер и доктор на науки на Факултетот за учители во Битола, каде беше редовен професор до своето пензионирање. Диригент и организатор на повеќе опери и концерти со голем број на познати солисти и оркестри во земјава и странство. Ја изведе првата битолска опера „Орфеј“ во Хераклеја Линкестис Беше автор на повеќе учебници за средно и високо образование и повеќе книги од областа на музиката. Беше академик на Академијата „Платон“ во Бугарија. Добитник на голем број благодарници, признанија и награди, меѓу кои и онаа за животно дело 4-ти Ноември. Погребот на Здравев е денес на Светонеделските гробишта.
Лични искуства за текот на болеста и низ што минуваат заразените од КОВИД-19 споделуваат битолчанки на групи на социјалните мрежи.
Фасада од зграда спроти трговскиот центар Јавор е украсена со цртежи на кои се истакнува убавината на Битола: Градскиот часовник, црквите, џамиите, Хераклеја, Центарот за култура. Вистинско разубавување на фасадите од зградите за разлика од досегашните навики да се испишуваат пароли со политички пораки и различни симболи.
Во Битола денес се регистрирани 50 новозаболени, 19 оздравени и 2 починати од КОВИД-19. Во Регионалниот КОВИД центар во Клиничка болница- Битолa хоспитализирани се 80 пациенти. Активни се 573 случаи
Вкупниот број на заболени во Битола од почетокот на кризата до 8 ноември изнесува 1054, а на починати 34. За една недела од 2 до 8 ноември се заразиле 343 битолчани, а во последните две недели 639, се наведува во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје. Во овој период во Битола се регистрирани 518 активни случаи, а починале 11 лица
Одлуката на Владата за забрана за собирања во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или било каде на отворен простор во текот на целиот ден, цела седмица, која ја донесе на 18-тата седница, има точно дефинирани исклучоци и не се однесува и не важи: