2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Денеска во Битола се регистрирани 34 новозаболени и еден починат како последици од коронавирусот на возраст од 73 години. Бројот на активни слуачи е 273, а во болницата во Битола се хоспитализирани 53 пациент позитивен и суспектен на КОВИД-19.

Во последните 24 часа се направени 3.450 тестирања, а регистрирани се 947 нови случаи на ковид-19 во:

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што денеска се случи на патот Ресен-Битола.

Започна реконструкцијата на улицата „Рузвелтова“, која иако е сместена во срцето на градот, претставуваше горлив проблем, особено во дождливите денови, кога практично по неа не можеше да се помине.

„Улицата ќе биде целосно реконструирана, ќе биде променета канализационата мрежа, на која ќе работат екипите на КЈП „Нискоградба“, па промена на водоводните приклучоци од страна на екипите на ЈКП „Водовод“, како и приватни субјекти за коловоз и улично освсетлување. Ќе се врши замена на надземните водови со подземни бидејќи една од тенденциите е каблите кои ги гледаме во централното градско јадро да бидат сместени под земја. Потоа, следува целосна реконструкција на коловозот и тоа со стари гранитни плочки кои треба да се вклопат во изгледот на старото градско јадро , односно со Широк Сокак. Паралелно со реконструктивните зафати и новото улично осветлување и хортикултурно уредување“, изјави градоначалничката Наташа Петровска. 

Вредноста на овој проект изнесува околу 6.000.000 денари.

 

„Поради пандемијата не бевме во можност да одиме во Битола и да маршираме заедно за депортираните Евреи. Сепак, се обидуваме да најдеме други работи за да ја загарантираме меморијата. Градовите Битола и Кирјат Оно во иднина ќе бидат што би се рекло, близнаци градови- пратнери, се надевам дека двајцата градоначалници в година ќе бидат на маршот во Битола“, рече израелскиот амбасадор Дан Ориан за време на денешната интернет врска со Битола додека се одбележуваше 78 годишнината од Холокаустот на битолските Евреи. .

Градоначалникот на Кирјат Оно, Израел Гал за да се зацврсти соработката меѓу двата града, а штом помине пандемијата, најави посета на битолски студенти, бизнисмени, професори.

„Ние со денешното засадување на дрвца, засадуваме надеж, за да ги засилиме врските на нациите и спомните за цела заедница. Денес креираме пријателство. По пандемијата со ковид-19 кога ќе бидеме во можност да патуваме и да се сретнеме, ќе организираме во нашиот град да доаѓаат студенти од Битола, ученици, младина и биснимени , едукатори“, рече градоначалниот Гал.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани