
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На денешен ден, 5 март 2006, во Битола почина Вангел Нечевски-Тунелот, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.
Изложба на рачно изработени модни додатоци организираа ученицте од текстилната насока на СОУ Таки Даскало по повод 8 Март- Денот на жената. Како дел од наставната програма и активности во училиштето по слободен избор на ученикот, учениците од текстилната насока изработија ташни, новчаници, футроли за мобилни телефони, брошеви, ланчиња, со примена на различни текстилни материјали и техники на изработка.
Министерот за правда Бојан Маричиќ, во присуство на претставниците на УПОЗ и Независниот синдикат на судска полиција, го потпиша правилникот за зголемување на платите на судската полиција. Со ова се решава долгогодишниот проблем на овие службеници кои бараа зголемување на платите. Потпишувањето на правилникот е резултат на повеќе месечните преговори.
Денес се одбележува Светскиот ден на енергетска ефикасност, а по тој повод Општина Битола презентираше дел од проектите во кои е имплментирана енергетската ефикасност
Во Битола денес има 9 новозаболени, а активни се 188 случаи. Во битолската Болница се хоспитализирани 25 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19
Општина Новаци се приклучи во одбележувањето на Светскиот ден на енергетската ефикасност востановен на 5-ти март , во чест на првиот состанок на светските експерти од оваа област одржан во Австрија во 1998 година.
