2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Денес евидентирани се нови 25 случаи со коронавирус во Битола или за два дена нови 50 лица позитивни на оваа болест. Во градот има 209 битолчани кај кои болеста е во тек  

Во последните 24 часа се направени 3.312 тестирања, а регистрирани се 807 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 359
-Куманово и Охрид по 38
-Кавадарци, Струмица и Неготино по 36
-Гевгелија 35
-Тетово и Прилеп по 34
-Гостивар 29
-Битола 25
-Велес 24
-Крива Паланка 12
-Кочани и Крушево по 11
-Ресен 6
-Струга, Кичево и Валандово по 5
-Пробиштип и Богданци по 4
-Штип, Дебар, Берово и Демир Хисар по 3
-Делчево и Радовиш по 2
-Свети Николе, Виница, Кратово и Демир Капија по 1
Починати се 5 лица, по 4 пациенти од Скопје (80г,74г,68г,65г) и 1 пациент од Штип (81г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Регистрирани се 314 оздравени пациенти од:
-Скопје 135
-Кавадарци 61
-Прилеп 41
-Неготино 16
-Куманово 12
-Тетово 11
-Велес 7
-Гостивар и Кратово по 5
-Штип и Битола по 4
-Гевгелија 3
-Ресен и Пробиштип по 2
-Охрид, Кочани, Радовиш, Берово, Виница и Крушево по 1
Досега во земјата се направени вкупно 530.182 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 104.548, бројката на оздравени пациенти е 92.189, на починати е 3.156, а бројот на активни случаи изнесува 9.203.

Министерството за здравство ја информира јавноста дека Комисијата за заразни билести ќе предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лица кои доаѓаат од сите африкански земји. До овој момент во земјава се уште не е детектирано присуство на јужноафриканскиот сој на вирусот.

Во текот на утрешниот ден, МАНУ ќе изврши анализа на бирсеви на двајца пацинети ковид позитивни кои се кои се вратиле од патување од Занзибар. Пацинетите се хоспитализирани веднаш откако ги пројавиле првите симптоми на вирусот СарсКОв2.

Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести согласно актуелната епидемиолошка слика и анализите на Институтот за јавно здравје, не ја исклучуваат можноста да се донесат препораки за нови мерки со цел спречување на понатамошно ширење на КОВИД-19 вирусот. Од Министерството апелираат до граѓаните задолжително да ги почитуваат здравствените мерки и протоколи, како носење маска, одржување хигиена на раце и држење дистанца. 

На денешен ден, 3 март 1920 година, во селото Лавци, Битолско, роден е Пецо Гудовски.

Денес, по повод Светскиот ден за борба против дискриминација, уште еднаш се потсетуваме на нашата обврска за градење на еднакво, праведно и правично општество. Нашите заложби за нулта дискриминација ги остваруваме преку конкретни законски решенија, изјава пратеничката во Собранието на Република Северна Македонија од редовите на СДСМ Битола - Бисера Костадиновска- Стојчевска.

„Владата предводена од СДСМ направи сериозен исчекор во борбата против дискриминацијата. Го усвоиме Законот за спречување и заштита од дискриминација кој обезбедува сигурност и заштита на правата на граѓаните, а низ транспарентна постапка избрана е и професионална Комисија за спречување и заштита од дискриминација. Со новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација за прв пат како дискриминаторски основи се вклучени сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Владата предводена од СДСМ останува посветена на интересите на сите категории граѓани и продолжуваме да работиме во нивен интерес. Градиме еднакво општество за сите, водени од тоа дека секој има право на достоинствен живот без оглед на возраст, пол, расна и етничка припадност или убедување“, рече Костадиновска-Стојчевска. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани