2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

НУ Народен театар – Битола денеска организира промоција на монографијата „80 години Народен театар Битола“ од проф. д-р Иван Додовски.

За монографијата ќе зборуваат промоторите: проф. д-р Мишел Павловски и проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска. Монографија илустрирано издание што ја бележи историјата на растежот на институционалниот театар на македонски јазик во Битола во периодот од 1944 до 2024 година. Напишана на 310 страници, книгата содржи и прилози за претстави, гостувања, награди, ангажирани режисери, актери, сценографи, костимографи и за сите други творци што оставиле печат во осумдецениското траење на овој театар. Оваа публикација е значајно сведоштво за еден растеж и за достигнување на врвни уметнички вредности што станале неизоставен дел од македонската културна меморија.Рецензенти на ова монографско издание се проф. д-р Сузана Киранџиска и проф. д-р Мишел Павловски, уредници се Билјана Крајчевска и Оливера Павловиќ, лектор Жаклина Атанасова, а во прибирањето на податоците и во подготовката како стручен тим од Народиот театар во Битола учествуваа: Стеванка Вељановска, Билјана Вржовска, Сашо Илковски, Марија Козарова, Билјана Крајчевска, Александар Митровски, Филип Ошавков, Оливера Павловиќ и Владимир Переловски. Дизајнот на монографијата е на Сергеј Светозарев, а ја отпечати Графопром – Битола. Публикацијата содржи богата збирка фотографии од архивот на НТБ.

Иван Додовски е редовен професор по критичка теорија, компаративна литература и културологија на Универзитетот Американ колеџ Скопје. Автор е на четири поетски книги, збирка раскази и на повеќе студии од областа на книжевноста и театарот. За својата истражувачка работа ги добил  наградите „Хејман“ и „Гертрут Кропер“ од Универзитетот во Нотингем, Англија. За книгата Мало фолио за театар (2018) ја добил наградата „4 Ноември“, а за книгата Долгата транзиција на Македонија (2023), приредена заедно со британскиот историчар Роберт Хадсон, а објавена од лондонскиот издавач „Палгрејв Макмилан“, бил одликуван со државната награда за наука „Гоце Делчев“. Како гостин-предавач држел предавања на универзитетите во Мелбурн, Дарби, Глазгов, Нитра, Јена и Будимпешта. Иван Додовски е претседател на Европската мрежа за драма и превод „Еуродрам“ со седиште во Париз.

Почитувани,

 
Ве информираме дека во текот на денешниот ден 29.03.2025 (сабота), поради дефект на водоводната мрежа, со прекинато водоснабдување се корисниците од ул:Романија, Стерјовски Ѓорѓи Џоџа и 4- ти Јули.
 
Прекинот ќе трае до завршување со активностите.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски денес, го посети средното техничко училиште СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ Битола, каде заедно со директорката Жанета Сервини и вработените професори во училиштето разговараа околу инвестициите реализирани во училиштето во последниот период, со цел подобрување на условите за работа и подобрување на опременоста на училиштето. 

 
Главна инвестиција во училиштето во последниот период е проектирањето и изведбата на фотонапонска централа.
Поконкретно, поставени се фотонапонски панели за производство на електрична енергија со инсталиран капацитет од 40kW на кровната површина од постоечкиот објект на училиштето, како и метео станица. Со оваа инвестиција ќе се намалат трошоците и ќе се придонесе за зголемување на енергетската ефикасност и за заштита на животната средина. Покрај централата, обезбеден е и едукативен фотонапонски панел за реализација на наставата по стручни предмети, како и ардуина комплети (Solar tracking learning kits) за спроведување на практични вежби од областа на енергетиката.
 
Дополнително, во соработка со локалната самоуправа и Министерството за образование во последните неколку месеци значително е подобрена опременоста на училиштето со информатичка и видео опрема (компјутери, графички картички, камери, 3D принтер и сл.), како и со набавка на друга стручна опрема (фреквентен регулатор, термовизиска камера, тестер на соларни системи, повеќенаменски тестер на електрични инсталации, принтери). Поставен е и ламинат во наставничката канцеларија. 
 
Во разговорот директорката и наставниците изразија голема благодарност до Општина Битола и до МОН за обезбедените средства за СОТУ „Ѓорѓи Наумов“, со кои ќе се даде значаен придонес  во образовниот процес, и ќе им се овозможи на учениците пристап до квалитетна практична настава. 
„Обезбедената стручна опрема опфаќа и сензори, микроконтролери, шилдови и други електронски компоненти како што се RFID модули, ултразвучни сензори, релејни модули и многу други елементи кои ќе им овозможат на учениците да работат на современи проекти. Преку оваа поддршка, младите техничари ќе можат да стекнат драгоцено знаење и практични вештини, што ќе им помогне во нивниот понатамошен професионален развој. Како резултат на овие инвестиции во образованието на младите се и освоените први места на повеќе национални натпревари. Ваквата инвестиција е од непроценливо значење за иднината на стручното образование, за што сме длабоко благодарни“, истакна директорката на СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ Битола, Жанета Сервини.
 
Градоначалникот Коњановски, нагласи дека општината и во следниот период ќе овозможи поддршка на идните планови и активности, насочени кон создавање подобри можности за училиштето.

ИФТАРСКА ВЕЧЕРА ОРГАНИЗИРАНА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ

 
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, во пресрет на големиот муслимански празник, Рамазан Бајрам, организираше ифтарска вечера.
 
На вечерата, традиционално и оваа година присуствуваа, битолскиот муфтија Амит Расими, пратениците во Собранието на Република Македонија, Силвана Ангелевска, Олга Лозановска и Пеце Милевски, координаторите на советничките групи на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ во Советот на општина Битола, Бојан Бојкоски и Петар Николовски, директорите на јавните претпријатија, како и голем број граѓани, соработници на општина Битола, претставници на невладиниот и бизнис секторот.
 
Градоначалникот Коњановски, ги поздрави присутните, нагласувајќи дека ова се моменти кои ја изразуваат меѓусебната почит и соработка:
 
„Почитувани сограѓани, драги гости,
Чест и задоволство ми е што вечерва сме собрани заедно на овој свечен ифтар, кој нè потсетува на вредностите на заедништвото, солидарноста и меѓусебната почит.
Месецот Рамазан е време на духовно прочистување, добрина и човечност. Тој нè учи на трпение, благодарност и грижа за оние кои имаат потреба од нашата поддршка. Вечерва сме тука, не само да ја споделиме трпезата, туку и да ја зајакнеме врската меѓу нас, без разлика на нашите разлики, затоа што токму единството ја гради силната заедница.
Како градоначалник, останувам посветен на тоа да создадеме општество во кое секој граѓанин се чувствува почитуван, поддржан и вреднуван. Вечери како оваа се потсетник дека преку заеднички напори можеме да изградиме подобро општество за сите нас.
Ви посакувам пријатен ифтар, благословен Рамазан и многу здравје, среќа и благодет во вашите домови“, им посака градоначалникот Коњановски на присутните гости.
 
Оваа година, Рамазанскиот пост започна на 1 ви март и завршува утре. Првиот ден на Рамазан Бајрам се одбележува во недела на 30 март.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани