
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Таравари: Десет пациенти денеска ќе бидат пуштени дома, нема повеќе упатувања во странство
ПРОШИРЕНИ КОНТРОЛИ ВО УЧИЛИШТАТА, ГРАДИНКИТЕ И ИНДИВИДУАЛНИТЕ СТАНБЕНИ ОБЈЕКТИ
Кркардаш е позната локација во северниот дел на Битола во населбата Баир. Според легендата на ова место се случила жестока битка помеѓу локалното население и освојувачката отоманска војска. Имено, отоманската војска во текот на 1382-1383 година во тешки и крвави борби, наспроти силниот отпор на локалното население, успеала да ја освои Битола. Според легендата, жесток отпор пружиле монасите од седумдесетте манастири и цркви што постоеле во тоа време во Битола. Евронос Хаџи Бег, кој бил на чело на отоманската војска револтиран од жестокиот отпор на локалното население, им дал три дена одврзани раце на своите војници да прават што сакаат во новоосвоениот град. Едно место каде што отпорот бил особено жесток, била тврдината која што ја бранеле “четириесетте браќа” (турски – kırk + kardaş). Од почит кон нивната храброст, ова место до ден денес е познато како Кркардаш и во спомен е подигната црквата “Св. 40 Маченици”.
На ова место голем број на битолчани го прославуваат првиот ден од пролетта, кога реки од народ се упатуваат до храмот.
ЗАЕДНИЧКИ ТЕРЕНСКИ АКТИВНОСТИ НА ПРОВЕРКА ВО БИТОЛСКИТЕ УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ
Трски и стрниште попладнево гореа крај реката Црна и внатре каде е обраснато коритото, вдолж атарите на селата Брод и Гнеотино. Пламените јазици брзо се проширија поради ветрот. Сега огнот е изгаснат, потврдува за АПЛА.мк командирот на Противпожарната единица од Битола, Горан Димкоски. Интервенираа тројца пожарникари со едно возило. Фото Гоце Талевски
МУФТИСТВО НА ИВЗ БИТОЛА ИЗРАЗУВА СОЧУСТВО ДО СЕМЕЈСТВАТА НА ЖРТВИТЕ ВО КОЧАНИ
Ве известуваме дека во текот на утрешниот ден 21.03.2025 (петок), поради дефект на водоводната мрежа (челична цевка Ф - 400), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул."Кире Костадиновски", Горно Оризари, Крклино, Кукуречани, Драгожани, Могила, Будаково, Трап, Алинци, Добрушево и Далбеговци
