
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Министерството за здравство, заедно со Хепар Центар-Битола и клиниките за гастроентерохепатологија и инфективни болести, по повод Светскиот ден за борба против хепатитисот, денеска почнуваат заедничка национална кампања за бесплатен и анонимен скрининг за хепатитис Б, хепатитис Ц и ХИВ, како и еластографија за хронични црнодробни заболувања.
По тој повод, од 10 до 13 часот ќе биде поставена мобилна единица на плоштад „Македонија“ во Скопје од каде што почнува бесплатниот и анонимен скрининг за навремено детектирање на болести на црн дроб. Националната кампања ќе се реализира во 10 градови во државата. Целта е подигнување на свесноста за црнодробните болести, како што се црнодробен карцином, замастување на црниот дроб од алкохолна и неалкохолна природа, цироза и ретки болести на црн дроб.
Како што соопшти Министерството за здравство, бесплатен скрининг денеска од 18 до 20:30 ќе се врши во Куманово. На 30 јули во Тетово (10:00–12:30) и во Гостивар (18:00–20:30), на 1 август во Струга (10:00–12:30) и во Охрид (18:00–20:30), на 4 август во Битола (10:00–12:30) и во Прилеп (18:00–20:30) и на 6 август во Штип (10:00–12:30) и во Гевгелија (18:00–20:30).
Со орање на теренот околу селото Меџитлија и фабриката за производство на минерална вода "Пелистерка" спречено е ширењето на пожарот кој денеска, попладне го зафати атарот на селото вдолж границата со Грција, да ги зафати куќите и фабриката. Лирим Мерсими жител на Меџитлија ни изјави дека помогнале со тракторите да го изораат теренот околу селото и фабриката за да не се прошири огнот и да направи катастрофална штета. На терен се пожарникари а им помагаат и мештаните и вработените во "Пелистерка" . Пожарот зафати стрништа и брзо се прошири поради ветрот. Зафати се над 70 хектари површина. А.Б
Водовод Битола соопштува Почитувани,
Пожар избувнал попладнево во близина на граничниот премин Меџитлија на македонско грчката граница и предизика застој при влез и излез од државата, информираат граѓани за Апла. Граѓаните велат дека се во меѓупросторот и чекаат повеќе часа за да влезат во Македонија. Воедно жители од селото Меџитлија бараат питка вода за пиење, по пожарот што го зафати атарот на ова село. Според ЦУК пожарот избил кај прилепското село Бешиште па се проширил на кај Градешница , општина Новаци а сега веќе зафатил и делови од границата со Грција, гори мешана шума . Фото граѓани за Апла.мк. 
