
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од снегот дрво паднало врз автомобил во Битола. Фото Апла.мк
Фото вест - На Градското шеталиште во Битола нова снежна покривка.
Попладнево на патниот правец Охрид – Битола, кај превојот Буково, се случила сообраќајна несреќа поради која моментално патот не е прооден. Формирана е голема колона на возила, а сообраќајот е во застој.
Во сообраќајката учествувале две возила. Нема информација за повредени. Извор 4news
Денес акумулацијата Стрежево располага со повеќе од 51 милион метри кубни вода што претставува приближно половина од вкупниот волумен на акумулацијата.
Изнесени се опасни лаги и манипулации од партиска говорница на една политичка партија, дека „ќе секнат чешмите во Битола“ и сакам јавно да побарам од советничката од СДСМ Мирјана Захариевска Ралевска да им се извини на битолчани и одговорно тврдам дека во ниту еден момент водоснабдувањето на Битола не е и нема да биде доведено во прашање, кажа денеска на прес-конференција Андреј Гинов, директор на ЈКП Водовод Битола.
„Околу „загубата“ на ЈКП Водовод Битола ќе кажам само неколку работи: -вкупните приходи за 2024 година се околу 284 милиони денари, вкупните расходи се околу 346 милиони денари, што продуцира загуба од околу 61 милион денари. Ако се земат предвид само неколку ставки на расходи и приходи ќе се види јасно зошто е тоа така. Вкупен приход од наплата на вода од правни и физички лица е околу 262 милиони денари, а од останатата реализација е околу 22 милиони денари, а додека расходите по само три основи и тоа : електрична енергија околу 43 милиони денари, сирова вода- кон „Стрежево“(заради сушата минатото лето) околу 50 милиони денари и трошоци за плати за вработените 148 милиони денари – што дава вкупен расход кога се додава и ДДВ по само три ставки е повеќе од 280 милиони денари“, рече Гинов. Ова, според него, покажува дека целокупниот приход при висока наплата на сметки од околу 95% е близу вкупниот расход за само овие три ставки.
„Само за илустрација би кажал уште две споредби и тоа: во 2021 година во ЈКП Водовод имаше вкупно 227 вработени и трошокот за плата изнесуваше околу 107 милиони денари, а сега во 2024 год. има вкупно 205 вработени (22 вработени помалку) а трошокот за плати изнесува околу 148 милиони денари што е за 41 милион денари повеќе при значително помал број на вработени.
Во текот на 2021 година „Водовод“ влезе во непотребна инвестиција за „нова управна зграда“ за која што се потрошени повеќе од 60 милиони денари колку што изнесува сегашната загуба на ЈКП Водовод Битола“, истакна Гинов.
Денес, во организација на прифатилиштето „Хачико“ од Битола, беше одбележан Светскиот ден на бездомните животни со топол и полн со љубов настан. Под ведро небо и во весела атмосфера, се собраа голем број активисти, волонтери и љубители на животните заедно со насмеани ученици и средношколци.
Битолскиот Музеј блеска со реконструираната фасада! Фото Апла.мк
