2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Прво место освои Економското училиште "Јане Сандански" на натпреварот од областа - циркуларна економија, организиран од страна на Економскиот факултет во Прилеп.

 -Нашиот тим составен од учениците: Изабела Шишковска, 
Бојан Нацов, 
Андреа Трајковска и 
Андреа Наумовска, 
под менторство на професорката Соња Карапашовска, 
беа најдобриот тим од вкупно 17 тимови кои учествуваа на натпреварот, велат од Економското училиште во Битола.
 
Натправарот го  оценуваше жири комисија составена од претставници на бизнис заедницата, Орде Ѓорѓиоски, директор на правен сектор Vitaminka, Христијан Божиноски, менаџер за продажба Comfy Angel и Александар Матески, директор на сектор за правни и корпоративни работи Прилепска пиварница / Prilep Brewery и претседател на Надзорен одбор Пакомак.
 
 

„ПЕЛИСТЕР СИМБОЛ НА ОБЕДИНУВАЊЕ“ – ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АКТИВНОСТИТЕ И СТУДИЈАТА ЗА РАЗВОЈ НА НП ПЕЛИСТЕР

 
Во салата на Советот на општина Битола, се одржа средба на Советот на засегнатите страни, во организација на Националниот Парк Пелистер, на која присуствуваа градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, директорот на НП Пелистер Иванчо Тошевски и претставници од оваа јавна установа, професори од Факултетот за туризам, советници во Советот на општина Битола и останати присутни, љубители на Пелистер.  На средбата, беше промовирана и Студија за развој на летниот и зимскиот туризам на Пелистер, финансирана од општина Битола со одлука на Советот на општината, согласно Програмата за туризам.  
 
Градоначалникот Тони Коњановски истакна дека еко-туризмот може да биде еден од важните локални економски двигатели за регионот. 
 
„Потенцијалите кои што ги има Пелистер се огромни, добро познати на сите, но, сите ќе се сложиме дека се недоволно искористени. Она што го нуди оваа студија, треба да придонесе прво да ги согледаме потенцијалите кои што ги имаме, но и она што не сме свесни дека постои. Да ги сублимираме европските искуства во овој дел на развојот на туризмот и да направиме една сеопфатна студија, која ќе ги укаже потенцијалите имајќи го во предвид еколошкиот пристап во делот на развојот на туризмот, развојот на заедницата, локалниот економски развој, а еден од двигателите за локалниот економски развој се потенцијалите кои ги нуди туризмот. Сите заедно треба да направиме нешто за целиот регион, бидејќи Пелистер не е само на Битола, туку и на целиот регион“, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски. 
 
Директорот на НП Пелистер Иванчо Тошевски, пред присутните ги истакна предизвиците со кои се соочува НП Пелистер во овој период, плановите за работа во 2025 година и целосното воспоставување на систем на планински патеки. Пред присутните беа презентирани новата веб страница и новото брендирање (лого) на Националниот парк Пелистер.  
 
Еден од изработувачите на студијата, проф. д-р Сашо Коруновки, посочи дека вредностите на Пелистер треба да се користат, но не да се искористат, туку да се зачуваат и за идните генерации. Студијата користи инклузивен пристап и пред се има за цел да овозможи успешен туризам не само на Пелистер, туку и на Битола. За развој на туризмот е потребна одржлива инфраструктура и добра продажба, односно добро понудени потенцијали на туристите, истакна Коруновски.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА ОУРЦ „КОЧО РАЦИН“

 
Основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“ од Битола, со повеќе активности го одбележа својот патрон празник. Денес, во Центарот за култура во изведба на учениците и тимот од училиштето се одржа пригодна програма и чествување на традицијата и вредностите во чест на Коста Апостолов Солев Рацин.
 
Организаторите и учесниците на настанот уште еднаш покажувајќи ги своите креативност и ентузијазам докажаа дека секое дете заслужува можности за вклучување, поддршка и љубов, а попреченоста не е пречка за заеднички успеси. 
 
На денешниот настан, присуствуваше и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој нагласи дека, успешноста на ваквите случувања е потврда на заложбата за постигнување заедништво и напредок, преку инклузивност, вреднување на посветеноста и мотивирање на младите за нови резултати.
 
На градоначалникот Коњановски, му беше доделена благодарница од училиштето за искажаната љубов, емпатија и заложба во создавањето инклузивна средина во која децата со попречност можат да ги развијат своите потенцијали и да бидат рамноправен дел од задницата.

 

Денес заедно со млади луѓе, експерти, претставници од институции и локалната заедница, го одбележавме Интернационалниот ден на Ромите со значаен настан посветен на менталното здравје и превенцијата на зависности, како дел од нашиот проект „Театарска претстава за здрави одлуки – превенција на зависности“.
 
Проектот е финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност, преку програмата Европски солидарен корпус на Европската Унија.
 
? Настанот започна со инспиративно обраќање на м-р Фатма Бајрам Аземовска, потсетувајќи не дека секој млад човек заслужува поддршка и средина во која ќе може да расте без страв.
 
Погледнавме емотивни видеа кои ја отворија темата за булинг и ментално здравје.
Во панел-дискусијата со психолозите Марина Кузмановска, Наташа Бекирова и педагогот Елизабета Талевска, под модераторство на Елена Ѓоргиевска Костадиновиќ, се разговараше за тоа како да изградиме здрава и поддржувачка средина за младите. Со потпишување на изјава за поддршка со Општина Битола, училишта и невладини организации, направивме симболичен и суштински чекор кон конкретна заедничка акција.
Ја најавивме едногодишната кампања „Здрава заедница е силна заедница“, со која ќе продолжиме да работиме на подигање на свеста и превенција од ризично однесување.
 
Благодарност до сите што беа дел од овој важен ден!
Продолжуваме заедно – за посилни млади и посилна заедница! 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани