2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

На 19.04.2025 во 01.20 часот во Ресен на ул.„29 ти Ноември" полициски службеници од ОВР Ресен ги лишиле од слобода Е.Р.(32) и Р.Р.(31), двајцата од Ресен. Имено, при преглед кај истите била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следуваат соодветни пријави

Три лица, едно од Битола и две од Гостивар, го загубија животот во тешката сообраќајна несреќа што вчера вечерта се случи на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај местото викано „Сеферов бунар“.

Според соопштението од СВР – Охрид, во несреќата учествувале три патнички моторни возила и тоа „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки управувано од З.Д.(64) од Битола, „форд“ со кичевски регистарски ознаки управуван од А.Р.(63) од село Горно Страгомиште, кичевско и патничко возило „опел“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Х.Е.(38) од Гостивар.

На лице место загинале возачите З.Д. и Х.Е., а сопатничката од патничкото возило „опел“ Б.Е.(38) од Гостивар, била пренесена во Медицинскиот центар Кичево каде им подлегнала на повредите здобиени во незгодата.

Во несреќата со телесни повреди се здобиле уште и возачот на кичевскиот „форд“ А.Р. и неговата сопатничка А.А.(67) од село Колари, сопатникот од возилото „мерцедес“ Д.С.(37) од Кичево и сопатниците од патничкото возило „опел“- тројца малолетници од Гостивар и Р.Е.(60) од селото Шутово, кичевско.

На местото на несреќата е извршен увид од јавен обвинител, судски сообраќаен вештак и полициски екипи.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој денеска беше во работна посета на Охрид, пред медиумите истакна дека првичните информации во врска со несреќата укажуваат дека причина за сударот е неприлагодена брзина на движење на возилата на патот.

– Во синоќешната сообраќајка, за жал, животот го загубија три лица. Согласно првичните информации што ги добив станува збор за емормно неприлагодена брзина на еден од учесниците кој, за жал, е починат, рече Тошковски.  

Бројот сообраќајни жртви во првото тримесечје од годинава, според министерот, е отприлика сличен како минатата година, но како што оценува, бројките се катастрофални споредбено со европските стандарди.

Почитувани, саниран е сериозен дефект кој бешe предизвикан од СТЕНТОН ГРАДБА при претходно изведување на линиска инфаструктура на ул.Стив Наумов.

 
Денес иако се празнични денови дефектите во водоводната мрежа не го одминаа нашиот град.
 
Дежурни екипи од ЈКП Водовод неуморно преземаа активности на неколку локации во градот.
 
Уште еднаш, се извинуваме на граѓаните за прекинот кој не беше по наша вина.
 
ЈКП Водовод продолжува посветено да работи за граѓаните да имаат стабилно водоснабдување.

Почитувани,

 
Ве известуваме дека  
 денес на 18.04.2025 (петок), поради санација  на дефект во водоводната мрежа, со прекинато водоснабдување од градот ќе бидат следните корисници:
 Oд населба Баир (од над Илинденска до Христијан Карпош,) Охридска, Сава Ковачевиќ и ул.Широка .
Со намален притисок ќе биде Стрежевска населба 
Прекинот ќе трае од  08:30ч. до завршување со активностите.
Овластен изведувач од Општина Битола е градежната фирма СТЕНТОН ГРАДБА.

На 15.04.2025 во 10.30 часот во СВР Битола, 64-годишник од Битола пријавил дека во периодот од 15.09.2024 до пријавувањето бил измамен од М.Л.(41) од Битола за сума од 22.500 евра. Според пријавеното, М.Л. се претставила дека е вработена во МВР и тој во повеќе наврати и исплатил вкупно 27.000 евра за да му помогне со вработување на неговиот син, да му помогне при купување на стан во Скопје, како и за други услуги и за трошоци за адвокати и нотари. Како што е пријавено, бидејќи ниту една од услугите не била завршена тој почнал да си ги бара парите и му била вратени 4.500 евра, а останал оштетен за 22.500 евра. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

ПРОЕКТОТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦА „СТИВ НАУМОВ“ ВО ЗАВРШНА ФАЗА

 
Работните активности за реконструкција на улицата „Стив Наумов“, влегуваат во завршна фаза. Во моментот се работи на последната делница, а реконструкцијата на улицата се одвиваше во должина од 2200 метри, за што Општина Битола инвестира 51.218.181 денари.
 
При увидот на терен од страна на градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, жителите од оваа улица потенцираа дека со комплетната реконструкција се решава еден голем проблем, особено со замената на старите дотраени водоводни цевки и подобрувањето на патната инфраструктура.
Градоначалникот Коњановски, нагласи дека локалната самоуправа, на овој начин, преку реализација на крупни инфраструктурни проекти, продолжува да работи во интерес на своите граѓани:
 
„Со посветена работа и јасна визија ја подобруваме целата инфраструктура. Ја реконструираме улицата „Стив Наумов“ во должина од над 2 километри. Нова водоводна мрежа, канализациона мрежа, нов коловоз.
Ова не е само асфалт – ова е инфраструктура што носи квалитет, безбедност и сигурност во секојдневието.
Работите се во завршна фаза – финалната делница е во тек. Целосно нова улица за потребите на нашите граѓани.
Денес градиме подобра утре, затоа што секој метар е чекор напред. 
Заедно, со меѓусебна поддршка и соработка ги создаваме промените“, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски при посетата на градежните активности.

ООУ "Даме Груев" Битола одржа  работилница  со учениците од германската секција која беше во симболот на најголемиот христијански празник Велигден. 

Велигден е празник на воскресението, радоста и новиот почеток. Тоа е време кога се бојадисуваат јајца, се собираат семејствата, се честита со зборовите ,,Христос Воскресе'' и се споделуваат моменти на љубов и надеж.
Токму затоа е и овој настан, за споделување на радоста и желбата за подобро утре. Барем во овие 60 минути децата да заборават на се друго и да се препуштат на креативноста и радоста, а со тоа да изработат најдобар украс преку кој ќе ги изразат своите чувства и честитки за овој празник.
Огромна благодарност на нашите спонзори
кои се погрижија сите наши учесници да добијат мало внимание, но и победниците прекрасни награди.
Мала група од 3-5 одд
1 место -ОУ,,Д-р. Трифун Пановски"
2 место- ОУ,,Даме Груев"
3 место- ОУ,, Коле Канински"
Голема група од 6-9 одд
Специјална награда -ОУ ,,Коле Канински"
1 место - ОУ ,,Гоце Делчев''
2 место- ОУ ,,Св. Кирил и Методиј"
3 место-ОУ ,,Стив Наумов"
 
Им благодариме на сите училишта и учесници за учеството. Frohe Ostern

ДЕМАНТ НА ИЗНЕСЕНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА СФЕРА ИНТЕРНЕШНАЛ

Во однос на објавеното соопштение на веб-страницата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на 14.04.2025 година, организацијата СФЕРА Интернешнал – Битола ги демантира наодите околу злоупотреба на европски фондови.
СФЕРА Интернешнал е реномирана граѓанска организација со повеќе од 16 години активно искуство во спроведување на младински, еколошки и образовни проекти на локално, национално и европско ниво. Во своето досегашно работење, СФЕРА има реализирано над 100 интернационални проекти без никакви прекршувања на процедурите, со финансиска и програмска отчетност. Организацијата има соработувано со голем број донатори, вклучувајќи ги Европската Унија, странски амбасади, локални самоуправи, фондации и интернационални мрежи.
Преку нејзините активности, СФЕРА има опслужено над 5.000 млади од Македонија, поддржано преку 300 странски волонтери и обезбедила можности за развој, мобилност и активизам кај младите од сите заедници. Целата своја работа ја извршува транспарентно, отчетно и во согласност со највисоките етички и професионални стандарди.
Во духот на почитување на правната држава и процесот на проверка, СФЕРА Интернешнал нема да изнесува дополнителни информации во јавноста сѐ додека не се расчисти случајот и не се добијат официјални заклучоци од надлежните институции. Очекуваме транспарентна и правично спроведена постапка и сме целосно отворени за соработка со сите релевантни органи.
Ги повикуваме медиумите и јавноста да се воздржат од ширење на непотврдени информации кои можат да нанесат штета на угледот на една сериозна организација која долги години работи исклучиво во интерес на младите и општествениот развој.
Со почит,
СФЕРА Интернешнал – Битола

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани