2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

ООУ ,,Елпида Караманди" - Битола, го прослави својот Патронен празник и 45 години постоење.

Поздравен говор на в.д Директорка Емилија Николовска Спировски:
Почитуван Градоначалник, почитуван претседател на Сојузот на борци и членови на претседателство, почитувани наши колеги-пензионери, колеги, родители, наставници,
Добродојдовте на одбележувањето на патронатот на нашето училиште Елпида Караманди. Денес сме овде за да ја одбележиме не само историјата на нашето училиште, туку и споменот на жената чие име со гордост го носиме - Елпида Караманди. 
Елпида беше симбол на храброст, достоинство и пожртвуваност. Нејзината борба за слобода и правда ни покажува дека вистинските вредности не познаваат возраст, пол или време. Таа, ни остави завет да бидеме храбри, да веруваме во иднината, и да се бориме за вистината.
Денес низ делата  на нашите  ученици, низ трудот на наставниците и поддршката на родителите се гледа духот на Елпида.
Нашето училиште е место каде што се градат знаења, но и карактери. Место каде што секое дете има можност да расте, да сонува и да се остварува.
Нека овој ден не биде само формалност, туку  вистинска инспирација да продолжиме со уште поголема посветеност, соработка, и љубов кон знаењето.
Во име на целото училиште, Ви благодарам што сте дел од ова семејство. Нека ни е честит патронатот и нека свети делото на Елпида  Караманди во срцата на сите идни генерации. 
 

ОБЈАВЕН ЈАВЕН ПОВИК ЗА НАДОМЕСТУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ТРОШОЦИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ НА ПОДРАЧЈЕТОНА ОПШТИНА БИТОЛА ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ ЗА 2025 ГОДИНА

Општина Битола, со цел да ги стимулира граѓаните за користење на обновливи извори на енергија за затоплување на домаќинствата, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени, ќе им обезбеди поврат на дел од потрошените финансиски средства за инвертер клима уреди набавени во периодот од денот на објавувањето на овој Јавен повик.

Средствата што ќе ги надоместува Oпштина Битола се во вредност од 50% од вкупната цена на чинење на уредот но не повеќе од 25.000,00 денари.

Јавниот повик е објавен на веб страната на Општина Битола и истиот ќе се спроведи електронски преку следниот линк www.subvencii-bitola.com

Услов за учество на Јавниот повик е барателот и членовите на неговото потесно семејство со иста адреса на живеење по лична карта да немаат искористено субвенција за набавка на инвертер клима уреди од претходни јавни повици спроведени од Општина Битола во последните 5 години.

Право на учество на овој Јавен повик имаат сите заинтересирани физички лица - жители на Општина Битола кои имаат набавено инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата од 23.04.2025 година до 29.04.2025 година и кои ги исполнуваат условите дадени во јавниот повик.

Електронското аплицирање започнува од 30.04.2025 година од 08:00 часот до 06.05.2025 година 15:30 часот. На јавниот повик немаат право на учество сопствениците на станбени објекти кои се се’ уште во фаза на изградба.

Бројот на добитници е ограничен до висина на  определениот износ од Програмата за животна средина на Општина Битола за 2025 година од 3.000.000,00 (три милиони) денари вклучувајќи го и персоналниот данок на личен доход од 11,111%.

Повеќе информации за повикот и потребната документација, достапни се на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/klimi-2025/.

Дополнително, ќе биде објавено и видео упатство за поедноставување на процесот на аплицирање на граѓаните.

Известување

 
 Во текот на утрешниот ден 24.04.2025 ( четврток), поради изведба на реконструкција на приклучоци, од страна на градежната фирма "СТЕНТОН ГРАДБА", ќе има прекин во водоснабдувањето.
 
Со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул.Стив Наумов (потег од ул.Охридска до  Булевар 1 Мај).
 
Прекинот ќе трае од 08:00 до 17:00 часот.

GLAM AFFAIR во Утопија: Битола ја слави уметноста на стилот. 

 
На Велигденската пролет, каде што секој нов почеток носи посебна светлина, Битола испиша уште една стилска приказна.
 
Под насловот GLAM AFFAIR, Утопија беше локација на вечер каде што модата не беше само избор на облека – туку форма на уметничко изразување.
 
Три препознатливи брендови ја креираа атмосферата на вечерта:
– A Court со своите рачно изработени шапки и фасцинатори што зборуваат за сила и елеганција.
– Suits со кроеви што ја следат и слават женската силуета.
– Adams Art со уметнички дела што го бришат просторот помеѓу сликарството и животот.
 
  "GLAM AFFAIR" понуди искуство што надминува трендови и сезони, 
вистински моден момент каде што стилот не служеше за да се покаже, туку за да се раскаже.
Без правила, без наметнатост – само вистински став, облечен во најдобрата верзија на себе.
 
„Веруваме дека стилот е уметност што секојдневно ја носиме со себе. GLAM AFFAIR беше наша мала ода на сите тие тивки, елегантни приказни што се читаат со едноставен поглед“, изјавија организаторките на вечерта.
 
Битола уште еднаш потврди дека знае да го живее стилот – тивко, самоуверено и со многу вкус.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани