
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, вечерва присуствуваше на прославата на 30 години од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Соединетите Американски Држави и Македонија, која ја организираше Амбасадата на САД. Коњановски објави зеадничка фотографија со американската амбасадорка Ангела Агелер. На прославата присуствувале и претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, како и повеќе владини министри, градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и функционери.
ВРЕМЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ В НЕДЕЛА ВО БИТОЛА, ЗА ТРКАТА ТРЧАЈ БЕ НА 14 СЕПТЕМВРИ 2025
Актуелниот советник Горан Велевски ќе ја предводи советничката листа на Левица во Битола.

ОДБЕЛЕЖАНА 83 ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА НАРОДНИОТ ХЕРОЈ СТИВ НАУМОВ
Пожарот ја уништи внатрешноста на старата градска куќа во центарот на Битола кај Стара Болница. Огнот избувнал нешто пред 11 часот денеска и за брзо е локализиран од битолските пожарникари. Спречено е пламените јазици да се прошират на соседните куќи. противпожаната територијална единица од Битола интервенираше со две возила и 7 пожарникари.




ЛДП Битола на претстојните локални избори во Битола ќе настапи самостојно со советничка листа. Од партијата објавија дека ќе настапат со чист образ, со чиста совест и со крената глава и ќе ја бараат добербата од битолчани. Димитар Кузмановски, претседател на ОО на ЛДП и Ана Талевска Јолевска ќе ја предводат советничката листа за Битола. 

Српската Алта Банка и официјално може да настапи со понуда за купување на Стопанска банка Битола, по цена за акција од 3.777 денари откако доби дозвола од Комисијата за хартии од вредност.
„Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 65-тата седница со која претседаваше Претседателката на КХВ М-р Бујаре Абази донесе Решение со кое на “АЛТА БАНКА” АД Белград, Р. Србија и се издава дозвола за давање понуда за преземање на “Стопанска банка” АД Битола. Понудата за преземање се однесува на 371.538 обични акции со право на глас издадени од “Стопанска банка” АД Битола, кои заедно со 19.439 обични акции со право на глас кои ги поседуваат преземачот и лицата со кој тој дејствува заеднички претставуваат 100% од нејзината основна главнина. Преземањето на хартиите од вредност ќе се врши по цена од 3.777 денари по акција.
Според преземачот, понудата ќе се смета за успешна доколку биде прифатена од акционери кои поседуваат најмалку 273.795 обични акции кои претставуваат 70,03% од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од ”Стопанска банка“ АД Битола. При тоа, преземачот и лицата кои дејствуваат заеднички со него би поседувале 75% плус една акција од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од “Стопанска банка” АД Битола“, се вели во објавата од 65-та седница на Комисијата за хартии од вредност.
Понудата ќе се смета за успешна, доколку акционерите на Банката продадат минимум 70,03 отсто од акциите.
Стопанска банка Битола има издадено вкупно 390.977 акции. Доколку сите акционери ја прифатат понудата, српската Алта банка вкупно ќе треба да плати 24,01 милиони евра за Стопанска банка Битола. Пред точно една година, Комерцијална банка сакаше да ја преземе во целост банката од Битола и нудеше по 3.200 денари за акција, но преземањето не беше поддржано од најголемите мнозински акционери.
