2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Пожар претпладнево избувнал во куќа во центарот на градот, сведок на старата битолска архитектура. Објектот е на ул.  "Климент Охридски" , наспроти комплексот Стара Болница. Според командирот на Противпожарната територијална единица, Христијан Тодоровски, во моментов пожарот е локализиран. Битолските пожарникари интервенираа со две возила и 7 пожарникари. Во огнот кој избил од внатрешноста на објектот опожарени биле две соби и кровната конструкција, потврди Тодоровски за Апла. 

Самостоен инспектор од СВР Битола е пријавен за „оддавање службена тајна“, откако неовластено проверувал податоци од системот за оружје и фотографии од службениот компјутер споделил со неповикано лице.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против Б.Ј. вработен како самостоен инспектор во Отсек за прикриени човечки извори на информации во ОКРА при СВР Битола а поради основи на сомнение за сторно кривично дело „оддавање на службена тајна“ по член 360 став 1 од КЗ на РСМ. Пријавениот, според документираните сознанија, во два наврати на 09.01.2025 и на 17.01.2025 година неовластено извршил проверка за податоци од системот за регистрирање и управување со оружје за друго лице инволвирано во друга судска постапка. По извршената проверка со својот мобилен телефон направил фотографии од мониторот на службен компјутер на МВР и фотографиите ги споделил со неповикано лице.

ОВККИПС по добиена согласност од ОЈО ГОКК против Б.Ј. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина и ќе изрече задолжителна мерка отстранување од работното место на пријавениот до завршување на дисциплинската постапка

Водивд Битола известува - Целосно завршен проект за новата водоводна линија на ул. „Сру“ бр. 5

 Проектот за изградба на новата водоводна линија е целосно завршен. Вградени се нови полиетиленски цевки со соодветни приклучоци, со што е обезбедено  поквалитетно водоснабдување за корисниците од оваа улица.
ЈКП „Водовод“ – Битола, секогаш во служба на граѓаните.

Повеќе од 2.500 посетители беа присутни на првиот ПЕЛИСТЕРСКИ ВАЈБ организиран од НП Пелистер, БАР Општина, Uchilnica Specialty Coffee, Kamarite, De Niro Catering и Конец по повод 8 септември - денот на независноста на Македонија. Слобода, независност, адреналин, силна енергија и забава за сите возрасти.

Браво за Битола и битолчани.
Настанот беше организиран со поддршка на Општина Битола

БИТОЛА НА МАПАТА НА ЕВРОПСКИТЕ ФУДБАЛСКИ ГРАДОВИ

 
Македонската химна, заедно со химната на Италија, денес прозвучија од стадионот „Петар Милошевски" во Битола. Во присуство на делегати од УЕФА, претставници на ФФМ, градоначалникот Тони Коњановски, секретарот Борче Димитровски, пратеници во македонското Собрание, советници и бројна публика од околу 8000 гледачи, која го исполни стадионот до последното место, селекциите на двете држави за играчи до 21 година, одиграа меч со резултат 1:0 за Италија. 
 1000005417
Во ложата на стадионот „Петар Милошевски“ беа и многу македонски легенди кои се во функција на ФФМ, предводени од претседателот Масар Омерагиќ. 
 1000005413
На трибините заедно со селекторот на сениорите Благоја Милевски, беа и Горан Пандев, Ѓорѓи Христов, Илија Најдовски, Николче Новески, како и голем број битолски фудбалски легенди од сите генерации. 
 
На натпреварот присуствуваа и амбасадорите на Италија и Шпанија во нашата земја, Паоло Палминтери и Рафаел Соријано Ортиз.
 1000005414
Вистински спортски празник, во спортска Битола.1000005415 БИТОЛСКАТА ПУБЛИКА БЕШЕ НАШИОТ 12 ИГРАЧ НА СТАДИОНОТ „ПЕТАР МИЛОШЕВСКИ“
 
Битолската публика, која во огромен број го исполни стадионот „Петар Милошевски“, со несебичната поддршка за нашите фудбалери беше вечерашниот дванаесетти играч на натпреварот помеѓу Македонија и Италија. 
 
Енергијата на трибините, спортскиот дух и гласната поддршка уште еднаш ја потврдија препознатливата битолска спортска традиција и љубов кон спортот. Со своето присуство и навивање, битолчани оставија посебен печат на овој настан и создадоа атмосфера за паметење.
 1000005416
Општина Битола е горда што ја има најверната публика, која секогаш стои зад своите спортски натпреварувачи. Ви благодариме што покажавте како се гради спортски дух и заедништво.

Вработените на ЈП Паркинзи Битола им го честитаат Денот на независноста на граѓаните на Битола и вработените на ЈП Паркинзи. 

Професорот на Техничкиот факултет од Битола, Филип Поповски дознаваме дека ја добил поодршката од партијата да биде носител на листата на советници на ВМРО-ДПМНЕ во Битола на претстојните локални избори. Поповски во изминатите денови бил присутен во јавноста, меѓу битолчани, на средбите што ги одржува градоначалникот Тони Коњановски во рамките на проектот " Предложи идеја". Носителот на листата Поповски е дел од партиските средби со актуелниот претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола и актуелен пратеник, Пеце Милевски, со советникот и заменик градоначалник Бојан Бојковски, советниците - Марица Тодоровска, Лидија Павловска, Марта Ѓоргиевска... 1000005344 

 

На средбите со градоначалникот е забележан и познатиот битолски уролог д-р Илија Келепуровски.   

1000005345

 

Филип Поповски веќе има и нов профил на социјалните мрежи како - политичар. 1000005340 1000005341

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски најави дека 17 километри од патот Прилеп – Битола ќе бидат пуштени во сообраќај следната година, односно до втората половина на 2027 година целосно да биде завршен тој автопат.   -Очекувам првиот дел од автопатот од Прилеп до Битола да го пуштиме во сообраќај веќе следната година, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани