2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Зоран Лазаровски- Паљо ја објави листата на кандидати за советници и како носител најавува дека тој и неговите советници ќе се залагаат за Битола да биде достоинствен град за живеење и пред се чист и зелен град. Граѓанската независна советничка листа „ЗА БИТОЛА“ на Лазаровски ќе биде најдобрата опција за битолчани вели Паљото за „Апла“. 

c2e2f940 109d 4e62 adc3 ae6cabc5e99c

Зоран Лазаровски-Паљо

 

 

На второ место на листата е Борко Бакревски, битолчани го познават по брендот „Бак пиво“, фамилијарен човек, успешен стопанственик и како што вели Паљото -„Бакревски е голем локал патриот. 

втор Бакревски

Борко Бакревски

 

 

Третата позиција е за Лилјана Поповска вработена во фабриката „Кромберг и Шуберт“ како шеф на смена, хуманист, а Паљото вели дека секој што ќе побара помош од Лилаја таа е таму да помогне.  

Трета Лилајан а

Лилјана Поповска

 

 

Зад Зоран Лазаровски - Паљо застана и Јован Велковски, менаџер во кафе слаткарница „ГТ“ во Битола.  Паљото за него вели дека е „градско чоече секогаш присутно во јавниот живот и Широк Сокак“.  Велковски е  еснаф кој ја напуштил работата во јавно претпријатие во Битола и се посветил на приватниот сектор.  

Јован

Јован Велковски

 

 

На петто место е младиот Стефан Солаковски, информатичар - успешен програмер, вработен во странска компанија.  Паљото вели дека Стефан е гласот на младите битолчани, полн со живот и љубов кон Битола. Еден од малдите што сакаат да живеет во Битола и да останат во државата“.  

Стефан

Стефан Солаковски

 

 

Денес во посета на Македонско - турското здружение ,,Мустафа Кемал Ататурк”-Битола беше претседателот на Федерацијата на здруженија на иселениците од Македонија во Турција, со седиште во Измир. Битолското здружение од неодамна е дел од оваа Федерација и во план се соработки на повеќе полиња. Според претседателот на Македонско-турското здружение, Шенол Мемиш, побарана е помош од Федерацијата за формирање на фолклорна група во с.Будаково која би го негувала македонскиот и турскиот фолклор.

„Побаравме помош во материјали за изработка на носии, со кои би биле опремени игроорците од новата фолклорна група. Од страна на претседателот Хасан Гани ни беше ветена помош и поддршка за нашите активности”, рече Мемиш по средбата.  

Ова здружение минатата година сними два документарни филма и организира изложба на фотографката Бенита Стојмирова. До крајот на годинава најавуваат повеќе активности и три документарни филмови.

Татко трчаше со ќеркичката  в раце на "Трчај бе" во Битола 

 
Битола утринава пулсираше во ритамот на трчањето, музиката и забавата. Локацијата кај Саат кулата, беше стартната точка на трите трки кои се одржаа во рамките на 7-мото издание на „Трчај бе“. 
 
Над 1700 учесници од 15 држави, се натпреваруваа во 3 категории: 5.000 метри, 10.000 метри и полумаратон во должина од 21.000 метри. Трките се одржаа согласно правилата на Меѓународното здружение на атлетски сојузи и Атлетската федерација на Македонија, а полумаратонското државно првенство под покровителство на Атлетската Федерација на Македонија. 1000005766
 
По завршувањето на сите три трки, беа доделени награди за најдобрите. Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, ги додели наградите за најдобрите во полумаратонските трки во машка и во женска конкуренција и им посака на победниците и натаму да го негуваат спортскиот дух и да освојуваат уште повеќе награди. 
 1000005757
„Трчај бе“, во изминатите 7 години, прерасна во манифестација која освен трчањето, го спои заедништвото низ многу генерации љубители на спортот.

СВР Битола информира дека утре во терминот од 7 до 12 часот, заради одржување на спортската манифестација „Трчај, бе 2025“ во чии рамки ќе се одржи и Националното првенство во полумаратон, ќе преземе мерки на посебен режим на сообраќај. Времениот  режим на сообраќај ќе се одвива на булеварот „1-ви Мај“, улица „Генерал Васко Карангелески“ од кружниот тек кај Педагошка до кружниот тек кај Веро, потоа улица „11-та Македонска Дивизија“ до базен Довлеџик, улица „Филип II Македонски“ се до кружниот тек кај Дулие, улиците „Батаљон Стив Наумов“, „Прилепска“, „4-ти Ноември“ и „Широк Сокак“ до стартот на трката кој воедно е и цел.

Апелираме до граѓаните, нагласуваат од СВР Битола, паркинг местата кај плоштад „Магнолија“ односно Саат Кула и на улица „Солунска“ кај Широк Сокак да бидат слободни во недела наутро со цел непречено движење на тркачите меѓу кои ќе има и репрезентативци на повеќе земји.

Во периодот на времен режим на сообраќај, предвидени се доволно алтернативни рути и полициски службеници кои ќе го контролираат сообраќајот

По долгите анализи и испитувања кои ги правеше и она што го констатираше, ВМРО-ДПМНЕ ги комплетираше листите за советници и кандидати за градоначалници кои ќе настапат на следните избори, изјави денеска Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на партијата, пред седиштето на Државната изборна комисија. За Битола за носител на листата ВМРО- ДПМНЕ се определи за универзитетскиот професор Филип Поповски,  а на листата зад него се актуелниот советник Бојан Бојкоски, Наташа Марковска претседател на Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ,  познатиот уролог од Клиничка болница Битола, д-р Илија Келепуровски, директорката на старски дом "Сју Рајдер" Марина Крстиќ, докторот на науки Љубе Никлевски, професорот по историја Александар Јаневски и др истакнати членови на партијата.  Тони Коњановски ќе ја бара довербата на битолчани за втор мандат, а  Сајковски рече дека во цела држава  за кандидатите за градоначалници ги избрале оние кои покажале добри резултати во изминатите четири години, но имаат и нови кандидати кои „се профилирани ликови во средините од каде што доаѓаат“.

1000005705

-За листите за советници се избрани луѓе коишто се предлог на месните и општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Можам да констатрам дека партијата е комплетно мобилизирана, дека ќе имаме голем успех на следните локалните избори. Исто така, можам да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ на следните локални избори ќе има плус советници и плус градоначалници во споредба од она што го имавме  во 2021 година, изјави Сајкоски, кој беше придружуван од членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Владо Мисајловски, Гордана Димитриеска-Кочоска и Орце Ѓорѓиевски, кандидат на оваа партија за градоначалник на Скопје.

Според роковникот на ДИК за спроведување на Локалните избори 2025, денеска до полноќ истекува рокот  до кога сите што  сакаат да се кандидираат на претстојните избори, закажани за 19 октомври, своите кандидатури за градоначалници и листите на кандидати за членови на советите во 80 општини и Градот Скопје треба да ги поднесат преку своите овластени предлагачи во просториите на општинските изборни комисии (ОИК) и Изборната комисија на Град Скопје (ИКГС). 

 Просветните работници, поранешните директори на Економското училиште "Јане Сандански"  и основното училиште "Тодор Ангелевски" Битола, професорот Александар Цветкоски и одделенската наставничка Љубица Стерјева ќе бидат дел од листата на советници на партијата ЛДП-Битола за претстојните локални избори. 1000005698

 -Зад нив има резултати, работа и
над 20 годишна посветена и успешна работа во образованието.
 Економско училиште  беше комплетно
реновирано со инвестиција од 100.000 евра, а во ООУ " Тодор Ангелевски"  комплетно
реконструирани спортските терени
после период од цели 40 години, со инвестиција од 90.000 евра.  1000005699
 
По завршување на мандатот, училиштата оставени во одлична финансиска кондиција и  О (нула ) денари долг, објави ЛДП Битола.
 Листата за советници на ЛДП Битола ја предводат- претседателот на општинската организација Димитар Кузмановски и лекарката Ана Талевска -Јолевска.                  Текст - Анета Блажевска 
 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани