
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Управителот на ЕСМ МОЛИКА ДООЕЛ Битола, Горан Исков, со дел од одговорните вработени лица изврши увид и технички прием на автокампот „Ливадишта“ во село Радожда, Струга. Во соработка со изведувачот на работните активности утврдено е дека проектот се наоѓа во завршна фаза, а целосната реконструкција на автокампот е предвидено да биде завршена во наредниот месец. Со ова, автокампот „Ливадишта“ ќе биде отворен за сите домашни и странски посетители, овозможувајќи модерни и обновени услови за престој и одмор.
СВР Битола го одбележа 28.04.2025-Одбележување на 24 годишен помен од загинувањето на припадниците на посебната единица од СВР Битола при МВР
Пред 24 години, на 28 април 2001 година за време на воениот конфликт во земјата се случи масакрот на осумте припадници на македонските безбедносни сили помеѓу селата Селце и Вејце на Шар Планина во месноста Брезовица.
На 28 април 2001 беа убиени четворица припадници на воената единица „Волци“ и полицајци при ОВР Битола – Роберт Петковски (27), Игор Костески (26), Миле Јаневски (30), Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24) Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24).
ЛИСТА НА ДОБИТНИЦИ НА НАДОМЕСТ ЗА НАБАВЕНА И МОНТИРАНА НОВА ПВЦ ДОГРАМА НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА БИТОЛА
