2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Лидија Димковска – гостинка на книжевниот клуб UTOPIA во Битола

 
Реномираната писателка, поетеса и преведувач ќе биде дел од специјалната априлска средба на Книжевниот клуб UTOPIA.
 
На 29 април (вторник), со почеток во 19:00 часот, во просториите на Utopia Private Members Club во Битола, ќе се одржи нова средба на книжевниот клуб, на која специјална гостинка ќе биде еден од најистакнатите гласови на современата македонска литература – Лидија Димковска.
 
Димковска е авторка со импресивна биографија и меѓународно признание. Како писателка, поетеса и преведувач, таа е позната по своите дела што продираат длабоко во прашањата на идентитетот, миграцијата, личните и колективни граници, како и болките и парадоксите на современиот Балкан. Нејзините романи и поетски книги се преведени на повеќе европски јазици и редовно се предмет на академска и книжевна анализа.
 
На оваа средба во Битола, вниманието ќе биде насочено кон прозните остварувања на Димковска, особено врз романот „Резервен живот“ – добитник на престижната награда „Роман на годината“ во 2012 година, како и на Европската награда за литература во 2013 година. Публиката ќе има можност да дискутира и за другите дела, меѓу кои „Единствен матичен број“, „Скриена камера“, и „Но-уи“.
 
Организаторите на настанот истакнуваат дека ова е ретка можност за директен книжевен дијалог со авторка чие творештво со децении гради мостови помеѓу поезијата и прозата, меѓу Балканот и Европа, меѓу интимното и политичкото.
 
Влезот за настанот е слободен, а сите љубители на литературата се добредојдени да присуствуваат на оваа вечера исполнета со зборови, мисли и книжевна магија.

Денес со старт од пред Саат Кула во Битола па се до с. Породин се одржа "Трка за Македонија" 21 километар во чест на загинатите бранители во 2001 година на трката учество зедоја членови од ИПА регионот Битола.

На 26.04.2024 во 22.00 часот во СВР Битола, Е.Е.(39) од Битола пријавила дека во нејзиниот дом во Битола нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од соседот А.Ч. кој му нанел тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.


Водовод Битола соопштува -  По успешното отстранување на дефектот на водоводната мрежа во Долно Оризари водоснабдувањето е нормализирано и се одвива непрекинато (27.04.2025).

ЈКП Водовод -Битола е секогаш во служба на граѓаните и се грижи за навремена и квалитетна услуга.

ПОРАДИ ГРАДЕЖНИ РАБОТИ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ПАТОТ ЗА СЕЛО БУКОВО, ОД ПОНЕДЕЛНИК ВРЕМЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ

 
На барање на локалните жители и населението кое го користи локалниот пат за с.Буково и нивното укажување на проблемите за безбедно одвивање на сообраќајот, поради недоволната ширана на патот од 3,5 м’, Општина Битола спроведе постапка и склучи договор за изведба и проширување на коловозот.
 
Вкупната вредност на договорот изнесува 19.690.365 денари, а рокот на изведба е 90 дена.
Работните активности на терен се веќе започнати, а од понеделник на овој патен правец ќе биде воведен времен режим на сообраќај.
 
Доградбата (проширувањето) на дел од постоечкиот коловоз е со должина од 600 м, а ширината на асфалтниот дел од коловозот ќе изнесува 5,50 м’, односно ќе се изврши симетрично проширување на постоечкиот коловоз од две страни од по 1,0 м. 
 
Од двете страни на коловозот (до асфалтниот дел) предвиденa е изработка на банкини со ширина од по 75 см. од секоја страна. 
 
Во банкината на пониската страна ќе се вградат префабрикувани бетонски каналети до самиот раб од доградениот асфалт со димензии 40/20/50 см, додека на останатите 35 см, од банкината ќе се изврши стабилизација со бетонирање на АБ плоча со д = 10 см. Банкината на повисоката страна ќе се стабилизира само со бетонирање на АБ плоча со ширина од 75 см. и  д=10 см. Вака прифатената атмосферска вода преку каналетите во банкините, предвидено е да се спроведува во префабрикувани бетонски риголи со димензии 50/40 х 50 см. поставени од двете страни на патот.

НОВИОТ ДИРЕКТОР НА ИФФК „БРАЌА МАНАКИ“ НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА

 
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес оствари средба со новиот директор на Фестивалот „Браќа Манаки“, актерот Димитрија Доксевски. На средбата се разговараше за плановите со кои директорот на фестивалот ќе пристапи кон организација на новото фестивалско издание на „Браќа Манаки“. Градоначалникот Коњановски, нагласи дека Општина Битола, продолжува да обезбедува поддршка за овој значаен фестивал за Битола, кој е вистински промотор на градот во светски рамки.

ОПШТИНА БИТОЛА ДОСТАВИ 59 АПЛИКАТИВНИ ФОРМУЛАРИ ЗА 36 РАЗЛИЧНИ ОБЈЕКТИ НА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ЛОКАЛНИТЕ САМОУПРАВИ ОД ПРОГРАМАТА НА ВЛАДАТА

 
Општина Битола, денес до Министерството за локална самоуправа достави 59 апликативни формулари за 36 различни објекти, за кои општината во изминатиот период изготви проектна документација за аплицирање на новиот Јавен повик за изразување на интерес од страна на општините за финансирање на инфраструктурни проекти од Потпрограмата АА.
 
Преку овие апликации Општина Битола има за цел да обезбеди финансиска помош за реализација на приоритетни проекти кои се од големо значење за граѓаните и локалниот развој.
 
Предвидените проекти опфаќаат реконструкција на голем број улици во градот и населените места во општината. Во дел од нив, покрај коловозот, реконструкцијата опфаќа промена на канализационата и водоводната мрежа. 
 
Проектните апликации вклучуваат и изградба на три спортски сали во основните училишта „Стив Наумов“, „Тодор Ангелевски“ и во ПОУ „Даме Груев“ во с. Долно Оризари, како и 10 спортски игралишта во училиштата, со соодветно осветлување. 
 
Во однос на спортските терени, предвидена е изградба на атлетски патеки и борилиште во стадионот „Петар Милошевски“. 
 
Дел од апликациите се и повеќе други проекти, со што вкупната вредност на аплицираните проекти е над 800.000.000 денари.
 
Повикот за аплицирањето до соодветните министерства трае до 30 април, по што министерствата ќе ги соопштат одобрените апликации за проекти.

СООПШТЕНИЕ

 
Веќе неколку дена на моменти кај нас но и во други општини се случува да не може да се активира паркинг сесија преку СМС порака. Проблемот се јавува повремено, а во тој период не е можно да се активира или деактивира паркинг услуга.
Со жалење Ве известуваме дека проблемот не е предизвикан од наша страна, а за евентуални понатамошни објаснувања Ве упатуваме да се обратите кај мобилниот оператор со кој имате склучено договор.
Во меѓувреме Ве известуваме дека можете да купите билети за паркирање од сите затворени паркинзи за времено надминување на овај проблем.
 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани