2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Водовод Битола известува дека целосно е завршен проектот за новата водоводна линија на ул. „Сту“ бр. 3 во поранешната касарна во Битола. 

 
-Проектот за изградба на новата водоводна линија е целосно завршен. Вградени се нови полиетиленски цевки со соодветни приклучоци, со што е обезбедено  поквалитетно водоснабдување за корисниците од оваа улица, соопштија од ЈКП „Водовод“ – Битола.

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ФОРМИРАЊЕТО НА СЕДМАТА УДАРНА БРИГАДА

 
Денес во организација на здружението на Ветерани на одбраната и безбедноста на Република Македонија – огранок Битола, со положување на свежо цвеќе на бистите на Васко Каранѓелевски и Пецо Гудовски во градскиот парк, беше одбележан денот на формирањето на седмата ударна бригада.
 
Во име на Општина Битола, почит оддаде градоначалникот Тони Коњановски, претставници на Совет на Општина Битола, Сојуз на борци како и претставници од Здруженија на Ветерани на одбраната на Република Македонија. 1000004654 1000004653

ЈКП Водовод целосно ја заврши реконструкцијата на водоводната линија Битола – с. Поешево – с. Логоварди во должина од 6 километри, со реконструкцијата се  заменети досегашните азбестно – цементните со полиетиленски HDPE водоводни цевки и нови приклучоци за домакинствата, со ова се добива комплетно нова водоводна мрежа која ќе ги реши долгогодишните проблеми на граѓаните и ќе го подобри квалитетот и сигурноста на водоснабдувањето.

Проектот е финансиран преку Министерството за транспорт и врски и Владата на Република Македонија во рамките на првиот повик, во кој општината аплицираше со 16 проекти.

Вкупната сума на проектот изнесува 29.349.605 денари.

Алта Банка АД Белград ја објави својата намера за упатување на јавна понуда за преземање на сите обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка АД Битола. Понудената цена по акција изнесува 3.777 денари, пишува „Бизнис инфо“.

Алта Банка АД Белград заедно со поврзаните лица поседува 19.439 обични акции или 4,97% од вкупниот број на обични акции издадени од Стопанска Банка АД Битолa

Како што е наведено во соопштението објавено на Македонската берза

“Согласно член 26-а став 3 од Законот за преземање на акционерските друштва, напоменуваме дека покрај согласностите кои се потребни од домашните овластени органи, тела и институции, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на претходната согласност од Народната банка на Република Северна Македонија, давањето на понудата за преземање е условено со претходно одобрување на стекнување од страна на Народна банка на Србија („Странско одобрение”) (имајте на ум дека одобрување од Комисијата за заштита на конкуренцијата на Република Србија веќе е добиено).

Прекин во водоснабдување – ул. Козара

 
Во текот на денешниот ден (20.08.2025), при изведување на  електрични инсталации на ул. Козара, настанат е дефект на водоводната мрежа.
Поради тоа, без вода се корисниците од овој дел на градот.
Екипите се на терен и работат на санирање на проблемот. 
 Водоснабдувањето ќе биде нормализирано во најкраток можен рок.

Според СВР Битола - На 19.08.2025 во 12:55 часот во ОВР Демир Хисар, од Итна медицинска помош Демир Хисар било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Г.В.(32) од Битола. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во каменолом во с.Слоештица, демирхисарско. За настанот бил известен трудов инспектор, а увид извршила увидна екипа на ОВР Демир Хисар.

Среда, 20 август 2025 г. во Центарот за Култура - Битола, со почеток во 20.00 ч. ќе се одржи традиционалната манифестација „НЕЗАБОРАВ“.

Годинешниот „НЕЗАБОРАВ“ е посветен на изминатите 14 приредби и
претставува ретроспектива на истите.
На настанот ќе Ве потсетиме за изминатите концерти кои беа посветени на:
Сашка Петковска, Јонче Христовски, Пепи Бафтировски, Љупчо Спасеновски (Буба мара),
Добри Ставревски, Гоце Николовски, Миле Шерденков, групата „Битолски конзули“,
Битолчани на Валандово, Драган Каранфиловски-Бојс, Песни за Битола - прв и втор дел,
Песни од Интерфест 92-96 и Тоде Новачевски.
На концертот во живо ќе настапат познати битолски музичари и изведувачи.
Како и до сега, така и годинава,  „НЕЗАБОРАВ“ се реализира исклучиво со средства од
Општина Битола, во рамките на „БИТФЕСТ“ 2025.
Автор на проектот: Панде Димитровски.

Често се вели дека Буковскиот манастир „Свето Преображение Христово“ е духовен центар за голем број македонски верници од потпелистерските и пелагониските населби.

Како градба манастирот е еден од најрепрезентативните во Потпелистерскиот Регион. 1000004470

-Ноќта спроти 19 август буковци, битолчани, верници од целиот овој крај доаѓаат во манастирот спроти празникот Преображение, или како ние што си го знаме празникот Спасовден. Стотина верници креваат лепче за здравје, а буковци чекаат гости и служат ручек. Селото заживува во чест на празникот, а се организираат и игранки. Манастирот се одржува со средства од верниците, но и од иселеници од овие краишта. Нашите иселеници го темпираат времето да дојдат во родниот крај баш на празникот, бидејќи многу им значи, вели Анита Главевска, жител на Буково. Сместен во живописен предел на околу 2 км над селото Буково, на доминантна височинка опкружена со густа шума, до манастирот се доаѓа од правецот на селото Буково, но можно е да се пристигне и од селото Крстоар по тесниот асфалтен пат кој поминува покрај Крстоарскиот манастир. 1000004469

Манастирската црква е изградена во 1837 година, во центарот на оградениот манастирски двор. Над западниот влез е издлабен натпис, кој ни ја кажува годината на изградба.

Комплексот се состои од манастирска црква, порта, конаци со кујна и трпезарија, камбанарија и помошни објекти. Од архитектонски поглед црквата претставува комбинација меѓу трикорабна базилика и впишан крст со купола, која се издига во централниот дел на храмот. Влезовите се на јужната, западната и северната страна.

Во дворот на црквата е камбанаријата со една камбана. Околу црквата, се наоѓаат манастирските соби. Манастирот денес го одржува локалното население, кој поради близината до Битола, чистиот воздух и живописната природа, е една од омилените локации за пикник на битолчани.  1000004466 1000004466 Анета Блажевска за Зелена берза 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани