2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Поранешната директорка на ОУ "Тодор Ангелевски" Битола, Љубица Стерјева, во коментар за "Апла" вели дека неосновани се  обвинувања за наставничката пријавена во СВР Битола дека во неколку наврати физички нападнала дете. Стерјева иако не го открива идентитетот на наставничката дава  поддршка за неа нагласувајќи дека поддршката е од колективот. 

 
" Со целосна одговорност ја отфрламе пријавата поднесена против наставничката, бидејќи истата претставува список на манипулации, невистини и свесни извртувања на фактите, со единствена цел да се наруши угледот на млада, посветена и вредна учителка. Наставничката со години наназад доследно и професионално ја извршува својата работа, со целосна посветеност кон учениците и почитување на етичките и воспитни норми.
 
Колективот на училиштето ја познава вистината и целосно стои зад наставничката, потврдувајќи дека нејзиното однесување секогаш било во склад со педагошките принципи и човековото достоинство. Наместо реална загриженост, станува збор за тенденциозни и злонамерни обвинувања, чија цел е лична пресметка и нарушување на работната атмосфера.
 
Ќе бидат преземени сите правни и институционални мерки за заштита на личниот и професионален интегритет на наставничката, како и на достоинството на наставничката професија во целина.
 
Во оваа прилика, јавно ја повикувам целата наставничка фела – сите колеги и колешки од образовниот систем – да застанат во поддршка на нашата колешка, која е неправедно нападната и изложена на неосновани обвинувања. Денес е таа, утре може да биде било кој од нас. Време е да покажеме солидарност, професионална чест и заемна заштита од обиди за рушење на угледот на наставничката професија преку манипулации и лични пресметки.", пишува екс директорката Стерјева. Денеска, СВР Битола информира дека - На 08.05.2025 во 19.30 часот во СВР Битола, М.Ј.(38) од Битола пријавил дека во основното училиште во кое учела, неговата малолетна ќерка во повеќе наврати била физички нападната од наставничката Г.Ј.. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
 

АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола, повторно беше дел од Саемот за кариера на Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ)-Битола. Ја продолживме традицијата со учество на Career Expo 2025, каде се сретнавме со идните инженери од компјутерски науки и комуникациско инженерство.

 
Во рамките на настанот, го претставивме нашиот сектор за деловно технички апликации кој произлегува од службата за Автоматска обработка на податоци и разговаравме за можностите за практична настава за студентите во Комбинатот.
 
 Со продеканката на ФИКТ, проф. д-р Костандина Вељановска, ја разгледавме идејата за продлабочување на партнерството преку Меморандум за соработка.
 
Саемот уште еднаш ги спои знаењето, искуството и младоста, а ние сме горди што бевме дел од оваа значајна платформа.

28 мај – Македонскиот голем писател Божин Павловски доаѓа лично во Книжевниот клуб Утопија.

 
Не доаѓа да ни ја раскаже историјата. Доаѓа да ја разниша.
 
Неговите романи се бунтовни како светот што ги создава.
Непокорни, размислени, вознемирувачки точни.
Божин Павловски – писател што гради книжевност на линијата меѓу политика и поетика, идентитет и интимност.
Добитник на бројни награди, преведуван на над дваесет јазици, тој не ги штеди вистините – ги раскажува како пред да бидат потиснати.
 
Предлог за читање:
• Подвижни гробови – роман што копа по заборавени слоеви на политичка меморија
• Роботот на љубовта – каде љубовта е последниот човечки отпор
 
Затоа што во Утопија, не читаме само книги. Читаме луѓе.
 
Книжевен клуб УТОПИЈА – простор каде што книгите зборуваат

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани