
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вечерва после полноќ, возило удри во електричниот столб на тротоарот во близина на Гроздот веднаш до трафиките кај Поштата
Министерот за здравство, Венко Филипче, на својот ФБ профил сподели информативно видео за тоа како ќе изгледа враќањето на училиште
Ирена Ружин, иницијатор на проектите за пристапност во Завод и музеј Битола, е меѓу тројцата агенти за промени од Балканот за кои комуникологот Аида Миа Алиќ пишува во својот магистерски труд одбранет на универзитетот во Брајтон, Велика Британија.
Д-р Ирена Ружин е македонски претставник во Балканската група за пристапност на музеите и неколку години раководи со проектите за поголема пристапност на Завод и музеј Битола. Организираше тактилни изложби за лицата со оштетен вид да можат да ги запознаат најважните експонати од Музејот, аудионарации за глуви лица и видеа со знаковен јазик и автор е на тактилната публикација за Хераклеја со текст на Брајово писмо, од која беше избран и награден најдобриот тактилен постер на Балканот. Организираше и работилници со штитеници од Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух и говор од Битола. Овој концепт за пристапност е пресликан и во работата на Археолошкиот музеј во Скопје.
По кратко боледување денес 19.09.2020 во 66 година од животот почина примариус др Јован Стефановски, познат и угледен битолски хирург.
Новинарите од локалните и регионалните медиуми во Битола, како и дописниците на национланите медиуми при вчерашната средба со претседателот Стево Пендаровски ги изнесоа проблемите со кои се соочуваат при работата, пред се финансиските.
Тие истакнаа дека локалните медиуми стануваат финансиски се понемоќни, со намалени редакции, без подмладок и можности за понатамошен развој. Ова во услови кога најголемиот дел од маркетиншкиот колач од Битолскиот Регион заминува во скопските медиуми и на прсти се бројат битолски компании кои даваат реклами во локалните медиуми.
Воедно, со законските измени од 2018 година се забрани финансирање преку органите на државата и општините во медиумите, со што локалните медиуми останаа и без поддршка од локалните власти, а секојдневно ги следат и објавуваат нивните настани, пред се заради општествената одговорност.
Се разговараше и за статусот на дописниците кои работат претежно за мали хонорари, колку минимална плата, а не се осигурани. Во вакви услови повеќето од новинарите остареа како дописници, а се уште го немаат потребниот работен стаж. Воедно, повеќето се приморани да работат на повеќе места за да можат да соберат средства колку за достојбна плата.
На средбата претседателот Пендаровски изрази поддршка за медиумите и истакна дека е потребно да се подигне јавната свест за значењето на регионалните и локалните медиуми, со оглед на нивната улога и придонес за медиумската писменост, навремено и професионално информирање за средината од која доаѓаат.
„Покрај дописничка мрежа за дел од национални медиуми, во Битола функционираат и неколку локални весници, радио станици и интернет портали. #Лицевлице и во неформален разговор, претставниците на медиумите велат дека новинарството се наоѓа во прилично незавидна состојба. Потребна е цврста и долгорочна поддршка за медиумите, не само на национално, туку и на регионално и локално ниво, со оглед на придонесот кон јавното информирање кој тие го имаат“, истана претседателот Пендаровски.
Средбата беше во рамки на проектот„Лице во лице со претседателот“. Ова беше за првпат претседател на држава да дојде во Битола и да изрази желба да се сретне со локалниот новинарски еснаф и да ги слушне нивните проблеми и предизвици. Претходно новинарите беа поканувани само информативно да ги следат посетите на поранешните претседатели на државата во Битола, како и новогодишните приеми со дипломатскиот кор кои се одржуваа во градот на конзулите.
