
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пишува: Билјана Димко
На сајтот „24инфо“ на 28.06.2020 е објавена вест: „Детските градинки се затворени за деца, а отворени за Заев што претставува груба злоупотреба која најостро ја осудуваме“.
Во ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола и регионот кој го покрива (Битола, Кичево, Ресен и Демир Хисар) заклучно со 29.06.2020 година земени се вкупно 1055 брисеви за COVID-19 од кои 505 по епидемиолошки индикации, 220 преку упатување од матичен лекар преку системот Мој термин и 330 брисеви од вработени во градинки за скрининг.
Позитивни резултати за COVID-19 се добиени кај 182 лица, од кои 48 се со место на живеење во Битола, 30 во Кичево, 2 во Демир Хисар и 102 во Ресен. Според исходот на заболувањето кај 139 лица болеста е во тек (17 од Битола, 25 од Кичево, 96 од Ресен и 1 од Д.Хисар), 37 лица се оздравени и кај 6 лица болеста имаше смртен исход.
Од вкупниот број на лица кај кои болеста сеуште е во тек (139 лица), 37 лица се хоспитализирани, соопштија од Центарот за јавно здравје.
Во Битола има четири активни кластери со ковид-19, кај кои болеста е пренесена во семејствата. Од 17 лица кај кои болеста е во тек, дури девет не спаѓаат во ниеден кластер и тие не даваат податок за поврзаност со потврден случај, соопштија од Министерството за здравство за Апла.мк.. Вкупниот број на зболени биточани од почетокот на болеста е 50, од кои 17 активни. Во Битолската болница се хоспитализирани 41 лице позитивно на коронавирус.
Полициски екипи за антитероризам извршија увид на десетина автобуси на познат битолски превизник, за што имаше анонимна дојава дека е поставена бомба. Досега според увидот на екипите ништо не е пронајдено, но не е завршена до крај проверката. Од СВР Битола ветија подетални информации за подоцна.
Попладнето видно беше присуство на полициски службеници на улицата „Партизанска“ за влез на улицата „Тодор Скаловски“ во Битолската касарна, а се прошири веста дека полицијата имала дојава за подметната бомба во возило.
Носителот на листата во 5 ИЕ од ВМРО-ДПМЕН, Игор Дурловски, во изјавата дадена во живо во вестите на Сител, се збуни па при набројување на инфраструктурните проекти од каде ќе се гради автопат до Битола, не можеше да се сети на Градско. Тој ова го оправда со неговото неискуство на телевизија.
Битолчани кои често патуваат од Скопје до Битола и обратно добро знаат дека најмачната делница е токму на Плетвар од Градско до Битола, па политичарите кои сакаат да ги убедат гласачите, познаваќи ја оваа мака на жителите од Пелагонија, ветуваат автопатско решение.
Со децении ова е еден од најголемите порблеми за битолчани, затоа што се уште немаат ниту едно автопатско поврзување..
(Фотографијата и видеото се преземени од вестите на ТВ Сител)
Пишува Ардит Рамадани
Во предизборието, рецензираме политички пристрасна вест со наслов ,,Албанците ги тераат СДСМ и Беса во П.М.(документ). Меѓутоа, рецензираната вест, освен што е пристрасна и политички мотивирана, поттикнува меѓуетнички поделби и повикувајќи се на национализам се обидува да манипулира со чувствата на граѓаните. Исто така, во овој текст се употребува и јазик кој се коси со Етичкиот кодекс на новинарите.
Пишува: Шефкије Аласани
Насловот ,,Нов удар на Филипче, еве што бара сега од лицата во карантин” објавен на 25 јуни на порталот Aрена, најавува побомбастична и поексклузивна содржина отколку што во текстот се нуди. Имено, насловот, како и целата опрема на текстот, треба да претставува сиже, односно краток осврт во кој се сумирани најглавните поенти од текстот. Од овој наслов, се добива впечаток дека во текстот ќе се извести за некое ново барање кое што здравствените власти го имаат за оние што влегуваат во земјава од странство.
