
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Наставничката по физика Валентина Степановска Андонова освои второ место со својот научен прокет „Патување на светлината“ на меѓународен натпревар во конкуренција од 15 наставници –натпреварувачи од 10 земји.
Натпреварот „Боите на небото“ во организација на "Women science teacher", Scientix, WST беше значаен настан за "Меѓународниот ден на светлината 2020" во организација на УНЕСКО.
„’Боите на небото’ беше натпревар од светски ранг наменет за сите наставници. Целта беше да се нагласи значењето на науката во нашето секојдневие. Впрочем задачата за наставниците-учесници беше знаењето поврзано со предметите: физика, биологија и хемија на умешен и интересен начин да го искомбинираат со фотографии или видеа поврзани со боите на небото и да се напише проект“, рече Степановска Андонова.
Наставничката на јавноста ѝ е позната и по големиот број награди што заедно со ученици од Основното училиште „Даме Груев“ од Битола ги има освоено на домашни и меѓународни натпревари.
Ж.З.
Да им помогнеме на здравствените работници во справувањето со корона кризата со тоа што ќе е однесуваме одговорно и ќе ги почитуваме препораките, порача Бисера Костадиновска, кандидат за пратеник од петтата изборна единица од Коалицијата на СДСМ.
Вработените од секторот „Јавно зеленило“ во ЈП Комуналец, секојдневно мака мачат со битолчани ки ги крадат цветните садници низ аранжамните во парковите низ градот. Во изминатите неколку недели, од неколку илјади цветни садници со кои е украсен градот, украдени се повеќе од 700 велат од ЈП Комуналец.
Со еден милион евра пари од европските фондови и од државниот буџет целосно е реконструиран Затворот во Битола, кој доби нов лик, со пристојни услови за затворениците и притворениците, но и за вработените во затворот. На темелите на старата зграда, никна сосема нов објект по европски стандарди. Денеска беше означен крајот на реконструкцијата.