
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од понеделник во 31 огранок на Здружението на пензионери при месените заедници во регионот на Битола започнува постапката за запишување на огревно дрво за пензионерите. Предвидени се 7000 метри кубни дрвна маса да се распредели на пензионерите од градот Битола и околните села, а огревот да може да се плати на рати. Кубик буково дрво ќе изнесува 2800 денари, а дабово 2900 денари. Од Здружението на пензионери соопштуваат дека запишувањето за огревно дрво ќе трае се додена не се потрошат количините.
Врз основа на добиено известување од Агенција за катастар на недвижности, а согласно
склучениот договор за теренско прибирање на податоци за улици и куќни броеви помеѓу Агенцијата и ангажираната фирма, во периодот од 24.02.2020 до 04.05.2020, екипите ќе прибираат податоци на територијата на Општина Битола. Теренското прибирање на податоци за улици и куќни броеви ќе опфати просторни и описни податоци за сите улици и објекти, во сите населени места на Општина Битола.
Во врска со горенаведеното, Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија, упатува апел до жителите на Општина Битола, во наведениот период да им излезат во пресрет на екипите кои ги прибираат теренските податоци, да им ги дадат потребните податоци и информации и да им овозможат фотографирање на објектите.
Од востановениот Адресен регистар придобивки покрај Агенцијата за катастар на недвижности, ќе имаат сите државни институции, како и сите правни и физички лица во Република Северна Македонија. Со него ќе се овозможи брз и лесен начин за пребарување и идентификација на улиците, зградите и становите во просторот, ќе се поедностават и скратат роковите за воведување на нови улици и ќе се осигура точност на податоците.
Организацијата на жени на Општина Битола во соработка со Клиничката болница Битола, ќе ја спроведе акцијата „Март- месец на мамографија“ во која е предвидено да се снимат на новонабавениот мамограф 60 жени. Прегледот ќе биде бесплатен и ќе се изведува во текот на месец март.
Градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски за време на седницата на Влада во Охрид побара да се задолжи Министерството за животна средина да формира работна група која ќе направи увид и ќе преземи мерки поради аларматното повлекување на Преспанското Езеро.
„На седницата на Влада, имав прилика да соопштам за тековните активности на Општина Ресен и меѓу другото да предложам предлог-заклучок со кој ке се задолжи Министерството за животна средина да формира работна група од надлежните институции ,која ке направи увид и ке предложи мерки и активности поради алармантното повлекување на Преспанското Езеро . Заклучокот е усвоен“, соопшти Гошаревски.