2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Денес започнува повикот од мерката 121 за набавка на пчелни матици што е дел од мерката за модернизација на земјоделски стопанства.Од оваа мерка повратокот на средства е до 50 отсто од инвестицијата. Финансиската поддрша за набавка на пчелни матици е до 600 илјади денари по корисник,  ги информираше Николче Бабоски пчеларите од Битолa.На средбата се присутни начилникот за земјоделство до Битола Методија Илиевски и кандидатите за пратеници Бисера Костадиновска Стојчевска, Горан Козаров и Петар Николовски. 

Сите пчелари кои во период од 1 октомври до 31 декември 2019 година набавиле пчелни матици од одобрени одгледувалишта ќе можат да поднесат барања за финансиска поддршка преку мерката 121 - инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства од Програмата за рурален развој. Ова денеска директорот на Платежната агенција Николче Бабовски им го соопшти на пчеларите од Битолско- пелагонискиот регион. Повикот трае до 15 јули. 

babo2

Универзитетскиот професор Дејан Трајковски од Битола, повторноно низ математичко статистичка анализа на базичниот репродукционен број Р0 предвидува неколку можни сценарија на состојбата со КОВИД-19.

Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска , која е и носител на пратеничката листа на СДСМ во петтата изборна единица за престојните парламентарни избори, заедно со кандидатите на листата Бисера Костадиновска Стојчевска, Горан Козаров и Петар Николовски го посетија Здружението на пензионери во Битола.

Во понеделник со почеток во 10 часот ќе започне порибувањето на акумулацијата “Стрежево”, во организација на концесионерот, ЈП “Стрежево” - Битола. Претпријатието ќе ги превземе сите мерки за почитување на препораките за заштита на безбедноста и здравјето како на вработените така и на сите граѓани кои ќе присуствуваат на настанот.

ЈП “Стрежево”- Битола, ќе изврши порибување на акумулацијата Стрежево со сопствени средства, со подмладок од крап и пастрмка. Порибувањето ќе се реализира на локација брана “Стрежево” (крајбрежниот појас во близина на Командната зграда и Шахтниот преливник на акумулацијата “Стрежево”). Порибувањето ќе се реализира согласно Законот за рибарство и аквакултура, риболовната основа, договорот за концесија и годишниот план за заштита и стопанисување со рибниот фонд во акумулацијата “Стрежево” за 2020 година.

Кога се работи за семејни слави во домашни објекти, МВР не може да биде информирано и да влезе без налог од Основното јавно обвинителство. ОЈО во одредени слуачи ни дава такви налози, а во други не ни ги издава, рече министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денес во Битола запрашан што МВР презема за да се запрат семејните прослави од кои излегоа повеќе кластери со заболени до коронавирус во земјава.

„Во ситуација кога не може да се дејствува веднаш вршиме препознавање на лицата и потоа се повикуваат во полициска станица и им се поднесува соодветен поднесок до Јавното обвинителство. Неопходно е граѓаните сами да бидат свесни и да носат заштита опрема зашто со доаѓањето на изборите претпоставувам дека сите тие мерки уште повеќе ќе бидат олабавени, најверојатно ќе се отворат границите од следната недела и граѓаните сами треба да бидат свесни за ризикот од заразата“, рече Чулев.

Вчера Здравствениот инспекторат го впери прстот во МВР и праша како моеже полицијата да не знае за семејните прослави. На прашањето ма апла.мк, Наќе Чулев одговори дека МВР ги презема сите неопходни активности за спречување на короната, но толкав им е капацитетот на вработени лица во секое сокаче. Додаде дека се вклучени во спровод на лица од граничнми премини, на контрола на мерки за изолација и самоизолација, ограничување на движењето во карантин, контроли по угостителски објекти.

„Само министерот за внатрешни работи не може да ја реши оваа панцемија и здравствена криза. Неопходен е мултидисциплинарен пристсп од исте институции , вклучеително и голема совесност и свесност од граѓаните“, рече тој.

На дневна основа се изрекуваат на подрачјето на СВР Битола кое опфаќа шест општини околу 100 пријави за неносење на заштитна лична опрема. Од воведувањето на забраната за ограничување на движење до денес СВР Битола за истата територија има изречено 580 кривични пријави по член 206.

Ж.З.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани