
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Јавното претпријатие Водовод ќе гради своја управна зграда во стопанскиот двор на улица ,,Шеснаесетта" зашто досега беше потстанар и плаќаше големи суми за ќирии, сметки за греење и ладење.
,,денес е голем ден за Водовод, пред општинската Комисија за финансирање и буџет имавме излагање за новата управна зграда во делот каде Општината треба да ни излезе во пресрет за ослободување од комуналиите. Сонот на Водовод се остварува и мило ми е што јас ја имаа таа чест да го направам тоа, Водовод да има сопствена управна зграда. Тоа е единствено јавно претпријатие во општина Битола кое нема сопствена управан зграда, е под кирија. Во стариот објект сме кираџии на Сизот, имаме околу 800 метри квадратни корисна површина, а новиот објект ќе биде 1200 квадрати. Се стремиме објектот да биде модерен и да одговори на потребите на претпријатието. Ќе биде направен океански систем на работа , модерен стил, внатре со стакла, ќе нема ѕидови. Поделени ќе бидат по одделенија. Современ објект со наплатен центар, пристапни рампи за инвалиди", рече директорот Горан Козаров.
Утрово почина поранешниот новинар, презентер на вести и во последните неколку години портпарол на ЕВН, Атанас Ковачевски
Две новозаболени лица се регистрирани денес во Битола, со што вкупниот број позитивни на КОВИД-19 сега е 37.
Драстично се зголемува бројот на заболени во Ресен, каде се регистрирани 13 нови случаи. Со ова вкупниот број на позитивни се искачи на 45 и за само една недела, Ресен ја надмина Битола, иако од почетокот на кризата, речиси 100 дена, немаше ниту еден заболен
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, при денешната посета на Преспа, по повод одбележувањето на двегодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор, дојде кај некогашниот граничен преминна Маркова нога и се фотографирше кај каменот за кој се верува дека ја чува трагата од еднометарското стапало на Крали Марко.
Димитров ја објави фотографијата на својот ФБ профил и му се заблагодари на градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски, за легендата што ја сподели со присутните, според која пред многу години кога Крале Марко се шетал по крајбрежјето на Големото Преспанско Езеро, тој посакал да го види и Малото Преспанско Езеро (денес во соседна Грција) поради што се поткачил на еден камен оставајќи трага на него.
Каменот со трагата од Марковата нога се наоѓа во дворот на караулата која го носи неговото име
Димитров рече дека идниот граничен премин Маркова Нога-Лемос значи зближување и шанса за развој на Преспанскиот регион. Според него, пандемијата на Ковид-19 го намалила интензитетот на активностите, но граничниот премин ќе биде отворен.
„Идниот граничен премин Маркова Нога-Лемос го почнавме со првата Спогодба што ја потпишавме со соседна Грција по стапувањето на сила на Преспанскиот договор. Таа Спогодба е потпишана на македонски јазик, на грчки и на англиски јазик, ратификувана од парламентите и тука е правниот основ. Имаше едно забавување заради промена на власта во Атина, потоа двете комисии заседаваа во јануари и беа усогласени протоколите на експертските групи. Исто така беше планиран состанок во Солун на 18 март, каде требаше да се усвои целиот план, и до крајот на годинава ја планиравме патната инфраструктура, плановите за објектите, геодетските анализи и еколошките елаборати да бидат изготвените. Според анализите, можно е цела реализација да се заврши за две години“, појасни Димитров.
Е.М.

Битолчани на дело фатија жена како корни цвеќиња засадени на кружниот тек кај Црн Мост. Фотографијата ја испратија до нашата редакција за да ја објавиме како јавна опомена за ваквото недолично однесување.
Кражби и уништувања на цветните леи низ Битола има на повеќе места. Според надлежните од ЈП ,,Комуналец" засадени се 25000 цвеќиња, а некои веќе украдија и уништија дури 900.
