
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Истражувањата и проценките покажуваат дека помалку од 40% од возачите користат сигурносен појас. Тој процент е уште помал кога станува збор за сопатници на предното седиште кои користат појас.
Во наредните денови КЈП „Нискоградба“ ќе започне со изведба на приклучоци на колекторот на мешовита канализација од Пречистителната станица која се наоѓа над старата живинарска фарма кај село Дихово, па се до трафостаницата во селото Трново.
Поради тоа ги повикувааме сопствениците на околните изградени и неизградени катастарски парцели на овој потег, кој се во директна близина на колекторот, да се јават во техничката служба на Нискогардба-Битола, заради законската обврска за приклучување на колекторот.
КЈП "Нискоградба"-Битола
Сончевото време, чистиот воздух и одлично подготвените скијачки патеки беа доволен мотив, изминатиот викенд хотелот Молика и Ски центарот Копанки да ги срушат рекорди на посетеност. Гости од Битола и регионот, како и од соседна Албанија имаа можност да уживаат во зимските спортови и во убавините на националниот парк Пелистер.
-Беше вистинско задоволство да се биде сведок на незапаметена посетеност на ски терените на Копанки и да се почувствува пријатното расположение на гостите. Традиционалната гостопримливост карактеристична за вработените во „Молика“ уште еднаш беше потврдена преку дадените услуги и беспрекорниот сервис и покрај огромниот број скијачи, ски-бордери, планинари и рекреативци – велaт од менаџерскиот тим на Елемтурс, подружница Хотел „Молика“.
Модернизираната, проширена и реновирана тераса на хотел Молика беше преполна со гости во текот на целиот викенд.
Денеска во Битола традиционално беше одбележан Денот на руската дипломатија, а на Рускиот крст во Градскиот парк делегации на Амбасадата на Руската Федерација, Општина Битола, почесните конзули, Сојузот на борци и други невладини здруженија положија свежо цвеќе, по повод 117 годишнината од смртта на рускиот конзул и диломат Александар Ростковски.
Старото улично осветлување во битолската населба Карпош се заменува со нови ЛЕД штедливи светилки. Светилките не само што ќе го подобрат квалитетот на осветлувањето, туку и ќе донесат и заштеда. Дел од градот веќе е опфатен со ЛЕД осветлувањето, а градоначалничката Наташа Петровска најави дека ќе бидат поставени во секое уличе.