2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Училиштето   ОУ „Елпида Карамнди“ од Битола, кое како и останатите во градот, пред 4 месеци беше со блокирана сметка и долг од 500 илјади евра, без услови за набавкка на основни  средства, сега веќе започнува со реконструкција на се она што долги години беше запоставено. за само неколку месеци, комплетно се реновирани соблекувалните и санитарните јазли во училишната спортска сала во ОУ „Елпида Караманди“ во Битола, за што вкупно се вложени 750 илјади денари од општинскиот буџет. Овој простор за кој најчесто се однесуваа забелешките на санитарната инспекција, затоа што беше целосно руиниран и 40 години без никаков зафат, сега доби нов лик, но и соодветни услови за изведување настава за физичко воспитување во ОУ „Елпида Карамнди“, од каде најавуваат и покрупни градежни зафати.

DSC06246

-До пред 4 месеци имавме блокирани сметки 8 години, поради што не можеше да се планира, ниту да се изведи било какава активнос. Откако се одблокираа сметките, почнавме со активности, а првата работа беше реновирање на спортската сала затоа што забелешките на санитарните инспеткции се однесуваа токму на овој простор. Целосно е променет водоводот и одводот, извршено е поплочување, бојадисување, ги променавме стаклата на дограмата, реновирана е и канцеларијата на наставниците, рече Татајана Дамчевска, директор на ОУ „Елпида Караманди“-Битола.

Елпида 2

Градоначалничката Наташа Петровска рече дека оваа реконструкција на соблекувалните и санитарните јазли во училишната спортската сала е само најава за следните пообемни зафати.

-Општина Битола веќе ја подготви јавната набавка во висини од 2,5 милиони денари во ова училиште, по што ќе имаме сосема поинаков изглед на ова училиште, онаков каков што заслужуваат децата, рече градоначалничката Петровска.

Елпида 3

Директорката Дамчевска рече дека со деблокирана сметка веќе полесно се планираат следните чекори во училиштето.

-Зградата на училиштето се наоѓа во многу лоша состојба, треба да се реновира, исто и покривот, промена на надворешна и внатрешна дограма, подот и системот за греење. Долгот  беше 500 илјади евра, пари со кои можеше да се изгради ново училиште. Откако имаме одблокирани сметки, училиштето може нормално да работи и редовно се обезбедуваат канцелариски материјали и потребни средства за учениците, а дополнително се набавени се две паметни табли, десет зелени магнетни табли, една бела табла, големо проекционо платно за презентации и филмови, една бела подвижна табла, три училници за одделенска настава се опремени со клупи и столици, а во моментов се обновува осветлувањето во сите училници“, истакна Дамчевска која изрази благодарност до Советот на родители, за кои како шторече постојано се вклучени во сите активности на училиштето. 

IMG 20200204 112459

Лани училиштето доби два грата од ЕУ во висина од 130 илјади евра кои ќе бидат наменети во обука на наставници за работи со деца кои имаат потешкотии со учењето и размена на додобри практики за подобрување на технологијата на основните училишта. 

Е.М. 

Видео материјал од врвот Пелистер кој никого нема да остави рамнодушен изработи Пантелејмон Трпчевски, ученик од четврта година во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола. Материјалот изобилува со снимки од прекрасни планински предели, на дел од нив се гледа врвот над море од облаци,  а успеал да го улови и магичното изгрејсонце. Трпчевски е голем вљубеник во планината, а неговата планинска авантура ја преточи и на видео материјал во кој можат да уживаат и оние кои оваа зима не можат да се искачат на врвот. Материјалот е измонтиран од снимки кои тој ги направил од 25 декември 2019 година до трети јануари годинава и е насловен „Hike Pelister“

Ж.З.  

 

НА ДЕНЕШЕН ДЕН - 3 ФЕВРУАРИ 
Во 1977 г. кај Македонски Брод загина генералот на ЈНА и народен херој Васко Карангелески.
 
 
Роден бил во селото Брусник, Битолско, на 7 јули 1921. Бил истакнат припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење во Вардарскиот дел на Македонија и учесник во антифашистичката војна 1941-1944 г. 
 
Пред Втората светска војна бил земјоделски работник. Бил член на организацијата на југословенската комунистичка младина (СКОЈ) од 1941 г. и член на КПМ од 1943 г. Бил заменик-командант и командант на баталјонот „Стив Наумов“, заменик-командант на Четвртата бригада, а потоа командант на Петтата и Седмата бригада. На крајот на антифашистичката и ослободителна борба бил командант на Четириесет и деветтата македонска дивизија на НОВЈ.
 
 По ослободувањето Македонија од бугаро-германската окупација, дипломирал на Воената академија „Ворошилов“ во Сојузот на Советските Социјалистички Републики (СССР), ја завршил Вишата воена академија на Југословенската Народна Армија (ЈНА). Во ЈНА имал чин генерал-полковник и бил командант на дивизија, началник на штаб на корпус и на подрачје, началник на штаб на армиска област и командант на армија. 
 
Бил член на Централниот комитет на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ). Прогласен бил за народен херој на Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ) на 29 ноември 1953 г. Загинал во несреќен случај.
 
Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар

Извршниот одбор на Здужението на пензионери на Битола под претседателство на Томе Димитровски, согласно програмата за оваа година, со донаторски акции да помага специјализирани медицински установи, на својата последна седница одлучи повторно да го помогне Домот за стари лица „Сју Рајдер“, а ја прифати и поканата за склучување на меморандум за соработка со Здуужението на пензионери од општина Ѓорче Петров. Во врска со извештајот за финансиската работа во минатата година и извршениот попис се произнесе Валентина Станојовска, а истиот  беше прифатен со нагласок и натаму да се продолжи со економично работење и трошење на средствата само за потребите на пензионерите. 

На седницата беше информирано дека и годинава Здужението на пензионери од Македонски шуми ќе бара да им бидат доделени 8 000 кубици дрва, а по нивната одлука ќе се започне со запишување на пензионерите за огревно дрво за сезоната 2020/2021. pen 3

 

И покрај благата зима, бројот на пожари во Битола е голем. За 34 денови двојно повеќе пожари. 

„До овој момент имаме 60 интервенции, последните два- три дена иако беше топло време, имавме повеќе интервенции на отворен простор што значи менталитетот и недоговорносота на граѓаните, си продолжуваат. Вчера имавме два прожари во близина на Националниот парк Пелистер. Ќе мора да се бараат сили и начини да ја подигнуваме свеста. Ако почетокот е ваков, во топла зима на ден имаме шест интервенции, тоа се сериозни параметри за тоа што не очекува“, рече Костадин Поповски, командир на Противпожарната единица во Битола. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани