
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со традиционалното фрлање на светиот крст во осветените води во сите православни храмови во општина Новаци се одбележа големиот христијански празник Богојавление-Водици .
Главната церемонија се одржа во црквата „Св. Атанасиј Велики“ во с.Новаци каде на светата богослужба присуствуваа голем број на верници.
Од шеснаесетмината пријавени за фаќање на светиот крст оваа година најсреќен беше Христијан Стојановски кој за првпат го извади светиот крст .
Градоначалникот Љубе Кузманоски од името на општината му додели вредносен ваучер.
Општината обезбеди парични награди за сите среќни фаќачи на светиот крст во сите 16 населени места каде се негува традицијата на одбележување на Водици.
На светиот чин на фрлање на крстот во населените места с. Добромири и во с.Рибарци присуствуваше претседателот на Совет на општина Новаци Наумче Смилевски кој му ги врачи вредносните ваучери на среќните наоѓачи на светиот крст.
Градоначалникот Кузманоски на сите оние кои беа најсреќни и го фатија светиот крст му посака здравје , среќа и бериќет а на своите верници од општината им го честита Богојавление -Водици .


СВР Битола, Отсекот за превенција за време на празникот Водици на три локации во Битола во верските објекти Св. Недела, Св. Димитрија и Св Богородица дела флаери со совети за превенција во сообраќај, заштита од кражби и поротехнички средства. Оваа превентивна активност беше спроведена во рамки на прокетот „Полицијата и граѓаните заедно“, а во соработка со РСБСП и Општинската организација на Црвениот крст, како и учениците од „Таки Даскало“.




Маглата ќе попушти, следува период на стабилно време со слаб до умерен северен ветер, поради што условите за магла ќе се намалат, валат од УХМР.
Денеска времето променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. По одделни котлини ќе има појава на магла. Во западните планински подрачја ќе има услови за провејување на снег.

Младата Кристина Николовска беше единствената девојка меѓу скокачите по крстот во Битола. Со години ова беше само машка традиција, а Кристина покажа дека и девојките можат да учествуваат рамноправно во церемонијата. Таа беше единствената девојка меѓу триесетемина машки кои скокнаа во базенот.
11 годишниот Марко Манговски беше најмладиот меѓу скокачите по светиот крст во базенот на црквата Св. Димитрија во Битола.
„Имам единаесет години, првпат скокам и чувството е преубаво. Инаку учам во Основното училиште Даме Груев “, рече Марко.
