
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По магнолиите во паркот кај Градскиот саат, расцветаа и јапонските цреши кои од пред неколку години корен фатија покрај Безистенот. Чудесни се боите на Битола во пролет.
Дури 321 случај на Роми кои барале совети и помош од Прваната клиника биле евидентирани во периодот од февруари до декември минатата година во Битола. Според груба пресметка, тоа би значело дека секојдневно се обраќале до Правната клиника отворена преку проект на Центарот за развој на ромската заедница „Баирска светлина“, поддржан од Европскиот центар за правата на Ромите од Будимпешта.
По повод Светскиот ден на здравјето во Клиниката болница во Битола се одржа собир на медицински лица и други вработени во установата, на кој беа доделени благодарници за најуспешните здравствени работници и на оние кои заминуваат во пезнија.
По повод 7 април- Денот на здравството, претставници на Здружението на пезнионерите од Битола ја посетија Клиничката болница „Др. Трифун Пановски“ и на Интерното одделение му дадоа донација во постелини.
Како што соопштија од Здружението на пензионери, во разговорот со директорот на Болницата Зоран Лазаров се договориле за понатамошна помош во донации, како и за проширување на сорабтката што ја имаат воспоставено. Здружението на пезнионери од Битола и пред извесно време имаше организирано исто така донација за Битолската болница.
Злата Даниловска II клас од Државното средно музичко училиште во Битола освои прва награда (98 поени) на Меѓународниот натпревар по солфеж што вчера се одржа во Белград, Република Србија. На натпреварот со трета награда се здоби и Сара Сиљановска (89 поени) од истото школо.
-По втор пат го освоивме Белград, сега одиме понатаму во нови победи, велат од Државното средно музичко училиште во Битола.
Пајакот утрово ги подигна непрописно паркираните возила на улицата „Климент Охридски“ во центарот на градот.
Под мотото „Градиме мостови кон иднината„ граѓанските организации „Сумнал“, „Баирска светлина“ и Националната контакт точка РОКМКАТЕД, годинава се вклучија во одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите- 8 Април.
Општина Могила интензивно работи на реализација на повеќе инфраструктрни проекти, информираат од оваа локална самоуправа. Пристапни патишта за земјоделците во Ношпал, подобрување на теренто во излетничкото место „Дупен Камен“, а во наеленото место Трновци по барање на месната заедница се пробиваат полски патишта и се поставуваат цевки за да се спречи поплавување на полето.
Лицемер, оваа квалификација ја доби лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Кристијан Мицкоски при посетата на Битолскиот пазар, од директорот на ЈП „Пазари“, Владе Атанасовски.