
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„СТРАБАГ АГ подружница СТРАБАГ Скопје“ и „ИСКРА ДД“ како изведувач и подизведувач на градежните работите за изградба на железничката пруга Битола-Кременица ги известуваат жителите на Битола, Кравари и околните места дека денес 16.04.2019 година, од 10:00 до 13:00 часот ќе вршат тестирање на пругата со патнички воз, јави ТВ Тера.
Средномесечните концентрации на ПМ 10 честичките во Битола во март биле под максимално дозволените граници од 40 микро грами на метар кубен. Но, загрижуваат податоците за ПМ 2,5 честички кои на сите локации каде има мерни станици во градот се движеле над просечно пропишаните 10 микро грами на метар кубен. Ова е дел од Извештајот за квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола објавен од Платформата „Земи здив“.
Ликот на Исус Христос го изгравирала средношколката- иноватор Евгенија Дивитарова на 55 државен натпревар на млади истражувачи што викендов се одржа во Куманово. Целта ѝ била да покаже дека нејзиниот изум, цнц машината, може да гравира со ласер и во нијанси.
По извршените подготовки во изминатите денови, започна асфалтирањето на потегот од кружниот тек кај Лук Оил на излезот од Битола кон Ресен, до влезот во селото Братиндол, во должина од 3 километри. Директорот на Македонија пат подружница Битола Беким Мемети истакна дека оваа активност во вредност од 15 милиони денари, го надминува проблемот со пропаднатиот асфалт на самиот кружен тек, кој со години наназад ја загрозуваше безбедноста на возачите, а истовремено оставаше лоша слика за самиот влез во градот од страната кон Ресен, соопштија од Општина Битола.
Времето и денес ќе биде облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, а температурата во Битола ќе се движи од 7 до 10 степени.
Општина Новаци спроведе акција за чистење на времените депонии во Новаци и Добромири. Ваквите депонии се создадени со цел месното население да го одлага комуналниот смет и градежен шут на едно собирно место со цел да не се создаваат помали диви депонии на несодветни места .Насобраниот комунален смет од овие депонии потоа се транспортира до депонијата Мегленци .
Акцијата за чистење беше поздравена од локалното население, изразувајќи го своето огромно задоволство од големиот ангажман на градоначалникот Љубе Кузманоски .
-Од локалната самоуправа упатија апел до граѓаните на Општина Новаци за совесно однесување кон веќе исчистените депонии и подигнување на јавната свест за несовесното постапување со отпадот, бидејќи заштитата на животната средина во голема мера зависи од правилниот однос и постапување со отпадот, велат од општината.
Порибена е Акумулацијата „Стрежево“, а на порибувањето присуствуваа членови на спортско рекреативниот клуб „Рибар 2011“ од Скопје, вработени во ЈП „Стрежево“, инспектор од државниот инспекторат за земјоделство, шумарство и водостопанство како и други спортски риболовци.
Директорот на ЈП „Стрежево“ Менде Граматковски најави дека во следниот период ќе има уште порибувања со цел зголемување на рибниот фонд во Акумулацијата.