2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

„Изборниот ден помина во исклучително мирна, фер и демократска атмосфера. Имавме кристачно чист, прв изборен круг од претседателските избори. Имавме скандинавски избори како што доликува на идна земја членка на НАТО Алијанската и ЕУ. Своето гласачко право граѓаните го искористија слободно, на достоинствен, демократски начин и покажаа демократска здрелост и одговорност пред општеството и државата. Спроведени се мирни, фер и демократски избори“, рече Александар Кирацовски, претседател на Изборниот штаб на СДСМ.   

 

До 18,30 часот во општина Битола на гласање излегле 46 проценти од гласачите. Во Новаци гласале 60,12 проценти, во Могила 51,17 проценти, Демир Хисар 58,36 проценти од вкупниот број на гласачи во општините. 

Во канцеларијата на Народното правобранителство во Битола денес биле поднесени пет официјални претставки од гласачи.  Две од нив, поради нарушување на изборниот молк со уфрлување на политичко пропаганден материјал во поштенски сандачиња во станбени згради и уште неколку други случаи пријавени од граѓани кои не се нашле во избирачкиот список, а личните карти им биле извадени по 8 февруари.

Излезноста на гласачите во Битола до 15 часот изнесува 32,75 проценти, соопштија од Општинската изборна комисија.  

Новаци е втора општина во државата по излезност, веднаш по Крива Паланка. Според резултатите од ДИК, до 17 часот во Новаци на гласање излегле  53,73 проценти од гласачите, а во Крива Паланка 55.03 проценти и е на прво место во државата по излезност. Меѓу општините со поголема излезност се и Демир Хисар со 51,94 проценти и Демир Капија со 52,78 проценти. .  

На подрачјето на општина Могила се запишани 5282 гласачи на 23 избирачки места. До 13 часот на гласање изглегле 18,57 проценти од гласачите. Според Славко Велевски, претседател на Општинската изборна комисија, гласањето течи без проблеми. Во оваа општина најоддалечени избирачки места се оние во селата Мојно и Трновци, на 24 километри од центaрот на општината.

Општина Новаци е на врвот на општините со најголема излезност во текот на денешното гласање на претседател на државата. До 13 часот на гласање излегле 33,12 насто и од гласачите.

Во Општина Могила за истиот период излезноста изнесува 18, 57 насто.

novaaaa

Граѓанин  го паркирал својот автомобил во тревата пред Битолскиот Музеј и најверојатно отишол на гласање на некое од избирачките места сместени во оваа институција. Минувачите коментираат дека кој и да е не смеело да си дозволи да ја гази тревата и колата ја да паркира  на зелена површина.

Денеска во Битола  паркирањето е слободно и не се наплаќа, па и овој возач би требало да знае дека  тревникот пред Музејот не е паркинг простор.

Во Општина Новаци на денешните претседателски избори до 10 часот гласале 10,34 насто од избирачите, што според ОИК-Новаци излезноста е во рамките на претходните избори, но повисока од излезноста во  останатите пелагонски општини.

Во Новаци на гласање се оди и со патерици.

Сите 169 избирачки места во општина Битола утрово на време беа отворени. Како што соопштија од Општинската изборна комисија, гласањето тече без проблем. Со право на глас се 81738 жители на општината. Годинава згаснува гласачкото место Злокуќани каде има само десет гласачи кои гласачкото право ќе можат да го остварат во село Бистрица. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани