
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Годинешниот добитник на највисокото општинско признание за животно дело, наградата „4 Ноември“, Благој Стефaновски-Баге, денеска засади дрвце во алејата на добитниците во Градскиот парк во Битола.
Финската ѕвезда на хармоника Хели Сиекинен на 15 ноември настапува на фестивалот „Музика од светот“ во Битола, концертот е во придружба на Битолскиот камерен оркестар. За Хели се вели дека е една од реформаторите на нејзиниот инструмент.
Таа свири со отменост и страст, со звук кој е навистина уникатно нејзин.
Огнениот, но и елегантен стил ја натера публиката ширум светот да се заљуби во нејзината музика.
Душата на инструментите оживуваат во рацете на Хели и допираат до слушателите на влијателен начин.
Хели го започна своето музичко патување на тригодишна возраст со класичната хармоника. Нејзиното прво учество на натпревар беше на шестгодишна возраст со што успешно ја започна својата натпреварувачка кариера. Пет пати била првонаградена на натпревариите во Финска,а добитник е на второ и трето место на светските првенства во Италија и Данска.
Учела класична хармоника кај врвни педагози: Владимир Долгополов (Русија), Ерик Брандер (Финска), Алпо Похија (Финска), Фридрих Липс (Русија) и Мати Рантанен (Финска). Дипломирала во 2004 година на конзерваториумот Јиваскила во Финска.
Интересот кон музиката во сите свои форми ја водел кон многу проекти. Настапувала како солист или како дел од бројни ансамбли во концертни сали, театри и клубови со разновидни репертоари. Еден од ансамблите беше и “Квинтето Фуего”, кој стана нејзина страст од 2001 година. “Квинтет Фуего” го изведуваше танго Нуево од Астор Пијацола и учествуваше на меѓународниот натпревар “Астор Пијацола” во 2004 година во Италија, пласирајќи се на второ место со одлични рецензии.
Музиката на Пијацола беше инспирацијата за Хели да ја проучи уметноста на бандонеонот. Доби покана да студира со Петар Соаве (САД) кој го жирираше натпреварот “Астор Пијацола”. Таа го свиреше нејзиниот дебитантски концерт во 2010 година како солист заедно со симфонискиот оркестар на Универзитетот Јиваскила со што стана првиот и единствен бандонеонист што изведува Концерт на бандонеон заедно со оркестарот “Аконкагва” во Финска.
Јелена Томашевиќ на 16 ноември настапува на фестивалот „Музика од светот“во Битола.
Јелена Томашевиќ Босилчиќ е вокален интерпретатор на поп музиката со силно изразени гласовни можности и вештини.
Од победата на детскиот наптпревар „Шаренијада“ на седум годишна возраст, преку победите на телевизискиот натпревар за млади таленти „ТРИка дур“, победите на Беовизија во 2005 и 2008 година, настапот на Евровизија во 2008 година, настапот во филмот „Ивкова слава“, учеството во мјузиклот на Ивана Жигон „Бели жерави“, Јелена стана високореспектирана и барана ширум Европските сценски простори.
Нејзиниот прв албум „Панта реи“ во продукција на Минакорд стана најпродаван и најслушан албум во регионот, а вториот студиски албум објавен во 2015 година повторно и донесе голем успех кај публиката, критиката и колегите.
Јелена е една од ретките која успеала два пати последователно во 2016 година да ја наполни концертната сала на Сава Центарот во Белград, Србија.
Со години реализира концерти во Србија и регионот и успешно ги освојува срцата на публиката и стручните лица од областа на поп музиката.
Општина награди петмина ученици од основните и средните училишта во градот по повод празникот на Битола. Парични награди од по 5000 денари им се доделени на ученичката од Горната гимназија Мила Ивановска , за постигнувањево математиката. Наде Смилевска од четврто одделение од ОУ „Св.Кирил и Методиј“за покажан успех во шах. Наградена е и ученичката од Нижото музичко училиште Софија Михајловска која свири пијано, како и Андреја Велјановска од Средното медицинско училиште градски првак во куглање. Антонио Дамјановски од ОУ „Климент Охридски“ е награден за постигнати успеси во мото крос.
редакција Апла.мк
Пилотот Васко Михалчев паричните средства како добитник на наградата 4 Ноември за едногодишно остварување ќе ги донира во Домот за доенчиња во Битола. Михалчев ова го најави вечерва на Свечената академија одкако градоначалничката Наташа Петровска му ја врачи наградата. Михалчев е пилотот, херој кој учествуваше во гаснењето на пожарите ова лето.
редакција Апла.мк
Ни едно слободно место не остана во салата на Народниот театар на Свечената академија по повод 4 Ноември. Присутни се добитниците на наградите, градоначалничката Наташа Петровска, вицепремиерката Радмила Шекеринска, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, претседателот на советот Валентин Груевски.Пратеникот Александар Кирацовски, советници од Советот на Општина Битола, директори на јавни претпријатија и установи, здруженија на граѓани и многумина други битолчани. Во салата нема ни еден претставник од опозицијата. Манифестацијата започна со пеење на химната од страна на оперската дива Марина Коруновска.



редакција Апла.мк
Џамбо Агушеви Оркестар настапува на фестивалот МУЗИКА ОД СВЕТОТ во Битола, заедно со долгогодишниот пријател и соработник Благојче Трајковски и ќе биде првото нивно концертно претставување во градот на конзулите.
