2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Јавното претпријатие „Стрежево“ и покрај крајно неповолната хидролошка состојба, веќе има обезбедено вода за РЕК „Битола" и ЈКП “Водовод", беше посочено на денешната средба на директорот на „Стрежево“ Менде Граматковски со директорите на ЕСМ Васко Ковачевски и на РЕК „Битола“ Златко Ќурчиевски.

„Потребните дванаесет милиони метри кубни вода се обезбедени во целост. Остануваме фокусирани на реализација на предвидените заеднички цели со АД ЕСМ, со прецизна стратегија, јасен фокус и визија во сите сегменти од заеднички домен“, рече Граматковски.

На средбата беше потенцирана заложбата за развој на сигурна енергетска иднина, инвестирање во обновливи извори на енергија, како и соработката во оваа насока меѓу двете институции за заемно искористување на капацитетите на знаење и техничка поддршка.

Денеска на сметките на 3213 одгледувачи на овци легнаа субвенциите во висина од 607 милиони денари, најави од Битола министерот за земјоделство Трајан Димковски, при посетата на фарма во Потпелистерското село Дихово..

 -Пред една недела се исплатија субвенциите за одгледувачи на говеда, а денес се исплатени субвенциите за обележани грла овци. На сметките на 3213 одгледувачи на овци легнаа субвенциите во висина од 607 милиони денари. Ова е само уште една потврда дека субвенциите се исплаќаат навремено и неселективно. Од идниот месец ќе се исплатат субвенциите за свињи, кози и пчели, рече министерот Димковски. 

87773149 488779928466415 8066369742086078464 n

 
Почна реконструкцијата на патот за Маловишта , единствено село кое е сместено во Националниот парк "Пелистер" и прогласено за заштитена споменична рурална целина. 

Дежурната екипа на Одделението за гинекологија и акушерство во ЈЗУ Клиничка болница Битола Д-р Маја Аврамовска, сестрите Весна Спасевска и Муневер Веџиу штотуку го донесоа на свет 101 то бебе за годинава, Михаил ,а изминатите 24 часа се родија вкупно 5 бебиња од истата деж. екипа предводена од Д-р Ристевска и Д-р Аврамовска. .

Старата зграда на Затворот кај  „Црн Мост“ во Битола, замина во историја. Објектот каде над половина век, во крајно мизрени и деградирaчки услови , илјадници затвореници ја издржуваа затворската казна, добива нов лик.

Маестрална изведба на хор од Холандија на старата македонска песна „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“. 

Холанѓаните ја пеат песната на чист македонски јазик, без акцент, што е речиси неверојатно за странци на кои не им е мајчин јазик.
 
 Станува збор за исклучителна изведба, а со овој пример во кој странци ја пеат оваа песна во оригинал,  на македонски јазик,  апла.мк се приклучува кон одбележувањето на Светскиот ден на мајчиниот јазик. Да се грижиме за нашиот македонски јазик, да го негуваме, да го сочуваме како најголемо кутлруно и духовно богатство. 
  1. Банер позиција над главна коцка рубрика Директно          15 000 денари неделно
  2. Банер под главна коцка                                                         13 000 денари неделно
  3. Страничен банер до главна коцка                                        15 000 денари неделно
  4. Страничен банер  до рубрика Дневно                                  13 000 денари неделно
  5. Страничен банер под рубика Крфица                                  10 000 денари неделно
  6. Страничен банер од рубрика Шо рече                                  9000  денари неделно
  7. Страничен банер до рубрика Вилает                                    9000 денари неделно  
  8. Страничен банер  до рубрика Ифрит                                    9000 денари неделно          
  9. Банер над рубрика Опули                                                       5999 денари неделно

Наведените цени во денари се  основни и важат на поставување банер само на насловната страница од нашиот Веб портал.

Цената на поставување банер на било која друга страница (различна од насловната) изнесува за 30 % поевтино од основната цена.

Цената на поставување на основната страна на нашиот веб портал и на било која (уште една ) страна се зголемува за 50 % од основната цена.

Поставување на повеке од две страни ке се тарифира според дополнително договорена цена.

Наведените цени се за неделно објавување.

Цената на соопштенија и огласи без поставен банер е 1000 денари неделно

За склучени годишни договори цените на сите позиции се 50% од основните..         

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани