
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вработени од Јавното претпријатие „Комуналец“ вчера рачно го исчистија расфрланото ѓубре од улицата „Илинденска“, а во дел и од „Дебарска“. Тие се метли го изметија коловозот, па и тротоарите и просторот пред влезните врати од куќте. Битолчани беа изненадени зашто до сега никој не им сметил пред вратите, освен тие сами. Покрај ова се искосија и средија и останатите зелени површини на овие улици.
Најмногу ѓубре се расфлрла од насовесни граѓани кои отпадоците ги фрлаат на улица, ученици кои на големиот одмор купуваат храна од малските колонијали, а амбалажата место во корпа за отпадоци ја фрлаат зад себе. Не помалку се виновни и одредени продавници кои сметот наместо во затворени контејнери го чуваат на отворено, па ветрот го разнесува низ улиците.
Директорот на ЈП „Комиуналец“ Панде Богоевски рече дека се работ за поголема акција за чистење на повеќе улици иако не се во нивната годишна програма за јавна чистота.
„Комуналец има обврска да работи според програматра за јавна чистота а во неа се наведени точно кои улици се обврска на Комуналец и за нив добиваме пари од Општината. Но, покрај тоа има многу барања од граѓани од различни населби каде не е предвидено да се врши чистење. Од тие причини ние сакаме да излеземе во пресрет на нивните барања затоа презедовме акција која трае неколку недели и ќе продолжи во седниот период. На одредени локации со поголема група на луѓе се изврши рачно чистење, метење на улиците каде според зборовите на граѓаните ова за прват се случува во нивните улици. Се работи на улица Дебарска, Илинденска, а во претходниот период околу болницата Плодност, на Лавчански пат, улица Анесети Пановски, населба Кланица, а во следниот период влегуваме на улица Ружа Делчева“, рече Богоевски.
Останува прашањето до кога ќе остане чисто?
Ж.З.
Жителите од улицата „13 Јули“ во Битола конечено ќе газат по асфалт. По поставувањеот на мешовитата канализација од страна на KЈП „Нискоградба“, во вредност од 813.828 денари, Општина Битола продолжува со санација и подготовки за асфалтирање и поставување на тротоари на ул. „13 Јули“. Градоначалничката на Општина Битола, во присуство на голем број локални жители, истакна дека конечно граѓаните од овој дел ќе добијат асфалт.

„Деновиве продолжуваме со уредување на коловозот, тротоарско решение и дел од паркингот околу овие згради. Висината на сумата на сегашните инфраструктурни зафати е над 4,7 милиони денари, што значи дека вкупно, со претходно вложеното во канализацијата ќе биде над 5,5 милиони денари. Сакам да нагласам дека овој потег е една заостаната состојба од минатото на нерешена инфраструктура и покрај тоа што биле платени комуналии и воедно била должна општината да го среди овој простор. За жал, во градот имаме низа вакви ситуации, но како сегашна локална самоуправа покажуваме одговорност во решавање на сите овие проблеми“, рече градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска.
Следна фаза на реализација во оваа улица ќе би де поставување на улично осветлување, како и осветлување на паркинг просторот околу зградите.

Во рамките на програмата „Зајакнување на општинските совети“, во Битола започна првата форумска сесија во која директно учестсвуваат граѓаните и преку која, како краен продукт треба да биде избран проект или проекти во интерес на граѓаните на Општина Битола.
