
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На големиот празник Пресвета Богородица, заштитничка на мајките и на леунките, на Гинеколошко-акушерското одделение при Клиничка болница ,, Д-р Трифун Пановски" - Битола имаше 18 здрави бебиња, објавија од Мајчината школа на нивната фејсбук страница. На фотографијата се гинеколозите Николина Ристевска и Иванчо Василевски во придружба на своите колеги неонатолози и друг медицински кадар од истото одделение, опкружени со бебињата родени деновите пред и за Пресвета Богородица во Клиничката болница.
Акцијата за чистење на коритото на реката Драгор, која започна на почетокот на август влегува во последната фаза. Механизацијата ангажирана од ЈП „Нискоградба“ денеска беше по течението во централното подрачје, односно на потегот од Ленски мост до Дрвеното мовче.
Земјотрес со јачина од 6 степени според Европската макросеизмичка скала со епицентра во Јадранското море, на 6 километри од Драч во Албанија, беше почувствуван во Битола, но и во повеќе градови во Македонија, во 16 часот и 4 мин. Нецели десет минути подоцна, следше и втор потрес со иста јачина од 6 степени степени, со епицентар на 4 километри од Драч
Целосно исчистен е просторот каде беа смесени некогашните бараки на УЈП и депонијата која таму се создаваше со години. Наместо грдата слика со смет и рушевини, сега може да се види чист простор на кој општината најави дека ќе му најде примена во интерес на граѓаните. Местото беше исчистено во акција на јавните претпријатија на Општина Битола, предводени од ЈП „Комуналец“, а откако се исчисти просторот беше и измиен за да не се создава прашина. Во акцијата се вклучи и локалното население.
Оддавањето почит кон делото на браќата Манаки и посетата на гробот на Милтон Манаки на Влашките гробишта во Битола е традиција која ИФФК „Браќа Манаки“ заедно со домаќините од Комуната на Власите и Советот на Општина Битола ја одржува со години.
Добредојде на гостите во комплексот на Влашките гробишта им посака Стефан Хаџи-Андоноски, кој потсети дека во Битола се наоѓа гробот на Милтон, додека Јанаки Манаки е погребан во Солун. Додаде дека годинава навршија 55 години од смртта на Милтон Манаки.
-На ова место пред 40 години, кога организиравме комеморација за Милтон Манаки, ја покренавме иницијативата за вечен спомен на големото дело на Манакиеви. Така се роди идејата за Манакиевите средби кои прераснаа во Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, објасни Стефан Хаџи-Андоноски.
Директорката на 40. ИФФК „Браќа Манаки“, Гена Теодосиевска, изразувајќи почит кон делото на браќата Манаки упати благодарност и со сите кои даваат несебична поддршка во одржувањето на Фестивалот, како Општина Битола, Министерството за култура, Агенцијата за филм, сите културни институции во Битола и, секако, граѓаните и публиката во Битола.
Кинематограферот и лауреат Јоргос Арванитис, поклонувајќи се на гробот на Милтон Манаки, рече дека треба да се продолжи да се негува делото творештвото и делото на браќата Манаки и се потсети дека пред повеќе од 10 години бил присутен на истото место само на еден ден, кога заедно со режисерот Тео Ангелопулос направиле снимки за потребите на филмот „Ulysses Gaze“. Тој ден во Битола имало голем снег, а сега забележал дека градот е сосема поинаков од тогашното време. Делегацијата на Советот на Општина Битола беше предводена од Валентин Груевски, а присутни беа и советниците Биљана Поповска и Иванчо Тошевски.
Почит кон делото на Милтон Манаки оддадоа и Пол Рене Ростад, претседател на Бордот на ИМАГО, кинематограферот Рајнер Клаусман, членовите на фестивалското жири Доминик Велински и Фејми Даут, уметничкиот директор на фестивалот Благоја Куновски - Доре, како и други кинематографери, автори и гости на 40. ИФФК „Браќа Манаки“.
Здружението на пензионери од Битола го одбележа 20 септември, Денот на пензионерите, а Извршниот одбор и Собранието на Здружението под претседателство на Томе Димитровски и Крсте Белевски одржаа состанок на кој донесоа одлука да се формира Комисија за купување на просторија за клуб на пензионери каде нивните членови ќе можат да врват дел од слободното време. Комисијата ќе работи во следните денови, просторијата е најдена, само треба да се договорат со сопственикот за купување, а не за плаќање откупнина. Се донесе одлука за прифајќање на донацијата од ЈП „Комуналец“ за поставување клупи на влезот кај објектот на пензионерите со што тој ќе добие естетика, а во следниот период ќе се изгради и настрешница.
В недела во Радовиш ќе се одржи спортски натпревар на пензионерите на кој ќе учествуваат 850 пензионери, од кои од Битола 30 лица во некоку спортски дисциплини. На 25 септмеври во Битоа ќе се одржи регионана средба со наслов „Пензионерите пеат“, ќе учествуваат десетина групи со по две изведби. Меѓу нив ќе биде и „Сирма војвода“ која работи при битолското здружение и неодамна настапи и на Илинденски денови и на други културни манифестации.