
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Над 200 метри кубни ѓубре е собрано во есенската акција за чистење на повеќе од 20 диви депонии во урбаниот дел на Битола, во која учествуваа сите јавни комунални претпријаија од градот, а се приклучија и голем број граѓани кои живеат во близина на овие депонии..
Вработени од јавните претпријатија „Пазари“ и „Комуналец“ како и граѓани од околните населби од утрово го чистат просторот околу Новиот реонски пазар во Битола.Директорот на ЈП „Пазари“ Владе Атанасовски вели дека во многу наврати и самоиницијативно со поголеми акции го исчистиле просторот околу Новиот реонски пазар, но за жал за кусо време отпадоците се насекаде на оваа локација.
-Треба подигање на свеста на граѓаните околу заштитата на животната средина. Токму овој простор многу пати е чистен средуван и дезинфициран , но повторно и повторно се фрла секаков отпад. Денеска со наши вработени и вработени од „Комуналец“ излеговме на терен и што е за респект ни се приклучија и граѓани. Тука сме да ја смениме сликата на подобро, и се надевам дека оваа слика ќе потрае и ѓубрето секој од нас ќе го фрла онаму каде што му е местото, во контејнерите а не по земја, на улица или каде ќе им текне. Мора да ги чистиме дивите депонии и да не дозволиме да се повторат, изјави Атанасовски за апла.мк
Од денеска ЈП „Комуналец“ ја започна големата акција за чистење на дивите депонии во Битола, во која со своја машинерија учествуваат и јавните претпријатија „Водовод и „Нискоградба“, а во акцијата учествуваат и претставници на невладиниот сектор и локалното население.
Жардиниерите на Широк Сокак полни се со ѓубре. Кој како стигнал во нив, среде цвеќињата, ги оставил празните лименки и пластични шишиња од пијалоци, како и отпадоци од хартија и се друго.
Час и половина граѓани од Битола, поддржувачи на опозициската ВМРО ДПМНЕ го чекаа лидерот на партијата Христијан Мицкоски на најавената средба со битолчани.Партијата на Мицковски најави дека денеска од 16 и 30 часот нивниот лидер ќе биде на Широк Сокак за да ги слушни проблемите на граѓаните и заедно со својот тим да понуди решенија за истите.
-Од денеска почнуваме со кампања која ќе биде предкампања која што треба да заврши со една голема победа на народот пред се, а потоа победа и на ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата на предвремени парламентарни избори. Се надевам дека и од овде и од Битола, местото од каде што ја започнуваме и оваа наша кампања наречена „Обнова за Македонија“ да ги повикам да се охрабрат да се осмелат да се соочат со народот, да излезат помеѓу народот да видат дали навистина „блескаме“. Единствено нешто што „блеска“ се куфер политиките. Затоа да се охрабрат и да излезат од оние дебели кожени фотељи и да распишат предвремени парламентари избори и да видиме дали политиките на Зоран Заев и СДСМ „блескаат“ или „блеска“ незадоволството на народот, изјави пред битолчани Мицкоски.
Дури 32 деца кои работат на улици, односно просат се евидентирани преку проектот Психо-социјални и здравствени интервенции за деца од разнливи популации што се финансира преку ИПА фондовите за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Грција.
Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние денес ја посети гимназијата „Јоспи Броз Тито“ од Битола каде беше потпишан уште еден петгодишен договор за соработка со Француската алијанса што овозможува размена на ученици и соработка на многу проекти.
„Оние кои се најодговрни за состојбата во која што ни ја оставија Битола, урнисана и ограбена, денеска ќе дојдат на разговори со битолчани“, рече денеска на прес конференција Жаклина Нуамовска, советник од СДСМ и секретар на општинската организација на партијата, по најавата дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на Широк Сокак ќе разговараат со граѓаните за обнова на Битола.
Во периодот од 2 - 4 Октомври, во хотелот Епинал во Битола, ќе се одржи VIII СЕК –Симпозиум на етнолози конзерватори во организација на НУ „Завод и музеј“ - Битола,Министерството за култура на Р. Северна Македонија, Министерството за култура на Р. Хрватска, Конзерваторските оддели од Загреб, Славонски Брод и Заводот за заштита на културно наследство на Р. Словенија, Подрачна единица Ново Место.
Темата на овој меѓународен собир е Управување со културното наследство: од валоризација до интерпретација.
Начелно, сите служби за заштита на спомениците на културата, своето внимание го посветуваат на професионални и административни задачи поврзани со заштитата на недвижното културно наследство, а во тој контекст и на заштитата на движното и нематеријалното наследство.
Со оглед на тоа, вработените во овие институции секојдневно се сретнуваат со сопственици, корисници и други заинтересирани лица, поврзани со заштитата и обновата на културното наследство.
Во контекст на изнесеното, посебно внимание се посветува и на промоцијата на истражувачката и конзерваторската работа, како и на организирањето на различни стручни средби, предавања и изложби, каде што се презентираат конзерваторските активности врз нашите споменици на културата, и воопшто на културното наследството.
Од одржувањето на Првиот симпозиум на СЕК 2003 год., па до денес, како организатори на настаните наизменично се појавувале словенечките и хрватските конзерватори, па за нас е од особена чест што во својство на организатори и домаќини, оваа година се појавуваат македонските конзерватори.