
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Врз основа на Основниот договор за изработка на колектор за фекални отпадни води за Бегова чешма профил1 и профил2 -Битола, кој го има склучено КЈП „Нискоградба“ Битола со Општина Битола, а врз основа на сообраќајниот проект за времен режим на сообраќај, Ве известуваме дека соораќајот на потегот од црквата во с. Трново до Откупниот пункт на Млекарата ќе биде во прекин и тоа секој работен ден од 8 до 15 часот, освен во недела, во временски период од три недели, почнувајќи од 10.10.2019 година.
Лепенки со предупредувачки знак за радиоактивност и натпис „Иди зима“ денес беа залепени на повеќе шахти низ градот. Официјално не се знае кој ги поставил, а на социјалните мрежи некои напишале дека ова е акција на група битолчани поради загадениот воздух.
По ова со писмена реакција се огласи СДСМ истакувајќи дека ова е очаен и крајно неинвентивен обид за заплашување на граѓаните, предизвикување паника меѓу нив со употреба на разни семиотички симболи кои имаат за цел да предизвикаат внимание.
Започна поставувањето на новите корпи за отпадоци, за почеток на Широк Сокак. По констатираната состојба на терен, ЈП „Комуналец“ набави 130 корпи за отпадоци. Новите корпи ќе бидат поставени во централното градско подрачје, додека пак, постарите ќе бидат остранети, репарирани и ќе бидат наместени на други места во градот каде што има потреба.
-Граѓаните искажаа задоволство од поставувањето на новите корпи при средбата со градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска и директорот на ЈП „Комуналец“ Панде Богоевски.Работните активности ќе продолжат и во наредните денови со зголемена динамика, а ќе бидат поставени и нови контејнери, стои во информацијата од Општина Битола.
Ракометот се враќа дома. Вака пред малку напиша на својот ФБ профил, претседателот на Советот на Општина Битола, Валентин Груевски, додавајќи дека во четврток ќе се одржи седница со единствена точка на дневен ред - давање согласност на Договорот за уредување на капитална и управувачка структура на РК Еурофарм и РК Пелистер.
Низа години, од оваа перспектива декади, сум говорела за еснафот и еснафското кое ретко кое населено место го има во Македонија, дотолку повеќе што тое е белег на есенцијалната разлика на Битола за сметка на другите градови и населени места.
Падна првиот снег на Пелистер оваа есен, за Апла.мк веста ја потврдува планинарот и спасувач Петар Нолев-Пепо. Фотографиите се на битолчанецот Пецо Стојчевски, вработен во предавателниот пункт Антена, Македонска радиодифузија. Пелистер последно годинава побеле и сред лето во јуни.
Денеска Македонија е под влијание на свеж бран со локален дожд.
Временската прогноза за денеска носи доста променливо и облачно време . Метеоролозите од УМХР најавуваат слаб ветер а температурите ќе се искачат до максимални дневни температури околу 20 степени.
Во следните три дена пак се очекува температурите да растат но во среда се најавуваат студени утра со температури кои на места ќе паднат и до нула.
Во среда се очекува малку до умерено облачно и потопло со слаб до умерен јужен ветер од денес со максимални дневни температури од 16°С до 23°C. Во четврток и петок се очекува сончево и умерно време со максимални температури кои во текот на денот ќе достигнат до 26 степени Целзиусови.
За време на викендите учесниците имаa организирани екскурзии во Цирих, a исто така имаа можност да ги посетат и водопадите на реката Рајна, Констанс и Музејот за наука Технорама.
Во оваа размена беа вклучени ученици од две основни училишта од Скопје и три од Битола. Од Битола беа вклучени училиштата ОУ „Гоце Делчев“, ОУ„ Ѓорги Сугарев“ и ОУ„ Крсте Петков Мисирков“-Бистрица. Учениците беа под супервизорство на наставничките Елена Милошевска, Ирена Миленковска и Маја Илиевска. Оваа активност се реализираше во соработка со Македонскиот центар за граѓанско образование – МЦГО Скопје, во склоп на проектот „Јакнење на мултиетничката соработка со општините“, финансиски подржан од Детската фондација Песталоци.
Би сакале да изразиме благодарност до директорите на училиштата кои ни дадоа максимум подршка и доверба во реализација на ваквата активност, велат наставниците вклучени во проектот.
По повод светскиот ден на учителот, на Педагошкиот Факултет во Битола беше организирана тркалезна маса со наслов “Емоционалните компетенции на наставниците”, на која учество зедоа наставници, стручни соработници, директори и наставниот кадар на Педагошки Факултет.