
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Училишен инвентар од 80 клупи, 160 столчиња, 8 четирикрилни шкафови, 8 табли и 8 катедри денеска доби ОУ „Гоце Делчев“-Битола од Владата на Р.С Македонија.
-Денес како дел од капиталните инвестиции на Министерството за образование и наука и Влада на Република Северна Македонија добивме клупи, столчиња, катедри, шкафови и табли во вредност од 1.892.209,00 денари,изјави директорката на ОУ „Гоце Делчев“-Битола, Биљана Стојковска .
Од денеска ЈКП „Комуналец“-Битола ќе започне со селективно собирање на органскиот отпад кој нема да го фрла на депонијата Мегленци, туку ќе го преработува и од него ќе прави компост кој ќе го користи како ѓубриво во своите расадници и на јавните зелени површини. Значи ќе се селектира органски зелен отпад, остатоци од косење, режење и слично, отпад од храна од хотели, ресторани, домаќинства, индустриски био отпад , додека од ЈКП „Комунална хигиена“ од Општина Новаци ќе се врши собирање на земјоделски отпад и отпад од сточарството.
Македонската Влада се „сели“ во Општина Битола. Премиерот Зоран Заев утре во зградата на Општината во Битола ќе претседава со редовната 159-та седница.
Во последното столетие од особен политички интерес на Балканот е една научна гранка, а тоа е историјата. Навидум ќе си помислите дека државите вложувале во неа, ја развивале, ја унапредувале со цел истата да и послужи на човештвото, пренесувајќи ги искуствата и сознанијата од минатото. Првиот поглед секогаш лаже. Историјата на Балканот е оружјето на неостварените деветнаестовековни идеали, желби и претензии. Таа е одличен инструмент и на владеачките елити кои во неможност да им дадат нешто друго на своите избирачи, постојано ги дозираат со национализам, национални предавства и успеси, кои се како магла зад која стои грдата слика на општиот хаос. Токму во овој контекст може да се каже дека историјата односно општествените науки на Балканот се јатаганот на политиката.
Започнувајќи од народната перцепција за историјата, треба да се каже дека кај нас на историјата се гледа пред се како на еден чувар на државата и традицијата. Безбедно место во кое незадоволните од реалноста, безброј пати се навраќаат кон славното минато повторно реосудувајќи ги оние кои тоа минато им го одзеле. Теми и зборови присутни во безмалку секој политички говор на секој еде политичар изминативе скоро триесет години. Но како науката онаа која во вистинска смисла е олицетворение на истражување, проучување и исчезнување на резултатите преживува? Соочувајќи се со бројни економски проблеми, техничко просторни, кадровски, со еден збор речено колапс на сите основни начела за организирана научна работа, науката е особено свитлива под политичкото влијание. Многумина ќе помислат„науката сама се става во контекст на интересите на државата“, но приказната е сосема поинаква. Науката е приморана да се подвиткува на секој оној кој ќе вложи определена сума финансии, кои ќе овозможат лично и професионално исполнување. Во принцип се добива нешто како северно корејската политика наречена „политика на подароци“ каде секоја година врховниот лидер, доделува скапи подароци на најпослушните, највредните односно оние чија лојалност најмногу му треба.
Духовите од минатото често се ставаат и во контекст на иднината или како што нашите политичари често умеат да речат „патот кон прогресот“.Навидум нелогичен термин, секојдневна тема, бидејќи прогресот сам по себе филозофски гледано значи напредок, патување од една состојба до друга. Колку овој нелогичен израз во суштина ја дообјаснува нелогичноста на нашиот пристап кон напредокот е сосема посебна приказна и интересно поле за размислување. Нашата држава како една од мноштвото земји кои по 1991 година го променија политичкиот систем, од еднопартиски во повеќепартиски, наеднаш стави крај на старото искуство. Одново реизградувајќи го општеството, трудејќи се да се вклопи во современите политички текови и новата светска политика, тргна по „патот на прогресот“. За да определиме што е посакуваниот прогрес и кој прогрес сакаме да го постигнеме, треба пред се да ја согледаме перцепцијата на народот, од кој патем произлегуваат и неговите раководители- политичарите. Македонија како земја која во периодот пред Втората светска војна беше сиромашна, заостаната во инфраструктурниот, производниот сектор, со голема стапка на неписменост, без здравствена заштита, во период 1944-1991 напредуваше силно. Незавлегувајќи длабоко во историските процеси, доволно е да кажеме дека основниот дел од економско производната база, обраованието, здраствената заштита, мношто културни институции беа формирани токму тогаш. Ова самото по себе беше огромен напредок на целокупноста наречната македонско општество.
Независноста донесе нови предизвици. Повеќепартиски систем, нови економски политики, нова политичка реалност во светот, безмалку се загубија сите ориентири на дотогашното опшестество. Тука духовите на минатото односно историјата го зазедоа предното место во утврдување на тоа кој е крив за сегашната состојба. Се создаде една политичка клима која безмерно се поклопува со идеите на Али ефенди од XVIII век. Еден интелектуалец во османлиската држава, кога истата ги доживеа најголемите порази предложи едно интересно решение: „Сегашната состојба е лоша, бидејќи ги заборавивме добри обичаи од минатото“. Непознавајќи го овој автор но сите политики кои ги градеа властите одеа кон овој прилог. Раскрстување со душманите од минатото, лустрации, монографии, политичка пропаганда и уверување во „исконскиот корен“ на македонецот. Новата власт соочувајќи се со проблемите кои ги натрупа предходната власт, додека и бркаше духовите на минатото, истоти проблеми се обидува да ги реши со она што условно би sе нарекло духови на иднината. Ставено во секојдневен контекст тоа би биле оние среќни денови кои сите ќе ги доживееме по интеграцијата во ЕУ и НАТО. Што е суштинското на двете политики? Двете се базираат само на зборови, со без вооопшто или со сосема малку практични дела. Директно кажано две тотално нефукционални спротивности. Сходно на политичките поделби овие два духа се надвија над населението, делејќи ги, покрај веќе постоечките поделби на уште една а тоа е прогресивни или заглавени во минатото. Безмалку овие категории функционално не одговараат ниту на едната ниту на другата група. Накратко речено едно општество во кое владее популизам, но никако здраворазумна држвана политика на надворешен и внатрешен план.
Од особен интерес е секако и судирот на духовите од минатото и иднината. Овие судири најчесто доаѓаат кога за да стигнете во иднината, ќе ве натераат да расчистите со минатото, посебно дококу некој го има ултимативното право и рецептот како да се прилагодите и да ги разрешите проблемите. Рецепти и решенија кои произлегуаат од политичката кујна и незавршените, неостварени деветнаестовековни идеали, крикот на современиот национализам и фашизам. Спојот на овие два духа, односно пренесувањето на чистата историска линија во современ контекст, нејзиното користење за некакво епско спојување на тогашното и сегашното, под еден општ контролен конец на политиката не значи ништо повеќе туку една одлична основа за модерниот фашизам и национализам. Купувајќи институциите, економски ослабувувајќи го народот, труејќи го со национализам и фашизам, правејќи го лесна мета за оние кои му ветуваат светла иднина, под услов предходно од истите народот да биде прегазен, ремоделиран по нечиј вкус и потреба, вака изгледа нашиот пат кон прогресот. Опишаното предходно во текстот, се однесува, не само на Македонија, туку на Балканот како целина. Место во кое историјата е машина за гласови, јагатан против соседите, основа за територијална експанзија, а за жал се помалку успева да преживее како наука.
Васко Гичевски студент на Институт за Историја при Филозофски факултет, УКИМ, Скопје
За Солуна, За Стамбола Неа Не Давам... (Неделна Рубрика)
Расфрлана облека пред контејнерот на Црвениот крст во Битола е секојдневна слика за битолчани. Кој е повеќе виновен за ваквата ситуација дали „хуманите “ граѓани кои најлоните со износена облека ги оставаат пред контејнерот наместо да ги стават внатре или пак оние што своеволно пребираат низ облеката тешко е да се разграничи, велат станарите од околните згради.
Новата мерка на Владата на Република Северна Македонија обезбедува целосно финансирање за инвертер клима уреди за 2500 семејства во Битола, како еден од четирите најзагадени градови во земјава. Мерката нуди повеќекратни поволности, кои покрај квалитетната и здрава животна околина ќе влијаат и на буџетот на граѓаните. Греењето со дрва и тврди средства влијае и на загадувањето во домовите и затоа е подобро да се замени со друг, еколошки начин.
Во средата во СВР Битола, 19-годишна девојка од Битола пријавила дека истиот ден околу 13,50 часот додека се возела во автобус кој сообраќал на релација Скопје-Битола, маж ја допирал по телото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од СВР -Битола
Сте се запрашале некогаш како некој може да гледа само добро во другиот или обратно? Или Вие забележувате едно, другиот друго, сосема различно од Вас? Ако не се потрудиме да разбереме дека нашето мислење за другите е одраз на она какви сме ние, како и тоа дека нечие однесување кон нас има врска со ставот кој ние го имаме кон самите себе, нема да се поместиме од мртвата точка.
Еве пример: во коучинг процесот се работат животни области каде многу често се разработуваат теми за меѓучовечките односи бидејќи тие играат важна улога за квалитетот на нашиот живот. Фразата ,,се е одраз на нас,, предизвикува отпор кај секој од нас на стартот на личниот развој. Оној кој сака да работи понатаму мора да се анализира, на кој начин размислува за другите луѓе, што најчесто гледа во нив, на кој начин постапува и какви уверувања има за светот околу себе. Првото сознание кое може да не заинтригира е тоа дека луѓето со кои имаме интеракција ги привлекуваме во нашиот живот. Тогаш клиентот ми вели ,,Како може овој човек јас да сум го привлекол во мојот живот? Ни приближно немам такви карактеристики, тој е покварен, постапува манипулативно, глуми. Јас не сум таков.” (Така е, но зошто е тука?)
Постојат две објаснувања, а изнесеното е мој личен став и интерпретација. Првото е тоа дека луѓето со кои секојдневно сме опкружени (околу 5,6) се на ист бранова должина (на иста вибрација како нас) што НЕ значи дека ги имаат истите карактеристики како нас, или постапуваат исто. Пример, кога ќе го подесиме сигналот да слушаме Радио 106, знаеме дека има повеќе вклучени на таа фрекфенција од 106,6 мегахерци, што значи слушаме иста програма. Таа може да има повремени пречки кои не вадат од нашата моментална состојба, а се случуваат одеднаш и тие ни служат за да не освестат за животните ситуации (да не заспиеме). Сите не забележуваме исти работи, додека слушаме исти нешта. Нашата реакција на прекинот во програмата во случајот не е важна (само за овој текст), но важно е да сфатиме дека луѓето со кои сме опкружени секојдневно, со кои живееме, се одраз на програмата која ние ја слушаме, односно на нашата вибрациона состојба. Тие ни покажуваат кои сме ние, а ние кои се тие. Оние другите кои повремено доаѓаат на фрекфенцијата од 106,6 се тука или за нешто да не научат или за нешто да научат. За тие што не е јасно, еве пример: Ако некој Ви прави мобинг, Вие длабоко во себе, во еден ваш дел мора да имате (играте) улога на жртва или да се доживувате како жртва. Ако на едно дете му се каже дека е глупаво за математика тоа ќе креира околности и ќе привлече во својата реалност учители кои ќе му го потврдат тоа преку неговиот неуспех. Ако некој према Вас се однесува без почитување треба да го анализирате сопствениот став или вашата самодовербата, вашата вера во самите себе , не него.
Луѓето со кои што живееме ја одразуваат нашата вибрација, односно кое радио ние го слушаме, која програма ние ја сакаме,како ние се однесуваме спрема самите себе. Луѓето со кои поминуваме само еден дел од денот или повремено се наши учители или ние нивни. Благослов или лекција.
Втората работа која треба да се напомене е дека сите луѓе кои сме ги привлекле во нашиот живот, не се тука случајно и ако сакаме да учиме ќе научиме нешто повеќе за себе преку нив. Значи какви сакаме и какви не сакаме ние да сме. Понекогаш ќе си честитаме себеси, понекогаш ќе се разочаруваме, но и едната и другата состојба не учат да станеме подобри личности. Од оние кои ни се благослов учиме како да бидеме најдобрата верзија од себе, а од оние другите какви сакаме да бидеме кога не се сакаме такви какви што сме.
Личниот развој е патување и авантура. Тој е на располагање на секој од нас , но не секој ќе тргне на тој пат, нити пак погоре напишаното мора да важи за сите. Земете само нешто кое Вам ќе ви користи, во спротивно ако ја читате оваа последна реченица запрашајте се: Зошто дојдов до самиот крај на овај текст? Тогаш прочитајте уште еднаш! Ако пак сте расположени да дознаете нешто повеќе за себе, можете да реализирате бесплатен инфо разговор (во времетраење од 20 мин.) за кој претходно ќе ме контактирате на email : Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Пишува: м-р Билјана Галовска NLP trener & coach, предавач на Бизнис Академија Смилевски, Битола
(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)