2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, беа на увид на новата пречистителна станица, клучна за животната средина и Пелистер. Оваа пречистителна станица е една од предностите што ги има Општина Битола и Националниот парк „Пелистер“, истата претставува голем потенцијал за развојот на туризмот во Општина Битола.

„Во рамки на проектот за подобрување на управувањето на заштитените подрачја, започна изградбата на пречистителната станица за собирање на сите отпадни води  на територијата на Националниот парк „Пелистер“ со капацитет 500 еквивалент жители“, истакна заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.

Овој проект не само што ќе придонесе за заштита на животната средина, туку и ќе го придвижи развојот на туризмот во најстариот Национален парк во Република Северна Македонија.

„Затоа и се имплементира овој проект, за кој што Општина Битола учествуваше и со финансиски средства директно од буџетот на општината, со над 15.000.000 денари, дополнително на тоа дојдоа средства од Министерството за животна средина кои што локалните самоуправи ги добиваат согласно законските одредби, меѓутоа и помошта од УНДП со над 9.000.000 денари за изградба на оваа пречистителна станица“, додаде Петровска.

„Колекторскиот систем заедно со испустот е некаде околу 2.029 метри, кој што ќе овозможи отпадните води кои што досега не биле третирани од потпелистерието да бидат опфатени како што доликува и како што налагаат светските стандарди. Ова покажува дека вршиме навистина сериозен пристап кон понатамошниот развој на потпелистерието во однос на туризмот. Затоа ме радува што денес имаме ваква фаза на имплементација на овој проект, кој што во пролетниот период треба да биде завршен“, истакна Петковска.

Пуштен во употреба е целосно асфалтираниот регионален пат Рапеш-Старавина во должина од 9 км.

Станува збор за инвестиција од 36.000.000 денари , средства обезбедени од Јавното претпријатие за државни патишта и изведувач на градежните работи ЈП Македонија пат . На свеченоста присуствуваа директорот на Агенцијата за државни патишта Зоран Китанов , генералниот директор на ЈП Македонија Пат Беким Мемети , градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузманоски и жители од селата од мариовскиот крај.

Со градежните активности се започна минатата година кога беа асфалтирани 6 км, а оваа година со асфалтирањето на останатите 3 км целосно се асфалтира регионалниот пат Битола-Рапеш-Старавина со вкупна должина од 53 км.

-Денес е голем ден за жителите од мариовските села кои гравитираат во нашата општина. Благодарение на Владата на Р.С. Македонија и ЈП за државни патишта го решивме деценискиот проблем на жителите од овој регион .Не ги оставивме заборавени и излагани , напротив со силни заложби успеавме да ги пуштиме во употреба останатите 9 км нов асфалтен пат од регионалниот пат Рапеш-Старавина за денес сите жители од овој крај да ги користат бенефитите од употребата на веќе 53 км асфалтиран регионален пат и поврзување на Битола со Старавина и Градешница. -истакна градоначалникот Кузманоски.

Директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов потенцираше дека  за регионот како што е Мариово со севкупната природна убавина , потенцијали и ресурси  од големо значење ќе биде доасфалтирањето на овој регионален пат со целосно поврзување со асфалтен пат Битола со Старавина и Градешница. Тоа истовремено ќе значи и развој на туризмот , враќање на жителите од овој крај во родните места.

72352923 499176990812955 8597904002601975808 n

Постаментот на  борецот од НОБ Јонче Мурџевски, е без биста бидејќи АМД "Ѓорѓи Наумов" во соработка со Сојузот на борци од Битола ќе изработуваат   нова .

Спомен бистата на борецот Јонче Мурџевски е сместена во Градскиот парк, спроти Спортската сала, па битолчани, рекреативци реагираат  дека на постаментот ја нема бистата прашувајќи се дали можеби се работи за вандалски чин.

Нова биста ќе се изработи и за Ѓорѓи Наумов, исто така, учесник во НОВ

Електростопанство на Македонија ќе биде главно  насочено кон развој на обновливите извори на енергија,а веќе оваа недела ќе биде потпишан договорот за изградба на фотоволтаична електрана на местото на стариот рудник Осломеј со инсталирана моќност од 10 мегавати, веднаш потоа ќе следат  дополнителни 10 мегавати инсталирана моќност како инвестиција на ЕСМ, а следува и изградба на две фото напонски електрани од по 50 мегавати на истата локација, на принцип на јавно приватно партнерство.

„Веројатно се од групата која има три проблеми со срцето, душата и петите“, рече премиерот Зоран Заев за групата битолчани која собрана спроти Општината свиркаше кога тој и министрите влегуваа во општинската зграда за да одржат владина седница, за првпат во историјата на државата, во Битола.

Веќе од следната недела ќе биде објавен повикот за граѓаните во најзагадените градови во државата  за субвенционирање на инвертер клими. Оваа мерка ќе се реалзира со финансиски средства од заштедите на ЕСМ. Околу 10 илијади семејства ќе добијат до 1000 евра за набавка на овие грејни тела.

Министерот за образование Арбер Адеми и заменик министерката Елизабета Наумовска иако со збиена агенда денеска најдоа време да испијат кафе со директорите на средните училишта во градот и иако неформално директно да се информираат за состојбите  во битолското образование.

72177941 1379241378905872 5901937921207828480 n

Министерот за здравство во Владата на Р.С.Македонија денеска се сретна со битолските пензионери, членови на Здружението на пензионери-Битола. На средбата претседателот на Здружението Томе Димитровски рече дека посетата на  министерот Филипче е работна средба со цел пензионерите да се информираат лично од министерот за укинување на квотите за лекови во аптеките како и за други мерки и политики на Владата во делот на здравството.

Филипче им го објасни на пензионерите новиот начин на функционирање со укинувањето на квотите за лекови на рецепт со што како што кажа се  решава деценискиот проблем со недостиг на лекови и  турканиците кај матичните лекари и во аптеките на почетокот на секој месец. Со оваа мерка, истовремено се зголемува контролата при издавањето на лековите од позитивната листа на Фондот за здравствено осигурување и се елиминира фаворизирање на аптеките и спречување на конкуренција.

Како министерство инвестираме во кадар, вработување на нови лекари и персонал во Битолската болница, само 14 нови лекари во Здравстевиот дом во Битола, рече Филипче, додавајќи дека се распишани и нови специјализации.

Потоа Филипче рече дека  Владата вложува во оригинални инсулини, со сертификат како што е во ЕУ. Зголемен е буџетот и за ретки болести и за други мерки на Владата. 

 

 

72884166 748609995592317 8378386866893750272 n

72235436 785775461857705 3732318544340189184 n

72230483 2434862363448658 3019835134095392768 n

73009623 551583728910142 2310861313426849792 n

Задоволен од условите во кои учениците и наставниците од ОУ „Гоце Делчев“-Битола учат и работат е министерот за образование Арбер Адеми, при  посета на  училиштето откако денеска  пристигна донацијата од Владата. Новиот училишен  инвентар се состои од 80 клупи, 160 столчиња, 8 четирикрилни шкафови, 8 табли и 8 катедри. Просветните работници  единствено побараа од  МОН да ја помогне финансиски санацијата  на кровот во дел од зградите.

насловвв

-Чест ми е што го посетивме најстарото училиште во градот ОУ„Гоце Делчев“-Битола , од блиску имавме можност да се запознаеме  со условите и со инвестицијата и од страна на МОН и и од други донатори и се надевам дека сите наши политики предвидени и во Законот за основно образование и во Законот за наставници и стручни соработници ќе може да се рефлектираат и имплементираат на најдобар начин. Секако дека има простор за подобрување на условите конкретно за покривот на училиштето , како МОН ќе направиме се што е во наша моќ за да се подобрат условите и во овој дел, рече министерот за образование Адеми.

По исплаќањето на долговите на училиштата што оваа власт ги наследи  следува и подобрување на условите во училиштата и наставата , рече заменик министерската за образование Елизабета Наумовска.

-Битола останува град за кој сум емоционално поврзана , посебно за училиштето „Гоце Делчев“ каде ги стекнав првите знаења. Се надевам дека министерот виде и повторно ќе доаѓа во Битола. Сите училишта ги затекнавме како блокирани и со помош на Владата и Општина Битола ги одблокиравме и сега одиме напред кон развој , реконструкција, опремување и овозможување подобри услови за работа на нашите ученици, рече Наумовска.  

наснас

ОУ„Гоце Делчев“-Битола  е едно од најстарите училишта во градот, изградено во 1846 год.  во кое учат ученици од различен етнички состав (Македонци, Албанци, Власи, Роми, Срби), а наставата се реализира на два наставни јазици (македонски и албански наставен јазик).

Ова училиште е модел за интеркултурно образование и пример како треба да функционира едно училиште во современо демократско општество. Доказ за тоа се многуте проекти во кое училиштето е вклучено: Меѓуетничка интеграција во образованието, Меѓуетничка интеграција  на младите во образованието, Јакнење на меѓуетничката интеграција меѓу општините, Нансен модел на интеркултурно образование и др...

-Денес како дел од капиталните инвестиции на Министерството за образование и наука и Влада на Република Северна Македонија добивме клупи столчиња, катедри, шкафови и табли во вредност од 1.892.209,00 денари, рече Стојковска.

Б 9

Б 8

Б 5

Брза, ефиксна и плодна посета на министерот Венко Филипче на Клиничка болница Битола. Разгледаното е договорено и остварено, соопштија од Болницата.

-Според планот обезбедени се и потпишани од страна на министерот вработувања нови за до крајот на 2019 година, вклучувајќи ги овде и вработувањата трансформација од определено време како и направен план за нови вработувања за наредната 2020 година“, изјавија од Болницата.

Понатаму, Министерството се вклучува со помош околу реновирањето на останатиот дел од визбите каде функционираат амбулантите и веќе е започната тендерската постапка.

Најавена е реконструкција и санација на сите санитарни чворови, набавка на нови кревети за пацинетите, плочки секаде каде е потребно, санитарија и друга опрема.

Помош на менаџерскиот тим од страна на министерот му беше понудена и за интерната амбуланта која веќе се реконструира од страна на Болницата и каде е најголема фреквенцијата на пациенти .

Се отпочнува и со реконструкција на зградата каде ќе се отвори нов геријатриски оддел многу потребен на битолчани. Во најбрз можен рок министерот си зеде обврска да се поправи и ангиографот .

„Од страна на менаџерскиот тим и од името на вработените голема благодарност за посетата на министерот,за брзата ефикасност за она што го побаравме и искажавме како проблем со кој се соочуваме,чекаме нова средба повторно во клиниката како би можеле да се реализираат уште проекти кои денес му ги предочивме а тој вети брза реалузација“, рече портпаролката на Болницата Сузана Конеска.

Министерот се сретна и со младите лекари го посети и физикалното одд и ја виде работата на базенот.болница 2

болница 3

болница 4

болница 5

БОЛНИЦА 54

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани