
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во наредните две недели нема да работи библиотеката „Св. Климент Охридски“ во Битола.
Кафулињата на Широк Сокак, казината и кладилниците, сендвичарите на Шеталиштето, па дури и некои трговски објекти на главната битолска улица, вечерва целосно ги почитуваат мерките и препораките на Владата за спречување на ширењето на корона вирусот.

Работното време е до 18 часот, по што апла.мк направи обиколка, а фотографиите од центарот на градот сведочат дека сите овие објекти ставија клуч на врата.
Националната установа Завод и музеј Битола од утре нема да прима посетители. На својата интерент страница од Установата објавија дека согласно препораките и мерките за заштита и превенција од Ковид-19 вирусот, од утре ќе бидат затворени за посетители. Не е посочено до кога ќе трае забраната, но Музејот е една од најпосетените локации во Битола од страна на туристите, посебно на оние кои доаѓаат од Турција.
Ж.З.
Полна месечина, која ја најавува пролетта, бидејќи е последна во оваа зимска сезона
Веќе два дена во битолските аптеки трае навалица од купувачи кои се снабдуваат со различни антибактериски средства за дезинфекција на рацете и други површини.
Фармацевти за Апла.мк велат дека утрово добиле нова пратка и за половина час битолчани ја разграбале. Па, денес претежно на рафтовите беа останати антибатериски гелови од 50 милилитри. Овие средства за дезинфекција на рацете можат да се набават по цена околу 50 денари за педесетина милилитри.
