2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Стручен тим од РЕК „Битола“ помогна да се отстранат дефектите и да се подобри работењето на котларата во битолската Клиничка Болница. Зафатите што РЕК ги изведе во установата изнесуваат 20 000 евра. Со ова Болницата без проблеми ќе ја дочека грејната сезона и веќе нема да има загуби од пареа и вода во системот за греење.

Професорка по солфеж во Државното музичко училиште во Битола, проф.Гордана Трајковска оваа година ја доби награда за повеќегодишно остварување во областа на музичката и балетска педагогија. Вака одлучи Комисијата за доделување на годишни награди на истакнати музички и балетски педагози по одржаниот состанок.

Горско спасителното друштво Ава Кота веќе три дена дено-ноќно е вклучено во гаснењето на пожарите кои беснеат во регионот на општина Могила.

„На барање на градоначалникот на Новаци, Љубе Кузманоски, зашто ние настапуваме во рамки на Општината, се приклучивме кон гасењето на пожарите во соседнаа опшина Могила. Учествуваме со едно возило и пет лица. Ние гасневме кај манастирот „Света Петка“ во село Црничани, потоа кај Мусинци, Мојно“, велат од Ава Кота за Апла.мк.

Веќе една недела горат атарите на селата Мојно, Путурус, Дедебалци, Лознани, Ивањевци, Беранци. Десет лица вработени во Општина Могила и ЈКП Пела хигиена веќе неколку дена се на терен на гаснење на пожарите во овие села, потврдува за Апла.мк градоначалничката на Општина Могила, Јасмина Гулевска. Според неа четири напуштени куќи се опожарени во селото Путурус,  а денеска едвај е спасена од пожар куќа во селото Лознани.  

-Седум дена наши волонтери се на гаснење на пожарите заедно со пожарникарите во неколку села во Општина Могила. Се прават натчовечки напори да се справат со огнот, но по се изгледа тие не се случајни. Додека едни гаснат нови веднаш се палат, и тоа е крајно симптоматично. Дојдовме до ситуација ден и ноќ да ги чуваме старите манастири и цркви од нови пожари.  Затоа  ќе повикаме до надлежните да поведат истрага и да ги испитаат сите пожари поединечно. Одговорност мора да има да направената штета, изјави за Апла.мк градоначалничката Гулевска.  

И вечерва се активни неколку пожари во Општина Могила.

Гори ридот кај селото Лознани, Општина Могила.Читатели на Апла.мк кои патуваат од Прилеп кон Битола ни испратија фотографии од вечерва на кои се гледа дека огнот беснее, а чадот  го зафатил и патниот правец, Прилеп -Битола. Огнот е во близина на силосите и гори нискостеблеста шума и сува трева. Пожар вечерва и кај селото Српци и таму гори сува трева.

лознани 1

ии

ПАК ГОРИ КАЈ БЕРАНЦИ

Септември 17, 2019

Попладнево пак се активира пожарот во близина на пелгониското село Беранци. На терен се пожарникари од ТППЕ Битола и членови на Дирекцијата за заштита и спасување кои се обидуваат да го изгаснат огнот. Пожари вчера речиси истовремено избувнаа во Беранци и Лопатица, а поради сериозноста на ситуацијата надлежните побарале и активирање на воздухпловите на Дирекцијата за заштита и спасување.

Познатиот германски актер, режисер, сценарист до турско потекло Фатих Акин на денешната средба со филмофилите во Битола откри дека на својата лева рака има истетовирано име на тесна од тусрки хипхоп музичари во која се пее за неправдите во светот.

„Додека растев во ’80-ите во Германија почнуваше да се развива германскиот хип хоп и беше поангажиран, се зборуваше за политички теми, за насиството, за она што е важно во соседството, за проблемите на младите. Но, денешниот германски хип хоп е многу лош, зборува за некои многу тривијални работи што не се многу актуелни. Бев разочаран, тоа го слушаа и моите деца и воопшто не ми се допаѓаше. И токму во тој период видов дека во Турција се собрале 15 млади хип хоп артисти и направиле песна за сѐ она што е политички проблем во светот, од насилство врз жени, климатски промени, диктатури. Она што јас сакав да се случи во Германија, која е многу аполитична во моментов, видов дека се случи во Туција и бев многу горд“, рече Акин.

Поради градeжни  активности, од денеска во наредните три месеци, сообраќајот на магистралниот пат Битола-Прилеп ќе се пренасочува на регионалниот пат, информираат од АМСМ

„Фабрика Карпош - АД Скопје известува дека на ден 17.09.2019 година од 11 часот поради градежни активности на магистралниот пат А3, делница Прилеп - Битола кај ТИРЗ Прилеп ќе се изврши пренасочување на сообраќајот на регионалниот пат во траење од три месеци“, се наведува во известувањето на АМСМ

И директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, за апла.мк потврди дека ќе се рехабилитираат 15 километри од патот Битола-Прилеп, која  според анализата била најоштетена делница.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани