
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Завршија формалните преговори на РЕК Битола со Министерството за животна средина на кои се усогласени сите мерки и рокови за комбинатото да добие А интегрираната еколошка дозвола.
По раскинувањето на договорот со фирмата МС КОНСТРУКТОР ДООЕЛ Битола, Општина Битола спроведе постапка за избор на нов изведувач на градежните работи на ул. „Климент Охридски“. Денес на електронска аукција беше избрана фирмата која ќе изврши реконструкција на коловозот и тротоарите на ул. „Климент Охридски“ во Битола, соопштија од Општина Битола.
По критериумот најниска цена, победник на електронската аукција е фирмата „Еуроинвест Медиу“.
Од денот на потпишувањето на одлуката, учесниците имаат право на жалба во рок од осум дена, а по истекот на законските жалбени рокови, се очекува да се потпише договор со изведувачот и да се започне со асфалтирање и партерно уредување на улицата „Климент Охридски“.
Општина Битола останува доследна на спроведувањето на законските одредби во однос на сите изведувачи.
Метеоаларм за денес објави Управата за хидрометеоролошки работи. Од таму информираат дека дува умерен, повремено засилен ветер од западен правец, особено во западните делови каде ќе достигнува брзина околу 70 км/час.
Младински културен центар – Битола (официјален УНЕСКО младински клуб), реализира континуирани активности во текот на целата година во насока на промовирање на човековото достоинство и охрабрување на дијалогот и разбирањето помеѓу културите и цивилизациите.
Пак се откорнати зацементираните метални столбчиња што пред месец и половина ги постави ЈП Пазари на влезот од Старата битолска чаршија од страната кај Ат Пазар. За време на празникот столбчето е сосема откорнато од улицата и фрлено на патот. Синџирите поставени на двата влезови во Старата битолска чаршија, од страната на Ат Пзар и од кај дрвениот мост , а кои не дозволуваат влез на возила на оваа локација очигледно им пречат на некои несовени дуќанџии или доставувачи на стока кои за да не ја носат робата на рака или на колички директно влегуваат со возила во заштитената зона. Од ЈП Пазари беа децидни дека сообраќајот е забранет во оваа заштитена зона, а дотурот на стока дуќанџиите мора да го извршуваат со колички.