2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Патеките што водат до прочуениот Филмски мост во Зовиќ во заедничка еколошка акција од ѓубре ги исчистија ученици од Основното училиште „Тодор Ангелевски“ од четврто три одделение, предводени од наставничката Весна Гагаловска во соработка со месното население.

Битолчани денес имаа можност да купат Велигденска изработка по цена која самите ќе ја одредат од ракотворбите на членовите во Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Битола. Ракотворбите ги изработија членовите на „Порака“, а собраните средства ќе се искористат за развој на Центарот.57384312 538030073389186 2350185896550072320 n

57467796 824178707950150 1149020798128750592 n

57503800 350165205630032 1778575755756699648 n

57504545 273341790208254 2160465087867912192 n

57726622 578769572630659 8984102952142635008 n

57761920 577401172745191 5710388276796325888 n

Во Прилеп деновиве се одржа Регионална средба за песна музика и игра меѓу пензионерите од четири општини Битола, Прилеп, Демир Хисар и Крушево. На средбата присуствуваше и претседателката на Сојузот на пензионерите Станка Трајкова. Таа ја прогласи средбата за отворена, посакувајќи им на пензионерите добро здравје и што почето организирање на вакви манифестации на кои пензионерите можат да се дружат и забавуваат.

Маловишта, единственото село во границите на Националниот парк Пелистер, е прогласено за заштитена рурална споменична целина, соопшти Викторија Момева Алтипармаковска, етнолог конзерватор во НУ Завод и музеј Битола, по повод Денот на културното наследство што во фокусот ја имаше заштитата на руралниот предел.

 

Од подрачната единица на Министерството за земјоделство информираат  дека започна  рокот за поденсување  барања за субвенции по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година и  ќе трае до 30 Мај 2019 година. Апликациите се однесуваат за површини со полјоделски и градинарски култури, лозови и овошни насади како и за сточарско производство - за одгледување на говеда, овци, кози, пчели, свињи и за заклани животни во кланица.

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите Одделенија за управни работи ќе работат во сабота и недела (20 и 21.04.2019 и на 04 и 05.05.2019 година).

Место неделно кафе на Широк Сокак, засукајте ракави и право в Касарна. Збирно место во 10 часот кај ресторан Аурум. Акцијата што ја иницираа професорката по англиски јазик Марија Магдалена Петковска Микаровска заедно со учениците од втора шест од Средното медицинско училиште, продолжува. Решени се да ја исчистат таканаречената елитна населба Златен рид од диви депонии и расфрлено ѓубре.  

Успешно имплементиран проектот: "Регулирање на коритото на Црна река и нејзините притоки по течението на општините Могила, Новаци, Битола и Демир хисар" (четврта фаза).

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани