
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
11-годишната Маја Крстевска од Битола го освои првото место во категоријата Латино соло танци, настапувајќи cha-cha, rumba, jive и Juvenile 2 (пионери 2) во конкуренција од 14 девојки на Меѓународниот натпревар во латино, стандардни и модерни танци „Makedonia Open 2019“. Натпреварот се одржа на крајот од месец март во ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје во организација на Танцовата спортска федерација на Македонија. Талентираната Крстевска беше дел од тимот на Танцовиот спортски клуб ,,Step up” (Степ ап) од Битола кој учествуваше со 49 натпреварувачи во повеќе категории и тоа : Latino solo (cha-cha, rumba, jive), Latino All ladies group, Latino All ladies formation, како и категоријата WDSF WORLD OPEN LATIN & STANDARD.
Еко центарот кој што работи под закрила на ЈП „Комуналец“ и со поддршка на Општина Битола, е носител на големиот настан кој што ќе се случи по повод Денот на планетата земја на 22 април. По серијата на презентации одржани во основните и средните училишта и во сите детски градинки во општината како дел од активностите на Еко центарот, ќе се случи првата заедничка оперативна координација на одбележувањето на овој ден. Директорот на ЈП „Комуналец“ Панде Богоевски, во присуство на градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска и директорите на образовните институции во градот, на координативната средба ги договорија конкретните чекори за локациите и начинот на делување на терен.
„Сите заедно во понеделник, во 12 часот заеднички ќе го одбележиме Денот на планетата земја и со тоа ќе направиме заеднички чекор кон подигнување на свеста и менталитетот кај нашите сограѓани, во однос на селектирањето на отпадот и истиот да не се фрла насекаде. На пет различни пунктови во градот, односно во Старата битолска чаршија, на Плоштадот Магнолија, кај хотелот Епинал, кај Офицерскиот дом и во Новиот пазар, ќе бидат лоцирани ученици од најблиските училишта кои што гравитираат околу локациите и заедно со нивните наставници, ќе делат флаери на кои е прикажан начинот на селектирање на отпадот и ќе им објаснуваат на минувачите како тоа да го прават. Исто така, свои претставници ќе имаат и невладините организации кои ќе им се приклучат на учениците на соодветните локации. Преку првичната селекција на отпадот, ние практично учествуваме во незагадување на нашата животна средина“, рече директорот на ЈП „Комуналец“ Панде Богоевски.
С О О П Ш Т Е Н И Е
Здружението на пензионери од Битола им соопштува на своите членови- корисници на старосна семејна и воена пензија дека лабораторските услуги освен во Битолската Лабораторија, можат истите да ги прават и во лабораторијата во ЈЗУ Клиничка Болница Битола,(Вторник, Среда и Четврток од 09.30 до 10.30 часот)
Две возила утрово се судрија во центарот на градот на крстосницата помеѓу улиците „Солунска“ и „Климент Охридски“. Според СВР-Битола за среќа причинета е само материјална штета.
Базенот за хидротерапија во Физикалното одделение на битолската Клиничка болница, денес повторно е ставен во функција после долги години пауза.
-После многу години и кога веќе никој немаше надеж дека повтроно ќе проработи, со ангажман на менаџерскиот тим предводен од директорот др. Зоран Лазаров и со поддршка на спонзорите, базенот на Физикалното одделение повтроно е пуштен во употреба. Се надеваме дека добрите услови што им ги нудиме на нашите пациенти многу ќе придонесат за нивна рехабилитација, вели Сузана Коневска, портпарол на КЛиничка болница-Битола.
Битолскиот Безистен фотографиран пред 36 години без фотошоп, кабли што висат од покривот, без врати отворани од местото за прозорци. Вака автентично изгледал овој објект кој со години е под заштита, на фотографијата направена од фотографот и хроничар на Битола, Љубе Николовски, некогаш вработен во битолскиот Завод и музеј, каде кој зад себе оставил богат музејски фонд. Фотографијата е позајмена од фејсбук профилот на историчарот Владо Темелковски- Лавчан и го покажува изгледот на Безистенот во 1983 година.
На 79 годишна возраст почина Крсте Крстевски – Крцул, познат битолски спортист и фудбалски судија. Според книгата „Значајни личности на Битола“, Крстевски спаѓа во редот на сестраните битолски спортисти со освоени бројни државни титули во повеќе спортски дисциплини. Најголема љубов му беше фудбалот на кој му посвети цели 52 години од својот живот, како фудбалски судија од сите рангови и фудбалски делегат.
Под силно полициско обезбедување денеска во раните утрински часови од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола почна транспортот на довериви изборен материјал до сите 80 општинските изборни комисии за првиот круг од Претседателските избори што ќе се одржат во недела на 21 април, а дистрибуцијата ќе заврши до крајот на денот.
Слушајќи џез музика и учествувајќи во форум театар, средношколци и студенти од Битола се поттикнуваат креативно и критички да размислуваат за проблеми од своето секојдневие и да наоѓаат решенија за нив. Ваквите креативни работилници се одржуваат во рамки на проектот "Јас сум гласот на мојата генерација" во организација на Младински иницијативи за дијалог и соработка – Битола и Средното музичко училиште со поддршка на ЕУ.
„ Форум театар е алатка за социјални промени и дава можност преку него да се проговори за теми за кои младите не зборуваат или е тешко да се зборува. Програмата ќе ни послужи како генерална проба за решавање на реалните проблемски сутуации во вистинскиот живот, и ќе обезбеди простор за учесниците да идентификуваат за нив важни прашања и да развијат планови за да ги трансформираат проблемите во можности. Дополнителна вредност на овој процес е користењето на џез музиката која промовира мир, меѓукултурен дијалог, почитување на различностите, промоција на слободата на изразување“, велат организаторите на проектот.
Ќе се одржи и јавен настап каде учесниците ќе бидат мегафон преку кој ќе прозборат младите во Битола.