
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Водата во реката Драгор денеска носеше пластични шишиња, но не успеа да ги однесе, па дел од нив кај Ленски Мост се вртеа и превртуваа низ неа. Низ речното корито во центарот на градот веќе стана вообичаена слика да гледаме пластичен отпад, ѓубришта, па дури и мебел фрлен во самата реката, а многу често водата пени како во неа да е истурен детергент или ги менува боите од бела до црвена.
Битолчани коментираат дека водата во реката Драгор можеби ќе се заштити од понатамошно загадување со изградба на колекторски систем и пречистителна станица, но како ќе ја заштитиме од несовесните граѓани кои не ја гледаат како природно богатсво туку како депонија за да се ослободат од сопственото ѓубре.
ОУ ,,Даме Груев,, денска се покажа како добар домаќин на 37 Регионален натпревар по математика за основно образование. На натпреварот учество зедоа 272 ученици од основните училишта од општините: Битола, Новаци, Могила, Демир Хисар и Ресен. Во присуство на преставници на Здружението на математичари, ученици, наставници- ментори и родители, Директорот Роза Јовановска го отвори натпеварот.
Делегација од германскиот град Бон во соработка со Општина Битола го разгледуваат идејниот проект на ЈП ,,Комуналец" за засадување на дендро парк во Битола.
,,Дендро парк во кој ќе се засадат дрвја што се успешни во регијата на Бон и Битола. Сето тоа би било пропратено со таблички и објаснувања за растенијата. Дури и локацијата е утврдена во главниот градски парк", рече директорот на ЈП ,,Комуналец" Панде Богоевски.
Здружението на граѓани за советување, поддршка на лица со карцином или лица кои се излечиле „Јасмин“-Битола објавува повик до сите заинтересирани фирми и поедници за учество на Велигденскиот базар кој ќе се одржи на 25 април, четврток од 11 до 13 часот на плоштадот Магнолија. Средствата ќе бидат наменети за помош на лица кои се соочуваат со оваа болест.
Од „Јасмин “ велат не треба да заборавиме дека Битола е град со 2400 лица заболени од карцином и затоа повикуваат –„Заедно во борбата против карциномот!.
70 години како државно училиште, прослави денеска Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и други пречки во развојот „Кочо Рацин“-Битола. Таа е единствена установа во земјава од ваков вид во државата под Министерството за образование и наука.
Се предомисли Гордана Лозановска Стефановска (екс)претседател на ЛАГ-Пелагонија-Новаци , па испрати отворено писмо до јавноста, откако денеска нашата редакција објави текст за состојбите во здружението со реакации на дел од членките.
Утрово Апла.мк ја контактираше по телефон Лозановска Стефановска, да побара и од неа мислење за реакциите на дел од членките за нејзината работа, но таа кога го слушна новинарското прашање кусо одговори-„Ве молам ова не е тема за дискусија“, и љубезно ни посака добар ден.
Дел од редовните членки на ЛАГ- Пелагонија (Локални Акциони Групи во Република Македонија) со допис до Апла.мк реагираат дека во Здружението недолично и нетранспарентно се работи за што како што велат се известени градоначалниците на општините Битола, Могила, Новаци и Демир Хисар.
Незадоволството од членките е насечено кон претседателот Гордана Лозановска Стефановска, чиј мадат е изминат.
„Секоја идеја е голема, затоа и од Битола се може(и)“, беше мотото на Демо денот што се одржа на деветти април во Битола кога несекојдневна можност имаа дваесетина млади луѓе да ги претстават своите иновативни бизнис планови пред потенцијални инвеститори. Ова беше официјалниот завршен настан на акцелераторската програма Employouth во организација на Фондацијата за одржлив развој „ПРЕДА Плус“.
Компот од јаболка „А ла Преспа“, напишаа во иронија граѓани на фејсбук откако на страницата „Моја Преспа, мојот Ресен, мојата судбина“ беше објавена снимка од исфрлени јаболка во Преспанското Езеро. Не се знае кој се ослободил од непродадениот род во езерските води, а далгите веќе дел извадија на брегот во Претор.