
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес го посети битолскиот пазар и од тезга на тезга се поздравуваше со пазарџиите. Тие од него побараа да се запре иселувањето во Битола, како што рекоа „конзулска Битола се празни“, а една жена од пазарџиите му рече дека трите деца сите со дипломи ѝ заминале во странство.
Друга продавачка на овошје му се обрати со зборовите „најдете ни работа, вака со факултети да не висиме по тезгите“. Мицкоски рече дека имаат план, само им треба доверба. Некои од пазарџиите се поздравуваа со него, а потоа коментраа дека не виделе аир од никој политичар. Еден од пазарџиите доста емотивно му се обрати дека се традиционални вмровци од деведесетите години на минатиот век, но дека оние кои ја водеа партијата во изминатите години како што рече ја истуриле целата злоба и тие во работата се соочиле со инспекции и казни. Мицковски рече дека и критиката е добредојдена за да се подобрат состојбите.
„Сакаме да поразговараме со луѓето, да споделиме искуства како живеат и каква е потрошувачката. Од таа навигација можеме многу да научиме, а во иднина да ја искористиме во креирање на политиките“, рече Мицкоски.
Недостигот на сурово млеко го запре производството во сирењарата на Бимилк, а со тоа и извозот во САД. Намалениот сточен фонд во државата, го намали и производството на домашно млеко, а дефицитот за дел од млечните производи кои се извезуваат се надоместува со евапорирано млеко. Производите на Бимилк за домашниот пазар се од млекото откупено од домашните кооперанти, тврдата од млекарницата.
СВР Битола поднесе кривична пријава против С.П.(55), Ј.Б.(63), Ц.А.(65), Е.С.(31), М.К.(57), Д.К.(27) и Е.Е.(59) поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“. На 14.09.2016 првопријавената, како директор во државниот студентски дом „Кочо Рацин“ од Битола, донела и потпишала решение со кое себе си се распоредила како секретар во наведениот студентски дом, иако се уште вршела функција– директор, со што постапила спротивно на одредбите од Законот за вработените во јавниот сектор.
Десет ден по големиот пожар кај потпелистерското село Ротино, кога малку недостигаше огнот да ја зафати моликовта шума на Пелистер, сѐ уште не се фатени предизвикувачите на пожарот. Од СВР Битола велат дека работат на случајот, но сѐ уште нема осомничени освен едно лице кое се товари за подметнување на пожар во крушевско.
Универзитетите треба да размислуваат за намалување на бројот на студенти бидејќи не може и не смее да се фалиме дека 93,8 проценти од средношколската популација се запишала на факултет, а да имаме интелигенција која виси на пазарот на трудот, рече Димче Настоски, директор на Гимазијата „Мирче Ацев“ од Прилеп на денешната средба на директорите на средните училишта со Управата на Битолскиот универзитет.
Жените од некогашна Хераклеја косата ја украсувале со коскени игли, носеле лонулести обетки и прстени со симболи. Археолошките ископувања што беа спорведени од 2008 до 2014 година во античкиот локалитет кај Битола, освен што на површина извадија значајни артефакти, посведочија и за стилот што го имале претходничките на денешните битолчанки. Пронајдени и зачувани во збирката се раритетни примероци од накитот во Херкалеја дартиран од пред нашата ера до 7 век од новата ера.
Здружението на пензионери од Битола им соопштува на своите членови- корисници на старосна семејна и воена пензија дека по повод велигденските празници Битолската млекара ВеМилк за членовите на Здружението ги намалува цените на млечните прозиводи за 5% почнувајќи од 01.04.2019г. производи:
Со герила акција, ученици од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“-Битола, го дигнаа гласот против крадците на ново засадените садници во училишниот двор. Револтот кај учениците е особено голем што донираните садници ги засадиле пред десеттина дена, а сега дури половината од нив, односно 12 дрвца се откорнати и одземени.
Учениците, на дрвјата во училишниот двор и на други места оставија плакати со порака: „Учениците ве молат! Засадените садници да не се крадат ! Тие ни го разубавуваат нашиот двор! Краденото не трае во туѓ двор, ќе се исуши без нашата љубов! “, порачаа ученици од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“-Битола.
Општина Битола за скоро треба да го потпише договорот за реализација на проектот за реконструкција на Офицерскиот дом, а денеска се одржа јавната расправа по однос на планот за културно наследство.