2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Училиштата оваа сабота ги одработија часовите за кои беа ослободени поради високото аерозагадување во зимата. Учениците од ОУ „Коле Канински“ наместо на час, излегоа да го исчистат ѓубрето во околината на училиштето и порачаа, „доколку еднаш во неделата се организираат вакви акции ќе имаме почиста животна средина, а истот така ќе им помогнема на надлежните кои не можат да исчистат толку  колку што луѓето можат да извалкаат.“

Поради појавата на шумски пожари а врз основа на член 57 став (3) од Законот за шумите се воведува забрана за движење во шума и шумско земјиште од 00:00 до 24:00 часот. Забраната започнува да важи од 29.03.2019 година и ќе трае се до нејзино отповикување. Оваа забрана не важи за вработените во ЈП “Национални шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја од сите категории (Национални паркови, Парк шуми, шуми со специјална намена споменици на природата и сл).

За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.

Исто така, се известуваат сите граѓани  дека се забранува палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата, согласно член 23 од Законот за ловството и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште како превентивна мерка за заштита на шумски пожари.

За непочитување на одредбите од Законот за ловството  се предвидува глоба во износ од 1500 до 3000 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице согласно член 79 од Законот за ловството. Забраната ја спроведуваат вработените од ЈП Национални шуми, субјектите кои управуваат со заштитените подрачја од сите категории (Национални паркови, Парк шуми, шуми со специјална намена, споменици на природата и сл) кои вршат дејност заштита, МВР, Шумска Полиција, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, државниот инспекторат за животна средина и други инспекторати со слична надлежност.

Забраната не важи за движење во парк шумата Водно, Гази Баба како и за организирани тури на туристи за туристичко разгледување на шумите со стопанска намена, Националните паркови и заштитените подрачја со посебна намена во Република Северна Македонија кои ќе бидат одобрени со дозволи од соодветните субјекти кои стопанисуваат / управуваат со шумите во придружба на преставник од истите.

Битолското корзо е симбол на урбаното живеење и датира уште многу одмана, но,  иако низ годините се менувале навиките и обичаите на битолчани за променадите по главната улица, сепак корзото, кое исчезнало во многу урбани средини, во Битола постои и денес.

Голем пожар го зафати Преспанскиот регион, во делот кај туристичките населби Отешево и Сирхан, како и дел од Националниот парк Галичица. Досега пожарот зафати околу 300 хектари шума, а пожарникарите и вработени од Националниот парк се обидуваат да го спречат ширењето на пожарот и да ја заштитат викенд населбата кај Сирхан.

Конфликтите мора да останат во минатото, а да се наметнат демократски норми, рече косовскиот амбасадор Ѓерѓ Дедај при работната средба со градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска. Од неговото доаѓање на амбасадорската позиција во земјава, ова е негова прва официјална посета на Битола.

Античките локалитетити  Хераклеја Линкестис  и Пела  во Македонија и Грција, но и  уште многу други места, ќе се најдат во заедничка понуда со туристички актрактивни дестинации  во пограничниот регион, што е дел од проектот I TOUR за зголемување на можностите за развој на туризмот преку искористување на веќе постоечките ресурси.

Со свечена седница, потпишување на договор за соработка со Коломбел, Франција и други пригодни активности, општина Новаци денес прослави 23 години постоење.

„Од типично рурална општина пред 23 години, денес Новаци е општина со која сите треба да се гордееме. Таа денес претставува стопански, административен, образовен, културен, уметничнки и спортски центар. Постојано вложуваме во инфраструктура, во изградба на нови паркови, засадување на дрвја, реконструкција на училишта и градинки. Нашата општина е една од најперспективните рурални општини која интензивно се развива. Заедно со Советот на Општината и граѓаните, чекор по чекор, упорно работиме и ја градина општина Новаци“, рече градоначалникот Љубе Кузманоски.

Денеска во Битола е инаугуриран споменикот за италијанските војници на Македонскиот фронт 1916-1918 година поставен во Градскиот парк.

Од август 1916 година се до крајот на 1918, и по примирјето , околу 50 000 италијански војници  припадници на 35-тата пешадиска девизија биле ангажирани во овој регион за учество во страотната и крвава војна на ровови, дел од ужасната Прва светска војна. Тогашниот Манастир и свиокот на Црна Река биле главните места на нивната распределба, истакна амбасадорот на Италија во нашата  држава Карло Ромео.

-Тука сме на оваа свеченост да дадеме почит на италијанските војници учесници на Македонскиот фронт. Повеќе од 3 000 војници со сигурност тука загинале, на повеќе од 5 000 војници и денеска не им се знае трагата. Тоа  биле тешки и крвави години за италијанските војници. Еве после 100 години од Правата светска војна конечно го инаугуриравме овој споменик, рече амбасадорот Карло Ромео.

Наша должност е да се сеќаваме на сите загинати, повредени, исчезнати што меѓу снегот на овие планини и водата на овие реки ги жртвуваат нивните животи. Нека вечниот спомен на нивната жртва и на взаемната болка послужат како мост за пријателство и братство меѓу народите, запечатени во идеалите на мирот , правдата и слободата, беше пораката испратена од инаугурацијата.

Градоначалничката Наташа Петровска, пак, рече дека „ Битола, Монастири е градот којшто никогаш не го изгубил духот на пријателството, духот на подадената рака, духот на заедништво и чувството дека само така можеме да чекориме во еден напредок, којшто е значаен за сите нас, рече таа во обраќањето пред присутните.

ita 3

ita 15

ita 8

ita 10

ita 4

ita 6

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани