
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со меѓународни искуства ќе се изработува нова стратегија за рамномерен регионален развој во државата. Законот кој е донесен пред 10 години не ги даде очекуваните резултати, па постои голем диспаритет не само меѓу регионите, туку и во рамки на регионите.
Денес во Поштата во Ресен ќе се употребува поштенски жиг со амблемот на Фудбалскиот клуб „Преспа“ по повод стогодишниот јубилеј од основањето. Ова е еден од најстарите фудбалски клубови во земјава и деновите слави еден век постоење. Жигот е изработен и ќе се поставува по иницијатива на ресенчанецот Горан Чуруковски, новинарот Зоран Трајчевски, а со помош на претседателот на ФК „Преспа“ Зоран Милевски.
На реакцијата на ПСК „Пелистер“ за одземање на сопственоста на планинарскиот дом „Копанки“, соопштение до медиумите испратија и од Општина Битола.
Под мотото „Биди Хуман“, Васко Ковачевски, инаку актуелен директор на РЕК-Битола, ја започнува кампањата за реконструкција на Одделението за хирургија во Клиничката болница во Битола. Тој со своите најблиски, со свои средства ќе ја помогне санацијата на ова одделение, а очекува во хуманитарната акција да се вклучат и негови роднини, пријатели и други поединци кои сакаат да помогнат.
Преку проект од Програмата за прекугранична соработка на ЕУ, ИПА 2 инфраструктурно ќе се уредува пристапниот пат до античкиот локалитет Хераклеја Линкестис, а исто така предвидени се зафати за подобрување на пристапот до амфитеатарот во Хераклеја.
Чадот и лошата миризба на изгорено кои утрово се проширија низ делови од Битола најверојатно беа последица на горење на дива депонија на излезот на градот, после Светонеделските гробишта по улицата Прилепска.
Од снимениот материјал на Платформата „Земи здив“ може да се види како чади депонијата после пожар, како и тоа дека е прилично голема. Не се знае што го предизвикало пожарот.
Започна монтажата на нов систем за греење наменет за Управната зграда на ЈП „Пазари“ Битола. Склучен е договор за управната зграда, во вредност од 300.000 денари. На овој начин, раководството на Јавното претпријатие очекува во управната зграда на ова Јавно претпријатие веќе од оваа грејна сезона, да ги почувствува бенефитите во однос на економичност и заштита на животната средина.

Барањето на РК „Еурофарм-Работник“ за откуп на акциите на РК „Пелистер“, кој е под капата на Општина Битола, градоначалничката Наташа Петровска, ќе го препрати до УО на РК „Пелистер“ и до општинскиот Совет, кои понатаму ќе одлучуваат по ова прашање
