
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Електрани на Македонија Подружница РЕК Битола на сите граѓани им ги честитаат Новогодишните празници со желби за добро здравје, среќа и успех во Новата 2019 година
Вработените од Јавното претпријатие „Стрежево“ од Битола на сите граѓани им ги честитаат Новогодишните празници со желби за добро здравје, среќа и успех во Новата 2019 година
Во недела во текот на ноќта и во понеделник ќе има локални врнежи од дожд и снег на пониските, а снег на повисоките места и на планините.
Учениците од СОУ „Таки Даскало“ од Битола, заедно со своите ментори, предновогодишно подготвија настан насловен „Queen - музички спектакл со хумана мисија и љубов кон уметноста“. Познатите хитови на легендарната музичка група Queen беа интерпретирани од ученици на ова средно училиште под ментортсто на професорот по музичко образование Христијан Петковиќ. Во духот на новогодишната атмосфера, овој настан имаше хуманитарен карактер, а учениците од Еко клубот при СОУ „Таки Даскало“ - Битола, под раководство и организација на професорката Драгица Здравковска, реализираа хуманитарна акција за детски играчки и материјални средства кои беа донирани во Заводот за рехабилитација на слух и говор во Битола.
Невладината организација „Заедничка алтернатива„ во соработка со„ 22 Нентори“ и ЗУР „Македонски ракотворби“ и со поддршка на јавните претпријатија, ЈП„Комуналец“,ЈПВодовод“,ЈП„Нискоградба“,ЈП„Пазари“,Синдикатот на РЕК-Битола,јавниот локал Take Away-Food-Битола,денеска донираа новогодишни пакетчиња и средства за лична хигиена во Домот за доенчиња и мали деца-Битола.
-Членовите од невладиниот сектор беа топло примени од страна на вработените и директорката на оваа установа Елена Николовска.Настанот беше со анимација на кловнот Заги и присуство на Дедо Мраз кои ги забавуваа децата, вели за апла.мк Мирјана Алексовска од „Заедничка алтернатива“.
Битолчанката Мери Тошевска (35) која е неподвижна и врзана за инвалидска количка, не боледува од мултиплекс склероза, болест што првично и беше дијагностицирана, туку најверојатно станува збор за поврди на р’бетот.
Лицата со оштетен вид преку допир на тактилни слики може да ја почувствуваат убавината, на фреските, иконите, мозаиците од Хераклеја, како и други експонати кои се дел од постојаната поставката на битолскиот Завод и музеј. Зоран Софрониевски од Битола е лице со оштетен вид и не може да го види нашето богато културно наследство.
Пред Нова година се возеше 56-тата по ред Критична маса. Учествуваа околу триесеттина битолчанки и битолчани кои не се плашеа да возат велосипед на температура под нулата и со тоа испратија порака дека велосипед може да се вози скоро преку цела година и дека нема лошо време, туку само несоодветна облека. Најмладиот учесник на 56-тата критична маса беше малиот Михаил кој има 6 години.
Регионалната дирекција на УЈП со седиште во Битола соопшти дека досега во системот на e-pdd и само на подрачјето на општина Битола регистрирани се 33.430 граѓани.