2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

„Моето и влијанието на градоначалничката ќе го искористиме во следниот период да се лоцираат повеќе средства кои ќе се инвестираат во Општина Битола и мислам дека доаѓаат добри моменти за граѓаните на Битола. Периодот кој следи интензивно ќе разговараме кои проекти можеме да ги понудиме. Дел од буџетот за оваа година е затворен, се надевам дека со ребалансот ќе одделиме некои средства. Понатаму, сите проекти кои се подготвени ќе ги пријавиме на конкурсите за прекугранична соработка зашто до крајот на годината ќе има таков повик за соработка со Грција, а и преку средства од буџетот за регионален развој на Министерството ќе алоцираме средства наредната година, “, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски запрашан што може од таа позиција да направи за родниот град.

Несекојдневна изложба на абориџинската култура од Австралија поставена е во Фоајето на Центарот за култура во склоп на „Илинденски денови“. Абориџините се народ кои ги населувале пустинските предели во западна Австралија илјадници години , биле ловци и сточари, а познати се и по тоа што како средство за лов го користеле бумерангот. Преку изложбата е прикажан животот на еден од најстарите народи во светот и нивната култура, конфликтот со модерниот свет и преживувањето.илинденски 5

илинденски

илинденски 10

илинсенски 6

илинденски 11

илинденски 9

По завршувањето на тендерот за поставување на фотоволтаични панели на кој беше избрана фирмата изведувач „Енергом Груп“, потпишан е договорот со кој се официјализира стартот на новиот еколошки проект на јавното претпријатие „Пазари“од Битола.

Директорот Владе Атанасовски истакна дека ова е трет последователен еколошки проект реализиран во ЈП „Пазари“, откако претходно беа поставени нови лед сијалици во градскиот пазар, а во управната зграда е монтиран нов систем за греење на пелети. Поставувањето на фотоволтаичните панели на управната зграда, според Атанасовски, треба да даде придонес кон заштитата на животната средина и да ги намали трошоците при работењето на ова јавно претпријатие. Вкупната инвестиција на проектот е 1.100.000 денари.

ЈП „Пазари“ е првото јавно претпријатие во земјава, кое што ќе обезбедува електрична енергија од фотоволтаични панели.

67404250 404442350182860 5200987752283242496 n

Од Секторот за внатрешни работи Битола, утврдени се одредени злоупотреби од превозниците (физички и правни лица) кои вршат транспорт на огревно дрво до купувачите со неиздавање на испратници за испорачаната дрвна маса која е жигосана со број на печат.

Од СВР Битола соопштија дека се преземаат соодветни мерки и активности за сузбивање на ваквите појави со поднесување на соодветни пријави до надлежното ОЈО. Повеќе детали не можат да соопштат во јавноста за да не наштетат на истрагата, но сакаат да апелираат до граѓаните во оваа сезона кога зачестена е доставата на дрва да бидат внимателни. 

Битолската градоначалничка Наташа Петровска била повикана и денес дала исказ во Јавното обвинителството за случајот „Рекет“ во кој осомничени се Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милевски-Кичеец. Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција информираат дека вчера го повикале градоначалникот на Општина Карпош, а денес и Петровска да дадат исказ бидејќи се смета дека можат да помогнат во натамошното утврдување на факти во предметот.

Се конзервира минарето на битолската Јени џамија високо околу 40 метри. Проектот и надзорот се на битолски Завод и музеј, а средства се обезбедени од Министерството за култура. Поради висината на минарето, околу него се монтира скеле кое треба да овозможи безбедност за работниците кои ја изведуваат конзервацијата.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани